Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бесплатен јавен превоз за студентите и средношколците од приватните училишта и универзитети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ajronmen, 17 август 2023.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Значи пишав убаво, да ја добијат само оние на кои им е реално потребна а не сите. За некои 1500 се многу а за некого не се ништо. И јас кога бев студент си плаќав, 1000 денари беше, не ја даваа бесплатно. Пензионерските месечни се по 300 ден. ама некој ни толку не дава туку прави гужви во вторник и четврток. За да биде претпријатието средено мора да има и прилив на пари. Неможе пола луѓе да се возат за џабе па да очекуваме којзнае каква услуга. И тој што работи за минималец реално нема пари ама мора да си плати. А имаш студенти што имаат многу повеќе од него. Само живееме у држава каде секој сака нешто да добие џабе и да искористи без оглед на тоа колку има.
     
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    За студенти има некакви посебни бенефити во државава. Јавниот превоз што е бесплатен, уште тоа да ни го скратат.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Во секоја развиена држава секакви групи на луѓе имаат субвенциониран превоз, особено студенти кои другите држави многу си ги чуваат за разлика од овде. Дури и држави кои имаат политики за зачувување на животната средина даваат ефтини карти за да подржат возење до јавен превоз.

    Не може само во Македонија тоа да падне на грб на граѓаните и студентите само затоа што државата не сака да го финансира јавниот превоз како треба.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Јас кога студирав не паметам да имаше било какви олеснувања, имаше студентски месечен билет кој чинеше 1000 денари, малку поевтин од оној за останатите. Реков, нека има но за загрозени категории кои навистина неможат да си дозволат билет. Тоа си е мој став. Не сакам јас ем да плаќам ем пак да не добивам соодветна услуга само затоа што половина од оние кои се возат не платиле па претпријатието едвај функционира.
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Леле пак истиот муабет "у мое време".
    Баш зашто во ваше време немало олеснувања, треба да сте поддршка на денешните студенти.
     
    На noteforself, Mazegin, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Сакам да им се помогне на оние кои имаат потреба од помош. Ама не се сложувам да се вози за џабе некој кој има повеќе од мене. Дали бил студент или пензионер не ме интересира. Подобра опција е да се намали цената на картата ама таа карта да ја купуваат сите до еден. И да има строги и високи казни за тие што се шверцаат.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Еве јас дур студирав бев со стипендија и плус од моите имав. Да требаше, ќе можев да си дозволам месечна карта, не било зорт за пари. Ама зашто па како студент да немам никакви бенефиции?
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Ако е така ајде сите да не плаќаме. Сите сакаме бенефиции. Ама едно се нашите желби а друго се можностите. У ЈСП шоферите едвај плата земаат. Затоа подобро е сите да платиме па да добиеме функционален јавен превоз.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Оти студенти треба да имаат бенефиции.
    Тоа што државата повеќе ѝ е гајле за дебелиот гз на Маричиќ него за ЈСП и остали работи, не е проблем на студентите.
     
    На poi и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    И градот и државата немаат доволно пари.
    Заради тоа бесплатен превоз за сите е нешто невозможно.
    И тие што веќе бесплатно се возат, се товар. А, платите на шоферите се помали од порано и едвај ги добиваат.
    Секој сака да користи, ама не размислува дали е остварливо.
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Маричиќ и сите тие како него се друг голем проблем кој сега не е тема на разговор а има многу што да се каже. Во врска со јавниот превоз, тоа е мој став и не ме интересира дали на некој му се допаѓа или не.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Па јавен превоз не треба да имате бесплатен. Извинете, но тоа не е изводливо.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Не ми одговори, како 1500 денари е евтино за она што го добиваш со ЈСП како претпријатие, но и Скопје како град.

    Па во Минхен беше 70-80 евра, што споредено со платите, пак е доста поевтино, а имаш 3-4 типови на превоз, генерално се чисти, и не каснат/пропуштаат станици како што тоа е случај во Скопје.

    Тоа ми беше поентата, споредено со платите колку чини нешто. Едно кафе што го пиеш за 100 денари, е поскапо од кафето што би го испил просечен работник во Минхен, а ќе го плати 3-4 евра.
     
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    12.727
    Пол:
    Машки
    Поради тоа шо има бесплатен превоз за студенти и средношколци, државата се осиромаши и е во економска криза. :rofl: :rofl:
     
    На poi, Mazegin, Srckata28 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Непопуларно мислење ќе биде моево, ама не гледам апсолутно никаква дискриминација.

    Ако имале 1600 евра да платат за приватно образование, чисто се сомневам дека ќе немаат 1600 денари за месечна автобуска карта. И со стипендија да се, пак е евтино 1600 денари месечно.

    Во останатите градови неситуирани студенти трошат дупло повеќе за такси за до државни факултети па никому ништо.

    До душа, не знам зошто се бунат воопшто кога 80% од нив се мамини мази и секако нема да се возат со јавен превоз, ама ај.
     
