Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бесплатен јавен превоз за студентите и средношколците од приватните училишта и универзитети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ajronmen, 17 август 2023.

  1. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Иако темата е само за превозот, т.е. со акцент ја ЈСП, јас го искажав моето искуство општо.

    Не сфаќам како тоа да барам подобри услови за мојата иднина треба да биде жртва од моја страна. И јас сум ѓраѓанин на оваа држава, и јас сум иднина на државата. Епа затоа младите заминуваат, ради таквите со мислења како тебе. И потоа цимолите власта вака прави, народот онака.

    Студентски попуст и оброк викаш, а? А ние што студираме на државно па еден попуст што имаме, а за оброк да не зборуваме. Да, им следува оброк. Услов е да не си вработен. Познавам што земаат оброк и затоа не ми е сфатливо зошто да не им следува бесплатен превоз.

    Има денови кога пензионерите се возат бесплатно, но никој не зборува дека тие се терет на државата. Автобусите и онака возат по цел ден, мислам дека неколку души повеќе да стежнат нема да наштети.

    Во секој случај, широка тема за дискусија и невозможно е да се искажат целосно ставовите. Ама не зборувајте после бегале младите... :)
     
  2. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Па секогаш за подобри услови треба да се бориш. Во некоја држава, условите се на многу повисоко ниво, па помалку жртвуваат. Кај нас таква е ситуацијата. Жртва правиш во било каква форма, дали е тоа со повеќе учење, дали е тоа со повеќе патување, повисоки трошоци и слично. Си се жртвувала да учиш, си добила фул стипендија. И сега проблем е за 1500 денари месечно? Ако е проблем, тогаш си имала опција твоето учење да го продолжиш во државно училиште, Не знам зошто сѐ сакате да ви е на тацна. И приватно училиште, и бесплатен превоз, и студентски оброк, попусти, сѐ да имате? Пензионерите се на терет на државата, и тоа треба да се смени. Треба да има повеќе бенефиции за студентите и учениците, ама да биде тоа подеднакво распределено. Не ми е мене логично, ученик/студент на приватно училиште или факултет да има исти бенефиции како тој на државно. Доволно е што веќе има подобри/понормални услови за развој, иако рака на срце, тој/неговите родители ги плаќаат.

    Сакаш подобри услови - плати си. Јас не можев да си дозволам подобри услови, а и не бев некој одличен ученик, па работев/учев тоа што го има за сите.
     
  3. Pitulica

    Pitulica Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    104
    Сакаш да кажеш дека само тие што имаат финансиски сретства за подобри услови заслужуваат подобри услови?
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Ама не знам зошто пишувате како студентите на државни факултети да едвај сврзуваат крај со крај кога тоа е скроз неточно бидејќи голем дел се богати богати? Ако веќе се збори за еднаквост тогаш не треба ни сите студенти да добиваат иста сума стипендија и оброк.
     
    На theowndemon и poi им се допаѓа ова.
  5. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Јас сметам дека за никој не треба да има бесплатен превоз.
    Ни за пензионери(зошто??), ниту за студенти.
    Да се намали цената на картата за сите би било идеално.
    Студентите таа карта најмалце ја користат за на факултет.
    И што е со студентите што студираат надвор од Скопје? Треба патни трошоци да им плаќаат за да биде фер и да нема дискриминација?
    А веќе ако има за државните, апсолутно треба да има и за приватните. Ептен е генерализирано да се посочува дека тие од приватните се богати, а тие од државен крај со крај скрпуваат. Врска нема. Тие богатите секако со јавен превоз не се возат, ни од приватен ни од државен, а со тоа нема да се товар, па затоа не гледам проблем.
     
  6. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Многу кратко и јасно.

    Јавниот превоз е државен и е субвенциониран од сите граѓани што плаќаат данок на оваа држава. Не се тоа приватни пари, па некој според желботека и ниски страсти да одредува кој може, а кој не може да се вози бесплатно со јавен превоз.Така да, тој јавен превоз треба да биде достапен и за државните и за приватните школи. Мислам бесплатен.

    Богатите луѓе повеќе плаќаат данок и повеќе допринесуваат за државата и колективот преку разни форми и начини.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    И повеќе затајуваат данок и перат пари ама ок :D
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Во Шведска и одредени скандинавски земји нема бесплатен превоз за студенти и ученици. Сите плаќаат од пензионери до ученици. Учениците и студентите плаќаат пониски цени на 30 или 60 дена. Сите студенти имаат идентитетска студентска карта која се вика Mecenat Card и со тоа добиваш попуст на билети.

    Значи нема бесплатен превоз.
     
  9. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    И највеќе допринесуваат за полнење на буџетот и кревање на бдп. Во Македонија немаме богати луѓе. Имаме транзициски силеџии и битанги што разграбаа државен имот бесправно. Во нормални земји богатите луѓе највеќе се вреднуваат, затоа што и највеќе допринесуваат во општеството.
     
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Кога ќе имаме и плати и трошоци како во Шведска, споредувајте и другото со Шведска.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Изборете се да имате стандард, пари, живот, квалитет како во Шведска. Сите сте индиферентни и аморфни за било кој проблем во државата (освен ако не ве тангира вас лично) а очекувате дека работите ќе се средат самите од себе.

    Жртвувајте од вашиот комфор и од вашето време за повисоки цели ако сакате успех. Познат ми е тој фетишизам на народот во Мкд кон сиромаштијата. Вечно богатите се криви за нивната сиромаштија и богатите треба да плаќаат за нивниот неуспех во животот.
     
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    И докториве кога прават грешки сигурно требало пациентот да им каже како да работат, не се они криви.
    А видов со свои очи како работат едни богати.;)
     
    Последна измена: 25 август 2023