Колку сакате и колку носите беџови? Можеби имаме и некој колекционер на беџови. Од каде ги набавувате? Каде ги носите најчесто? На маички, на панталони, на чанти, на капчиња ... каде? Кои ви се омилени ретро беџови, принтови со омилени ликови, со натписи?
Сакам да носам, интересни ми се многу. За жал немам, незнам од кај да купувам. уствари имаВ еден жолт со смајли ама отиде Највеќе сакам на фармерки, или палто, зависи. Најубави ми се со натписи и омилени ликови. Интересни ми се и оние во форма на гитара, котва разни де. Имам еден во форма на книга ‘80-та генерација матуранти од тетка ми, ама не го носам нормално. Туку баба ми беше колекционер. Имаше многу особено оние партизанските. Ах, овој ми е преубав, само да можам да го најдам
Многу ми се допаѓаа како детали, ги носев на марами, фармерки, ташни, а некогаш и на старките знаев да си закачам. Во основно ги редев долж цел ранец, ама или се губеа или ми ги крадеа. Ги купував од Метал Шоп и од Југотон, најчесто тоа беа беџови со омилените ми рок ликови и натписи на бендови. Имам 4 најсакани беџови од Мајкл Џексон што ги купив од странство и ги носев сегде со мене, ама кога видов дека ги има и овде, ми пројде воопшто меракот за беџови, а ваљда и излегов од тој фазон и од тогаш немам ставено ниту еден на мене. Од другите останати ми се само овие:
Имам околу 460-ина.. Последниот пат ко ги броев беа 452, ама сега присобрав уште околу 10 па тука се негде. Си ги закачувам на перде в детска, посекако беше многу обично, грдо, па Блаа реши да го разубави малце де. Уби боже е. Имам 3-4 такаа најј наајј омилени од Iron Maiden, Pantera, Slipknot... Можи ќе ги сликнам некогаш, ако не ме мрзи.
Тетка ми и тато порано собирале, па сега јас ги имам во наследство. Не носам, не ми текнало, а баш убаво изгледаат. Претежно се вакви, во некои форми
Jaс беџови ставам само на школската ташна. Имам неколку што сум ги собрала од списанија, некои сум ги купила и така..
Беџовите ми се веќе одамна поминат фазон, ама како средношколка ги обожавав. На почетокот на средно имав поинаков стил и си носев беџови, најчесто на ранецот, ташната или тексас јакните. Ги купував од Ботони и цената им беше солена, па си штедев пари некое време и ги трошев на тоа. Се уште ги чувам, баш пред некое време кога ја средував фиоката ги најдов. Не верувам дека пак ќе ги носам, ама некако не ми се даваат на друг.
сакам и носам на шклските ташни ....и несесери...и на патичниците знам да ставам...али на облека не.... од продавници и бижутерии....
Не носам. Како помала имав со Барбие и си ги носев со мене ама вејке не носам... поради тоа што немам.
Аух ова како да ја прашате баба ми дали оговараат со комшиките Имам беџови и тоа мноогу, пред 4-5 години ме маваше тој филм целата бев во беџови, сега не толку но пак носам некои од нив и мноогу ги сакам