1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бесрамни (Shameless)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од glow, 18 јануари 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Серијава е луда. Мојата нова зависност. Ја изгледав првата сезона во еден здив и од утре почнувам со втората. Сите се кој од кој, со своите мани и доблести, ама не може да не се приврзе човек со ликовите. Страшно добра серија, не знам како не сум ја гледала до сега.
     
    На glow и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ^ Еее конечно уште некој да ја гледа серијава на форумов освен мене и Глоу која се изгуби некаде. Како и да е мило ми е што почна да ја гледаш серијава, ќе видиш и понатаму е доста интересна и пред се забегана.
    Инаку новата сезона односно 4та сезона ќе почне дури наредна година кој ќе чека до тогаш :(
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Да, видов. Некако многу малку епизоди, а долго времето за чекање. Стварно не знам како не сум налетала на серијава, а никој ми ја нема спомнато да ми рече, еј глеј ја серијата топ е. :^)
    Фиона ми е најдобра, ептен ми е карактер, не е мала работа да водиш сметка за толку деца, за пари, за куќата...Жал ми беше Стив кога замина, ама се уште има надеж во мене. Изгледав три епизоди од втората сезона и интересно се движат работите. Само не ми се свиѓа онаа Јасмин како ја завлекува.
     
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ииии конечно почна 4та сезона, иако првава епизода како што видов е испадната една недела порано :D

    Ептен луд почеток како и секогаш. Децава пораснале, посебно девојчево Дебиа, па уште и невиноста сака да си ја продаде, бре бре. Фиона со шефот си одговараат како пар, само што сакам побрзо во серијава да се врати и Џими, ми фали :wasntme: Ептен ми падна жал за Шила што е сама во куќата, треба да се пресели кај овие Галангер бидејќи и онака по цели денови им чисти по дома. Френк е смешки со новиот начин на внесување на алкохол, што нема да им текне :D Лип неверувам дека ќе продолжи да студира, сигурно брзо ќе се врати дома. Ви е трудна баш убаво :)

    Интересен старт на серијава како и да е :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    И јас ја изгледав недела однапред, не ми се чекаше.
    Ви по сите перипетии остана трудна. Хах. Не разбрав убаво, што ќе биде со бебето од мајка и? Знам дека она не го сака, ама Кевин рече дека ќе имаат две бебиња, се израдува кога му кажа.
    На Фиона и фали нешто во врскава со шефот, сексот им беше чуден...
    А Деби... Треба да се собере малку. Иан ми фалеше. И Лип којзнае што ќе направи, не сакам да се откаже, ама мислам дека нема да издржи.
    Нова сезона, јеј, конечно. :)
     
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Почнав и јас да ја гледам ама сум на скромен почеток 7 еп од 1ва сезона ама ке наваксам мнн скоро се надевам ...
    Глумците се одличнии
    идеа забавна ...
    те држи без текст ...
    сакамм да не ја усе*ат само со текот на времето ...
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Отидоа сите во бестрага. Да не се вратеше Лип ќе се распаднеа. Фиона... Ах брее, ептен се разочарав, иако знаев дека не може да биде среќна во таква врска и ако оди се како подмачкано, си сака она поинаков вид на момци, се виде тоа веќе. Ајде Френк нека цркне веќе, досада жива. А Лијам сиромашкиот, изгледа нема да биде се како што треба.
    Обновена е за 5та сезона, ептен се израдував. :)
     
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ^^^јас исто се изнервирав мнн со последната ЕП како можеше не ми е јасноо .. плус ЛИП мислам дека не му требаше онаа реакција која ја направи...
    Речта која му ја кажа на„бившиот“ за она дека била со брат му зош не можела да поверува дека има номално дете до ное... мислам дека бешсхе интересно до РЕАЛНО... Фиона заслужува најдоброто ама секогаш упропостена од изборот!!
    Нешто кое ме нервира е дека сите пораснаа осен ЛИАМ мислам дека нема смисла со тоа !!!
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    И јас се израдував кога видов дека ќе има нова сезона, неможе да завршат со оваа сезона нема шанси :D

