1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бесрамни (Shameless)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од glow, 18 јануари 2012.

  1. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Само што почна 5тава сезона да се прикажува, денеска ја најавија и 6та сезона од догодина. Е нема поубава вест денеска за мојов роденден :D
    Серијава ми е омилена дефинитивно, ни во еден момент неможе да е досадна.

    Интересна ќе биде сезонава ако се гледа според првава епизода :)
    Семи ми е многу сменета од минатата сезона, ја фатило и нејзе лудило. Врв во епизодата ми беше кога имаше секс во дневната на Шила прво пред нејзиниот син, а после кога Френк поминуваше мртов ладен поред нив :rofl: За Иан ми е жал што е биполарен се надевам ќе се среди сезонава и ќе почне да пие апчиња. Не ми е јасно зошто Џими се крие од Фиона, али ајде барем и дава пари и помага некако преку таа плавата Ангела ли се викаше незнам.
     
  2. Belieber15

    Belieber15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    88
    Пред 4 дена земав да ја гледам, едно девојче од youtube ја зборуваше и реков да и дадам шанса. За 4 дена ги изгледав сите 4 сезони + новата епизода (што е премногу, знам) и едвај чекам сега уште да излегуваат.
    Омилен ми е Јими/Стив, многу е убав:l: А инаку браво за Френк и неговата глума
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.802
    Допаѓања:
    65.520
    Пол:
    Женски
    Последнава сезона не ми се допадна воопшто. Премногу исфорсирана, вештачка, веќе се како да е преџвакано некако...
    Дали Френк го направија загрижен човек за Бјанка? Сериозно? Френк кој никогаш во животот за ништо и за никој не се грижел, најмалку за сопствените деца. Премногу ми беше неуверлива целата работа. А и прилично досадна.
    Фиона како и секогаш, не знае што сака, изгубена во времето и просторот, ми станува благо антипатична.
    Деби се изгуби скроз, од прилично паметно девојче ја направија очајна тинејџерка. Како и самава серија што станува впрочем.
    Не знам, тапа ми се сите. Го напукале финалево со секс, цела сезона немаше толку секс сцени. Или немале ништо интересно да стават, па ај, сексот продава.
    И така, нема баш со нетрпение да ја чекам новата сезона.
     
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Едвај низ странициве ја најдов серијава :sweat:
    Ми ја препорачаа, ја изгледав во еден здив и сега додека чекам нова сезона читам дека Emmy Rossum (Фиона) си оди.
    Пред некое време знам дека се бунела дека треба исто пари да зема со William H. Macy (Френк) или ќе си заминела, ама како што прочитав и го исполниле барањето и и ја покачиле платата....НО!!! ете сега одеднаш си заминува и ова и е последна сезона :!:

    Дефинитивно нема воопшто да биде иста серијата без Фиона. Ете им давам рок уште една сезона нека снимаат без неа...После ќе пропадне серијата...Нема да биде исто без неа.
    Од една страна жал ми е да заврши, а од друга страна ја сфаќам актерката дека 9 години веќе снима тука, па може и треба промена.

    Едвај чекав да почне ама сега откако прочитав дека ова е последна сезона со Фиона, не можам со уживање да гледам ;(
    Само ме интересира како ќе замине...Ќе умре? Ќе се пресели и ќе изгубат контакт? :| Како и да беиде, ќе биде тажно и глупо.


    п.с. Колку што успеав да видам на трајлерот за 9та сезона пак ќе се врати Шила (poolparty)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.802
    Допаѓања:
    65.520
    Пол:
    Женски
    Ја изгледа последната епизода?
    Морам да признаам ми падна малку жал што ќе си оди Фиона. Серијава и така забега, ама веќе ќе нема смисла воопшто. Сигурно следната сезона ќе биде последна, освен ако не извлечат некој ас од ракав, што не ми се верува.
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Последниве сезони беа за никаде, вклучувајќи ги и епизодите од првата половина на 9та сезона.
    Ама после паузата, некако повеќе ми се свиѓаат епизодите... во последниве епизоди го осетив пак духот на старите Gallaghers.
    И мене ќе ми фали Фиона. Џабе се враќаат Иан и Мики, сепак многу ќе се чувствува нејзиното отсуство.

    William Macy растури со глума во последниве епизоди.
    Најемотивнен момент ми беше кога Фиона излегуваше од дома, а Френк се заврте и имаше солзи во очите. Исто и пред 2 епизоди кога беа во барот, па Фиона беше пијана се дереше и се расправаше внатре, а Френк седеше настрана и со какво разочарување и жал ја гледаше...

    [​IMG]

    Прв пат го гледам ваков разочаран.

    Девојка му на Лип ми е неподнослива. Не знам Лип како ја трпи.
    Мислев ќе аботрира и ќе замине, ама уште е тука. Не заслужува Лип да остане со ваква девојка, ама тој кутриот секогаш е заљубен во девојки кои се понашаат лошо со него.

    Приказната на Карл и Деби воопшто не ми се свиде. Деби му ја уништи врската на Карл, и на крај уште жртва изигрува. Многу е расипана и одбивна Деби. Стана лоша мајка и сестра.
    Го тера Лиам толку мал да заработува пари, па дури и го остави надвор да спие, а често заборава дека и Френи постои во нејзиниот живот....Бетер од Моника се направи.

    На крај се си мислев дека и Џими/Стив ќе биде во авионот :lol:

    Ок, како и да е, ќе фали Фиона и мислам следната ќе биде последна сезона.
    8-|
     
  7. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Неодамна ја почнав серијата и станав зависник на некој начин. Ептен е заразна и луда, во ниеден момент досадна. До средина на 3та сезона сум и некако сите ликови ги сакам, можеби најмногу Фиона ми се издвојува. Френк ми е неподнослив, знам дека е претставен како несовршен татко но сепак е вистинско ѓубре. Фиона и Стив/Џими имаат хемија и имаа потенцијал, сепак мислам дека таа заслужува многу подобро. Од паровите останувам со Мики и Иан :l:
     
    На Далија му/ѝ се допаѓа ова.