Утре (01.10.2011 - сабота) во Скопје во градскиот парк (кај школката) од 11 до 14 часот ќе се вршат бесплатни вакцини против беснило на кучиња и мачиња. Досега во Македонија се забележани 4 случаи на беснило (кај лисици и волци) па затоа утре ќе се спроведе акција за бесплатни вакцини против беснило кај кучиња и мачиња. Секој што сака кучето или мачето да му биде вакцинирано против беснило, нека дојде утре во градскиот парк од 11 до 14 часот.
01.10.2011 (сабота) - Бесплатни вакцини против беснило Беше некој денеска во парк ? Јас не отидов бидејќи нема апсолутно никаква потреба куче кое што живее во град да му се става вакцина против беснило. Вакцина против беснило е препорачливо да се стави доколку кучето често го шетате по планини или ако со кучето се оди на лов, затоа што во таквите места може да се случи да се појави лисица и да се здават со кучето и затоа е добро кучето да биде вакцинирано против беснило.
01.10.2011 (сабота) - Бесплатни вакцини против беснило Моите ги однесоа кучето и мачето, ама немало ништо. Се било заклучено и затворено, па се вратија. Зборувам за Велес ова. Не знам која е поентата да се изрекламира нешто толку многу, да се прават кампањи, а потоа да нема ништо. Нема животни само во Скопје, нели.
01.10.2011 (сабота) - Бесплатни вакцини против беснило ни јас не бев од истата причина што ти ја кажа
01.10.2011 (сабота) - Бесплатни вакцини против беснило Jaс моето куче си го вакцинирам превентивно, барем знам мирна глава, има 2 ипол годинки пред 6 месеци прв пат го вакциниравме. А еве гледав на телевизија и читав дека се одвивал во Скопје во Градски Парк. И во Велес да не се одвивала во паркот вакцинацијата а ти како што кажа Дози затворено вајда сте биле во ветеринарната болница? Ова претпоставка не знам. Но имаше беснило во околината на Велес, не е лошо да се оди на вакцинација.
01.10.2011 (сабота) - Бесплатни вакцини против беснило Ахххх дури сега ја гледам оваа информација и криво ми е што не отидов , али ништо страшно, ќе дојде ветеринар и ќе го вакцинира мојот мачор...
01.10.2011 (сабота) - Бесплатни вакцини против беснило Јас не отидов. Си има ветеринар ќе си го вакцинирам таму кога ќе треба...
Моето куче е многу бесно. Кога и да види некој човек веднаш го каса. Морам да го носам на вакцина,ама не знам кога, многу сум зафатена. Поздрав
Маци се надевам ќе најдеш време и ќе го однесеш, добро е да си има примено вакцина. Следен пат кога ќе има бесплатни вакцини против беснило ќе бидете сите известени во темава.