    Френк и на мене ми е досаден, дури и ќерката негова, заборавив како се вика, и таа ми станува досадна покрај него. Лип од секогаш ми бил најстабилен и мислам дека он може да има нешто со девојката на цимерот негов. Иан редно е да си дојде дома
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Фионааа , Фионааа која ли животна сторија ја има !!!
    како може се неа да ја затепа не ми е јасно !!! момент на убавина 100000000 пати го плаќа назад ... една минута да и е убаво 1 година и се дешаваат лоши раб...
    Се радувам дека го изнесооа едногласно френ и кéрка му надвор од куката ... фала му на господа дека нема да има уште такви фаци за гледање бар не за Фиона ... Лип 100% ке спие со „цимерицата“ просто му е во крвта .. Лиам не е ретардо само си е Галангер како Карамазовите ПРИРОДНО ЛУД!!!
    Иан мислам дека е отиден ама далеку со дрогата или у армијата му се десило некое чудо кое нема како да се заборави...Сакам Деби да се врати со она нејзиното мило и фино однесување не ми одговара ова „курвинското“ чудо
     
  11. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    За разлика од вас јас покасно ја открив серијава ;)
    Ама пак затоа сите сезони ги изгледав и сега чекам епизода по епизода да излезе :D
    А во меѓувреме ја загледав и британската, и таа е мн смешна,
     
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку е луда серијава :D

    Шила очајна за да се мажи, ете ти го сега Френк земи си го. Знаев дека нешто нема да е во ред со тој ,,докторот", туку така се пресадувало некој орган. И таман помислив ќе се спасиме од Френк, му најдоа донатор. Неможе серијава без него, неможе :(
    Ми беа интересни децата со колата, девојчето Бони е таман за Карл. :D

    До крај на сезонава има уште две епизоди само, кој ќе чека после до догодина...
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Леле умрев од смеење кога испадна дека не само што не му пресадиел орган, туку и му извадиле еден. :D :D Ама ај, ете, ќе го спасат. Не се дава Френк бе, го грабна животот за последното конче и не го пушта. А онаа лудана Шила ќе се мажи оф бреее... Едно дете изгледа како што треба па и други сега ќе посвојува. :rofl: За Фиона само ми е жал што забега толку, ама таква си е, не може она со нормален живот.
    Мислам дека дефинитивно нема полуда серија. :rofl:
     
  14. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    каква срекá има оваа Фиона незнам !!!
    браос за Френк и за тоа што е „пиреј“ човек и тоа бесмртен !!!
    Фил и новава цура бесценето мислам дека ке има многу глупости да се дешаваат !!
    новава педерка откриена врска - да кажам врска во јавност мислам дека ке е многу забавна !!
    сакам да се деси некое чудо и да се спаси Фиона и да дојде малку убав живот за неа
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    ^Па Фиона имаше убав и нормален живот, добра работа, она самата вака си направи да и биде. И заслужува се што и сè случува. Си го местеше креветот па нека си легне сега. Може следниот пат коа ќе и се случи нешто убаво ќе знае како да го цени.
    А овие двајцава душички, ама се сакаат бре, што да прават, не им е лесно. :rofl: На глас се смеев кога ги апсеа и овој почна да му се дере нататко му сите да го слушнат. :D
    Готово, уште една епизода само. :(
     
  16. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Заврши сезонава, кој ќе чека сега до догодина :doh:

    Убав крај, знаев дека Џими не е мртов и дека ќе се врати кога тогаш. Најубав пар ми беа со Фиона како и да е. Фиона конечно се среди, си дојде дома и плус се вработи. Греота за Иан, али некако осеќав сезонава дека нешто не е во ред со него, дека или е на некои дроги или дека ете е биполарен, и испадна дека е второто :| Френк се надевам дека следната сезона ќе му е последна, веќе досаден станува, нека цркне веќе еднаш од алкохолот.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ^^се надевам само дека во следната сезона Фиона ке си е малку послободна !!! и ке има можност даси го зхивее животот еднаш за секогаш..иако знам дека нема да е така
     
  18. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    300
    Оф леле кој ќе чека цела година. Серијава е дефинитивно една од најдобрите што сум ги гледала. Нема лик кој не е забавен :D
    Пресреќна сум што Џими (веројатно) ќе се врати, баш ми недостасуваше меѓу нив.
    А да и Gallavich конечно заедно :inlove: само кутар Иан...
     