    На Ajronmen и Mrs. right им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Па имаме веќе, значи е изводливо. :D
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    И патарини плаќаме сите па ене Кичево-Охрид 10 години го "градат".
    Така што не е до парите, како да ви се каже.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.313
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Не би треба да е бесплатен превозот за оваа категорија студенти и ученици.
    Они зарем дојдоа до дереџе во јавен превоз да се возат абе ајде.
    Има исклучоци и меѓу нив да ама на повеќето испод чест им е у бус да се качат, така што не го ни користат ова превозно средство нешто многу.
    Добро рековте погоре, штом имаат они за да плаќаат толку високи школарини не им е воопшто проблем превозот.

    Дискриминирани биле?
    Еве и тие со стипендии што се, можат да одвојат дел од парите за превоз, не е до толку па и скапо ептен па да не можат да си приуштат, барем тие се во каде каде подобра ситуација и од невработените кои не се студенти па и од вработените кои се едвај на минималец или практикантите или волонтерите и ај сеа да бараат и они бесплатен да е превозот, се снаоѓаат како знаат.

    Да рамниме студенти на државен универзитет со овие на приватниве, не ми иде, па и оние "обичните" деца, што не се богати, зашто нели они се со стипендија обично.

    Ама добро, за што све не се трошат пари, на тотално беспотребни и неоправдани работи и си го пунат политичарите џебот цело време, за ова ако се фрли пара милион пати покорисно е, ако решиле нека спроведат ама дека е до толку итно и најпотребно, мислам дека не е.
     
  19. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Не е дека учениците/студентите во приватни институции имаат поголеми финансиски можности од другите. Велите дека 80% секако нема да се возат со јавен превоз. Добро, значи нема да се на никаков товар на државата. Но што е со останатите 20%? Приватно образование не значи мамина маза за сите.

    Е еве сега јас да ви кажам од мое лично искуство. Учев во приватно средно училиште и не, не плаќав илјадници евра школарина бидејќи имав целосна стипендија како талентиран ученик. Не ми беше проблем да плаќам 2 илјади денари превоз, но сепак е непланиран трошок. Се запишав во приватно училиште поради подобри услови за дообразување и се разбира, поголем напредок. Но во текот на тие 4 години се осетив многу пати дискриминирано. Моите државни и меѓународни дипломи вредеа 0 за државата која секаде ја претставував. Бев лишена од одредени стипендии и сите, ама баш сите субвенции кои останатите средношколци ги добиваа. Зошто да немам право на субвенционираш училишен прибор, или картичките купи македонски? Моите родители не се милијардери, земаат нешто ситно повеќе од минималната плата и пак се трудеа да ми овозможат многу. Не зависев од тие неколку илјади од државата, но се осеќав предадено од мојата родна држава.

    Ученици, студенти мамини мази има и по државните институтиции, и тоа многу повеќе од оние во приватните. Ама никој не сака да зборува за тоа.

    За приватните универзитети често се сомневам дека имаат некои подобри услови, но сепак не треба да се дискриминирани тие студенти. Секој избира нешто со некоја причина, а не секогаш таа причина е чаламење со парите на мама и тато. Да не заборавиме дека има и студенти кои сами се школуваат, а и дека и државните универзитети ни коштаат изгор пари (не се бесплатни како во повеќето држави).

    Широка тема, уште поширока опција за рааправа. Но мојот краток одговор е ДА, сите студенти треба да имаат исти права.

    Кога можат пензионерите да уживаат во многу задоволства, зошто да не може и младата фела која впрочем е иднина на оваа држава?!
     
    На Biljarkata и RespectAndObey им се допаѓа ова.
  20. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Со самото тоа што си прифатила да учиш во приватно училиште, свесна си била дека не ти следува ученичка/студентска карта за возење.

    Значи заради тоа што си избрала подобри услови за личен раст и развој, го жртвуваш превозот, односно 2000 месечно. Иако мислам беше 1000, па 1300 па 1600.

    Заради 10 студенти кои не можат да си дозволат превоз, не треба да имаат сите. На крај краева, си можела да се префрлиш во државно училиште за бесплатен превоз. Ама тогаш немаше да ги имаш условите како во приватно, нели?

    Значи ако сакав јас да не одам едниот до другиот крај на градот за да учам во една од топ 3 гимназиите во Скопје, требаше да се запишам во стручно средно, и да немам никакви услови, да бидам под стрес секој ден ради багабонтите кои учеа во неа.

    Ама си реков дека нема да се запишам во најблиското училиште, и тепав секој училишен ден по 40-50 минути во правец. Станував во 6 и 30, се враќав во 14 за прва смена.

    Мора жртва некогаш, нели?

    Не е баш ист примерот, ама кога ги знаеш условите, ги прифаќаш или ги одбиваш. Ако не и студентски попусти и оброк нека им следува на тие што се во приватно.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.