ја обожавам... има стварно добри модели, иако ако сакаш да купиш добра облека од таму треба да одиш на друго место(јас најчесто купувам од Грција). а понекогаш и овде кај нас може да се најде нешто интересно, иако овде ја носат ланската роба од таму
Бершка е топ според мене,посебно во Солун,во Бт носта некои модели од Бершка ама тие што се Аутлет ама сепак може да се најде по нечто...ја обожавам и е ако не па за нашиот стандард Бершка не е Прада луге многу сакам да отворат..
ама не ги носат новите модели, туку ланските. јас си купив јакна од грција од бершка, а овде ја имасе дури наредната зима... сепак има убави работи и овде
Многу го сакам овој бренд, според мојот вкус можат да се најдат стварно прекрасни парчиња облека.. Но купувам само од Солун или од останатите странски бершки никако од нашата. Можеби откако ке се осамостои нашата бершка ке биде нешто, а не ја бутнале заедно со страдивариус што е исто така бренд кој ми се допага ПЛУС заедно со некои други облеки од самата еуроазија и се тоа под име на еуроазија.. А облеката никогаш не е нова колекција се се стари аутлети што нема да се продадат во Грција па ги носат кај нас, тоа сите добро го знаат. А да не спомнувам дека и покрај сево ова, цените тука им се како да продаваат најнови колекции.. Аха да
Има убави парчиња облека ама не сум многу задоволна од квалитетот ... купив фармерки ама ич не ми се погодија бојата им падна и некако избелени се ... а другите работи се супер
Bershka, Stradivarius, Pull&Bеаr, Zara - иста групација и Бершка најмногу заостанува со квалитетот зад нив, но - го сакам брендов. И покрај тоа што не им е се вистински квалитетно, може да се најде по некоја црна овца меѓу нив Многу оригинални парчиња облеку сум си купила токму таму. Такви кои ги дистрибуираат по продавниците и за недела - две ги тргаат. И секогаш кога сум си рекла оп стоп! мое е, не сум погрешила. Навистина. Две јакнички кои ми се од таму, ми се толку омилени а толку несекојдневни, и баш оригинални. И токму тоа ми се допаѓа, што навистина се трудат да направат уникатни дизајнерски парчиња кои не ги гледате секаде. Плус цените се пристојни а најпристојни се за време на попустите. Чевлите кои ми се од таму ми се многу удобни и квалитетни. Едни салонки ги утепав од носење а и доста е висока штиклата а сепак се чуствувам во нив како во папучи. Имаат и доста младалачки, тинејџерски парчиња, но таквите не ме интересираат баш. Најмногу го имам удрено меракот на кожните јакни, преубави им се. Всушност сите кои ги имам ми се од Бершка, или палтенцата. И секако аксесорајзот - знаат да одлепат по некоја луда боја и тогаш мене ми светкаат очињата
Mi se dopaga premnogu no ovaa garderoba sto se plasira tuka vo Makedonija , i vo ostanatite drzavi ne e ista t.e sakam da kazam deka kvalitetot zaostanuva i toa mnogu imam farmercinja od tuka i farmercijna od Italija nikako ne e isti kvalitetot isto taka i so ostnatata garderoba od Bershka, sto ja ima vo Makedonija , za razlika od ostanatite drzavi ... inaku garderobata sto ja nudat e extra sekogas imam po nesto od nejze [mod-kirilica:1ulb8o31][/mod-kirilica:1ulb8o31]
Ми се допаѓа Бершка како бренд, имам купено многуу работи, маички, џемпери, фустани, кошули.... Убаво изгледаат кога ке ги облечеш...мн убаво се чуствувам (ко што вика мајка ми, ти да ги носиш, не они тебе хехе)..... Сега што ретко ми се пружа прилика да појдам во соседните земји на шопинг, задволна сум и од наша Евроазија.... поубаво нешто-отколку ништо!!!!