  19. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Издржав неделава да не коментирам додека не ги изгледам сите четири сезони, па малку поопширно ќе биде ова, затоа го ставам во спојлер ツ

    Ја почнав серијава чисто заради Галавич, ама уште од првата епизода се заљубив во приказната, во ликовите, за кратко време ми стана една од омилените серии :) Епизодите ми беа малку долги на почеток ама сега неможам да се изнагледам, 50-60 минути ми поминуваат како 20.. За прилично брзо време ја изгледав и сега многу ќе ми фали :/ Oбично не гледам вакви драми ама оваа ми го смени мислењето, ми се допаѓа што е толку реална, а и сите ликови се различни... :wasntme:

    Френк е еден од малкуте ликови во серијава за кои имам некое неодредено мислење.. Во една епизода го мразам, a во друга му ја гледам човечката страна и мислам дека би бил добар татко ако не беше алкохолoт.. Направи многу одвратни работи во текот на овие 4 сезони, ама имаше и моменти кога мислев дека се подобрува, како на пример кога се тргна од алкохолот, кога беше со Лип, или кога на "Фиона" и се извинуваше за тоа што ги оставил како мали, ама се разбира скоро секогаш имаше скриена намера, пари, алкохол, дрога.. Бев спремна да ја гледам серијава и без него, не ми пречи многу ама се надевам нема да продолжи по истиот пат од кој се врати, а од последната епизода ми изгледа како баш тоа ќе се случи.. Само се надевам нема да повлечи никој со него, на пример Карл..

    Фиона ми е една од омилените женски ликови од сите серии кои ги имам гледано, можеби и омилена.. ツ Имаше моменти во последнава сезона кога малку ме разочара со нејзините избори ама секогаш верував дека ќе се врати на она што беше.. Од прва сезона до четврта (помалку во четврта отколку претходните) беше карпа на семејството, за сите се жртвуваше и се откажа од се, и мислам дека не доби доволно благодарност од сите, на крајот се се среди ама одвратен ми беше начинот на кој сите ја третираа на почетокот од четвртата сезона (Лип, Деби..) Се надевам сега ќе се среди и ќе се врати на нормала :?:

    Лип многу го засакав во последнава сезона, и порано ми беше океј лик ама не ми се допаѓаше неговата ароганција, а и тоа што му требаше толку многу убедување да се бори за неговата иднина.. На почетокот од последнава сезона мислев дека ќе се откажи од факултет, па затоа бев многу изненадена кога се смени на подобро.. И наеднаш презеде огромна одговорност, се грижеше и за Лиам, Карл, Деби и Иан, стана столб на семејството ツ Само не ми се допаѓаше начинот на кој се однесуваше со Фиона после инцидентот со кокаинот, имаше право да и биди лут а и требаше некој да и ја кажи вистината ама многу грубо го направи тоа.. После се среди се, кога ја најде и и кажа дека таа фактички ги одгледа а не доби доволно благодарност.. Изборот во женските не му е баш добар, прво Карен, па Менди, па сега оваа Аманда, сите луди на свој начин xD Менди направи толку многу за него и може да се кажи дека тоа што и го направи на Карен и беше заслужено ама навистина ми беше жал за неа :worried: Аманда е слична на Менди во тоа што му помага на Лип да си го најде вистинскиот потенцијал, и навистина незнам како ќе се одлучи помеѓу тие двете, ама јас навивам за Менди..

