1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бескрајна Приказна (Михаел Енде)

Дискусија во 'Книги' започната од joelle, 5 март 2012.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Кога луѓето ме прашуваа која ми е омилена книга никогаш не знаев што да им одговорам.Секоја книга ми беше посебно убава имаше свој шарм, ми беше како свое чедо.

    Како да кажеш кое чедо најмногу го сакаш?

    Но сепак, денес имам одговор на ова прашање(или само така ми се чини). Оваа книга за мене претставува нешто посебно, нешто што неможам да го опишам. При самото земање во раце ме обзема возбуда, кога мислам на неа едноставно се чуствувам среќно.. чудно но вистинито.

    Иако некој би ја ставил во детски книги сепак мислам дека е поучна приказна и за возрасните.

    па споделете, како вие ја доживеавте оваа книга, дали само мене ми остави толкав впечаток па ја читам одново и одново со години или имаше и кај вас таков ефект? дали би ја препорачале ?
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    Баш сега ја читам :) Мене ми е многу убава. И баш необична. Кога ќе ја дочитам, ќе пишам нешто повеќе за книгата.
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    И јас имам такво чувство кога ќе се сетам на книгава. Ми ја разбуди фантазијата, се сеќавам на многу детали, а ја читав можеби пред 6-7 години. Се сеќавам на Бастијан Балтазар Букс, на неговите изгубени соништа кои ги бараше во рудникот на Јор(?), се сеќавам на Ништото, на шумите и чудните суштества што ги сретнуваше Балтазар по патот.
    Убаво што ја видов темава, ќе ја најдам пак да ја читам книгава.
     
  4. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Убава е книгата,мене ми остави голем впечаток,јас ја имав за лектира и се сеќавам дека ја читав преку летото и ја профитав,буквално за еден ден :D Онака додека ја читаш,едноставно се губиш,е малце детска,ама сепак убава за читање. :)
     
    На DemoNN му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DemoNN

    DemoNN Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ќе може некој на кратко да ми ја раскаже книгата, ве молам... ;)
     
  6. saraaaa12

    saraaaa12 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Ај некој ако можи да ми го раскажи, расказот Бескрајна приказна за состав ми е, а ако го раскажам јас ќе имам 2 треба со стилски фигури, ве молам, pliss.
     
  7. Iva1n

    Iva1n Нов член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ве молам ако може некој да ми напише состав или есеј за Бескрајна Приказна (Михаел Енде)
    И за Верни Другари Соња Север
    ве молам некој да ми напише Фала однапред
     
  8. cute-32

    cute-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    346
    Баш сега ја читам и многу ми се допаѓа :)