Бершка ми е во истата група со Pull&Bear, Stradivarius и Zara. Имаат многу убави колекции за многу пристапни цени, така да можам да си направам убав шопинг без да отидам во банкрот. Често купувам и од нашата Бершка, ама не може да се спореди со тие во Солун или Белград. Има многу обични крпчиња, а многу набиени цени. Пред некој ден си купив многу убави џемпери за 600 ден. од Будимпешта, нова колекција што кај нас се наоѓаат по цена од 1200 ден. Сега си го чекам февруарскиот попуст и правец - Солун, не планирам овде да плаќам тродупло за облека од пред 3 сезони.
Да ви кажам право јас Бершка ја открив пред релативно кратко време, зашто порано повеќе купував од други продавници и не и обрнував толку внимание. Искрено, не сум нешто 'уау' одушевена од облеката што ја нуди Бершка ама не е ни лоша, може да се погоди некоја колекција што воопшто не ми се допаѓа (нешто како оваа ) а некоја кога ќе влезам во продавница и после не ќе можам да излезам. Често имаат интересни младалачки работи, а најмногу ми се допаѓа летната гардероба. Е сега се нервирам што колекциите кај нас стигнуваат по 2-3 години, додека во Солун и на други места ги имало ехее, од кога. И плус, кога ќе стигнат тука цените им се толку напумпани ама среќа што често даваат попусти и не ги држат цените високи многу долго време. До сега ми текнува дека имам купено една летна маичка од Бершка, мислам дека имам купено и уште нешто друго ама не можам да се сетам во моментов. Се на се, продавницава може да понуди нешто интересно од време на време, ама и квалитетот и гардеробата не може да се спореди со онаа што е во Солун, на пример.
Денеска во мојот град се официјално се отвори бутик кај што има парчиња од Бершка ...Што да кажам...конечно . Многу беше ладно вечерва и неможев да отидам да видам што има ( а сигурна сум дека има интересни работи ) па затоа утре не ми бега..секако ќе отидам . Среќа што сеуште немам купено фустан за роденденот па , еве прилика
Робата што ај има кај нас е стара една година..а може и повеќе..јас лани бев во шпанија и си се изнакупував..се беше по 2-3 евра..а истите тие работи ги видов кај нас дури ова лето и многу поскапи беа
Дефинитивно еуро-азија претеруваат со цените.. се е тоа стара колекција која овде ја продаваат како нова. Јас лично носам за бутици бершка блузи и џемпери , и реално цените им се до 500 денари максимум.
Темата Сакам да прашам е заклучена..па ако може некој тука да ми каже каде се наоѓаат Bershka,Pull&Bear,Teranova,Tally Weijl, Stradivarius euro-azija во Скопје ??
Теранова е во Сити Галери на плоштад, Бершка и Страдивариус има само во Евроазија, која е во ГТЦ(исто плоштад), на втор спрат Тели Веил нема веќе, а ни Пул&Беар.
Мхм! Најубави работи имаат според мене,поточно јас лично можам да си најдам секогаш во секое време по некое парче убаво. А за цените,па варираат и височки и ниски има Ама вредат до ден денес имам работи од бершка,а купени од пред година и нешто и уше ништо не им фали
Последен пат кога бев во Бершка ништо не најдов а тоа беше пред 2 или 3дена и немаше ништо т.е јас ништо не најдов btw не сум мн задоволна од бершка
Прв пат во Бершка влегов во Милано. Што знам, одамна беше, ама па тогаш ништо не ми фати око (и не си купив ништо), а богами и сега не е ништо поразлично. Ама секоја чест за хеланките и фармерките. Од Евро Азија само тоа купувам, ама па многу им се качени цените за разлика од оние на Бершка.
Е, лош feeling е кога на сред Милано ќе влезеш во Бершка,а околу тебе све вришти од брендови!Како и да е, ќе си ги пуштиш нозете колку ти е долга чергата нели? А, за Евро Азија?Ма, катастрофа!Многу ретко таму влегувам,ама пред некои 6 месеци таму си ги видов фармерките што пред две години ги купив од Бершка за 20 евра во full сезона.Таму после толку време беа 1800 денари!
Да не се разбереме погрешно, во Бершка таму влегов само затоа што продавницата се прочу и кај нас, па чисто ме интересираше што имаат да понудат. Исто и за Зара. А не дека не ми течеа лиги по излозите на Louis Vuitton и Prada За она со чергата немаш грешка
Кај нас робата од Бершка и Зара пристига со најмалку една година задоцнување. Претпоставувам дека собираат што останало после попустите и ставаат набиени цени. На пример, во август во Солун купувам кошулче за околу 5 евра и после цела година ( а може и две) го гледам во дуќанине на Евро Азија за 1500, па потоа демек намалено на 1000, и по една година ми се чини стигна до 800,ама до реалните 300 денари никогаш. И кој не шета на страна не сфаќа колку заработуваат препродавачите на нашата неинформираност. Инаку што сум купила од Бершка не е од лош квалитет. За таа цена е топ.
lele devojki mi se dopaga berska, prv pat vlegov vo Milano letoto se zaljubiv vo parcinjata obleka, potrosiv celo popladne razgleduvajki i kupuvajki, sega ziveam ovde i navistina vo berska naogam mnogu ubavi raboti po niska cena..posebno koga sega pocnaa popustite
Сакам оргинална продавница во Скопје! А не ова шитов што го носат. Нема Бершка продавница во Скопје, има Бершка парчиња од пред 2-3 години во Еуро Азија.
Од мене имаат пофалба за квалитетот и удобноста на чевлите Само Бершка досега ми овозможила да носам штикли 13.5цм и притоа да не осетам ниту најмала болка цела вечер помината во играње.