    Иан и Мики ќе ги коментирам заедно затоа што неможам да се одлучам кого го сакам повеќе :D Иан ми беше омилен Галагер уште од почетокот на серијата, а во последнава сезона уште повеќе го засакав.. Заедно со Мики уште од првата епизода кога беа заедно ми станаа омилен пар, и тоа не само од серијава.. ツ Мики знаев дека ќе се смени поради Иан (имав видено многу спојлери на Тамблр) ама не знаев дека толку многу -
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] :inlove:
    Секоја сцена во која беа заедно ја имам изгледано барем 5-6 пати, освен во последнава епизода која одвај издржав 2 пати да ја гледам ☹ Не ми се верува дека на Иан му се случи тоа, знаев дека нешто не е во ред со него ама дури во последнава епизода претпоставив дека е во депресија, и испадна баш тоа било :/ Мики е срцка, како рече - тој ќе се грижел за него, не можев да престанам да плачам.. :worried:

    Деби ми беше малку досадна во првата епизода затоа што не забележав многу од нејзиниот карактер, ама веќе од втората епизода ми стана интересна ツ Ми се допаѓаше тоа што беше поинаква од сите други девојчиња, се грижеше за фамилијата и секогаш размислуваше на свој начин, се до последнава сезона кога потполно се смени... Незнам како наеднаш стана таква, зошто воопшто не зборуваше со Фиона и зошто се дружеше со оние, ама се надевам дека сега со Мет ќе се смени.. Мет е доста постар од неа ама е и најпаметен и најдобар спрема неа, кога е со него немора да се крие и да се преправа дека е она што не е, да не беше возрасната граница баш добар пар ќе беа.. И исто како и Лип, на крајот се смени и дури ме расплака кога ја гушна Фиона..

    За Карл имав омраза уште од првата сцена во која се појави, онаa со мачката :fubar: Ама добро после тоа само 2-3 пати му се повтори такво нешто па неможев да му останам лута, а и онака барем малку созреа во последнава сезона, совршени беа со Бони и се надевам ќе се врати, или ќе најде некоја слична како неа ツ

    Кевин и Ви ми се омилен пар од серијава после Галавич, секогаш ме смеат кога ги гледам заедно :D Кевин изгледаше како bad ass на почетокот ама бргу ми се смени мислењето за него и сфатив дека е огромно мече :3 Ви веднаш ми се допадна и затоа се радував како Кевин кога дознаа дека ќе имаат деца xD Доста важен дел од серијава се :wasntme:

    Шила е малку лудичка ама знам дека секогаш го мисли најдоброто за сите, многу се растажив кога така остана сама во куќата.. Добро сега барем Семи и Чаки ги има xD

    Во Стив се заљубив на почетокот ама баш ме чудеше како може да е толку совршен..испадна не е.. Кога Деби дозна дека е всушност Џими се разочарав што се што и го имаше кажано на Фиона беше лага ама и тогаш не го мразев колку што го мразев кога беше со неа а ја изневеруваше со Естефанија >.< Незнам како можеше, живееше со Фиона и децата и се правеше дека се е во ред и дека ја сака а во меѓувреме штом стана нешто лошо спиеше со Естефанија.. А и ништо не и кажа на Фиона, така да последнава сезона ми беше сосема во ред без него..

    Значи накратко, ќе кажам само дека серијава е една од најдобрите кои сум ги гледала и невозможно е да не се заљубиш во ликовите, па силно ја препорачувам на некој ако се двоуми дали да ја гледа, никогаш досега не ми била досадна и не ме разочарала, секоја епизода си има нешто посебно.. Единствено не ми се допаѓа тоа што мора да чекаме толку многу за само 12 епизоди во сезона :?:
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    ^^ си го читав коментарот, па да ве известам дека донесов многу важна одлука:
    .
    .
    .
    .
    .
    Мики ми е омилен :rofl::rofl:

    Всушност дојдов да видам дали има некоја дискусија за новата сезона, ама штом нема ништо, ќе постирам неколку видеа во случај да ги немате видено -



    и омиленото засега (аватарот ми покажува зошто :wasntme:)


    Премногу сум возбудена за сезонава, мислам за сите серии сум ама со оваа можат да се мерат само 2-3 :lol: 11 Јануари, доаѓај побрзо!!!