Сум била само во Бершка во Скопје и не ми се допаѓа затоа што облеката не е по мој вкус, не е некоја марка од една страна (со шо воопшто не се ни замарам), сепак не е ни ефтино. Можеби надвор од нашава државичка Бершка нуди нешто подобро.
Имам една маичка од Бершка ама не е нешто посебно. Имам разгледувано и многу работи, но некако не се по мој вкус
Нуди само понова колекција, а колекциите речиси се исти, со тоа што најдобрите парчиња не стигнуваат до аутлет. Плус кај нас има колекции од пред 5 години што се дел демоде, па сето тоа на купче изнафрлано ич не изгледа средено. А бев денес во Евроазија т.е аутлетот на Бершка и Страдивариус и памтејки ја робата стигната е ланската роба од Бершка. Па ако ви се допаѓало некое парче лани од Солун или од други места кај што сте гледале одете може ќе најдете. Јас ги најдов чизмите на другарка ми што на попуст ги зема пред 9 месеци околу 25 евра, епа лејдис&џентлменс тука се 2500 Бершка ми е доста слаба со квалитет, многу се тенки работите, баш како што вика татко ми парталчиња. Имам блузички памучни летни, кошулки, рамбовки и се тоа зашто се со многу прихладна цена за 2-3-4 евра. Џабе. Фармерчињата им се добри и јакничките. Имаат убави чанти и накит џиџан убав и доста ефтин за попуст. А чевли имам едни и ич не ми се удобни мене бар моите. А стално си купувам партачиња кога одам на шопинг зашто се погодени за мојот џеб и тоа е пресудно
мене фустанчето за полуматура ми беше од таму и е многу убаво...и не беше многу скапо околу 1300 ден беше мислам...ама не ми беше од Македонија туку сестра ми ми го купи кога беа на екскурзија од Италија или од незнам каде.
значи бершка и страдивариус во евроазија шо има -стварно има и убави работи со пристапни цени а има и некои изгор ептен.. ми збореа дека носат од грција нешто што било модерно пред 2-3 години... незнам колку е точно али секогаш коа идам во гтц продавницата си наогам убави ствари али ми се деси да зеам маица и да ми се скине после машина... зависи кој како начекал
Аутлетот не носи ни пола роба од Бершка, а и тоа што се носи тука се престари колекции. Сестра ми си зема една јакна пред 2 години за смешна цена од 400-500 денари на попуст во Загреб, а зимоска истата јакна тука беше 1500-2000, не се сеќавам точно. Стари колекции, а набилдани цени - тоа е тоа што ме нервира. Инаку не ја преферирам Бершка, повеќе ми се допаѓаат работите на Страдивариус, иако и во Бершка понекогаш си наоѓам нешто по вкус. За квалитет, не знам дали мене ми се погодиле работите, ама имам и маички стари по 2-3 години, а се како нови.
Имаат голем избор, ама не им е квалитетот нешто посебно (барем овде, во Мк, за за странство не знам). цените се пристапни, иако за тој квалитет кој го нудат можеби и малку превисоки. Баш бев вчера, преплавено е со жолто-портокалева гардероба.
Има пребави работи и се што имам купено досега е со одличен квалитет. Најзадоволна сум од фармерките, скоро сите ми се од Бершка, одлични модели, одличен квалитет а цената не е толку висока. Штета што во Македонија се носи само стара гардероба....јакна која лани ја купив во Солун дури сега ја видов во Скопје и тоа по повисока цена
сеа си тепам еуро азија, порано ич само сакав да ве прашам дали пантолоните на сите толку ви се растегнуваат или јас сум ослабела? иначе ок се, сум чула и јас дека се стари колекции, некогаш се наоѓа добро нешто
Не знам баш како мислиш дали се растегнуваат...Но, по едно-две облекувања и мене панталоните ми се рашируваат малку . Па ги перам и си се стеснуваат . А, што ако се стари колекции, сепак кај нас се нови, невидени досега