1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Библиотека. Колку често ја посетувате?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 27 септември 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.497
    Пол:
    Женски
    Често сум во библиотека, го обожавам мирисот на книгите, обожавам да си шетам меѓу полици, чувството е некако посебно, да си во друштво на толку големи луѓе :)
    Иако морам да кажам дека изборот на книги е се послаб, а и еве кога бев последен пат го качиле позајмувањето на книга на 15 ден, а беше десет. Членството за возрасни е 250ден, ова за во Браќа Миладиновци :)
    Колку често одите во библиотека, каде сте зачленети и како сте задоволни со изборот што се нуди? Или повеќе преферирате да си купувате книги? Јас иако љубам да си купувам сепак ограничена сум, за жал, со средства, па библиотеката си завршува работа. Но, морам да напоменам, една моја другарка само купува книги, не сакала да зема од библиотека бидејќи книгите секаде биле и поминале :wasntme:
    Каков е случајот со вас? :)
     
    На КикиМаус, Eli23 и Saraa им се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Зачленета сум во библиотеката во мојот град 150 денари годишно и не се доплака за земање книги. Ја посетувам различно најчесто еднаш неделно и земам по две книги. Во принцип не дозволуваат да е зема повеќе од една книга, но јас како редовна си земам по 2 :) Има избор на книги, не е за жалење е сега не се нешто најнови али и овие вршат работа :)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.497
    Пол:
    Женски
    Само по една? Малку е тоа :wasntme: Кај нас е дозволено 3 или 4, ама јас сум земала и по седум некогаш(со привилегии нели :) ). Може и затоа веќе ми се чини слаб изборот :?:
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Jа посетувам еднаш неделно. Да вратам и да земам книга. Земав секогаш по две-три книги, гледам сега се накачија на 15 ден., но искрена да бидам за такви книги со кои располага библиотеката во која сум зачленета 15 ден. е малку.
    Со библиотекарката сум блиска, пријателка е на мајка ми. На почетокот земав колку сакам книги бесплатно, не ме ограничуваше со време, ниту пак сега е така. Многу фина жена, знае да ми даде препорака за некоја книга, да ме извести за нешто ново и сл.
    Обожавам кога одам во библиотека. Посебно кога си одбирам книга, оставам неколку секунди да уживам во мирисот кој го обожавам.
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Е само по една :) Ама :!: за нас поредовните по две :) Ама до некаде и подобро е вака со оглед на тоа дека нема кој знае колку книги ако може по повеќе да земаат 10 луѓе ќе ја испразнат библиотеката. Има многу кои ќе земат книга и со месеци не ја враќаат и никогаш неможеш да ја начекаш. Е исто така има и стручна литература што многу ми врши работа :)
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сестра ми е зачленета во Браќа Миладиновци и ми зима книги а јас си правам списоче. Не можам да си дозволам да купувам често книги, додуше тоа е моја вина јас така си го распоредувам буџетот и за книги секогаш немам пари а за тракатанци имам.
    Во нашиве библиотеки ги има книгите но сепак ги нема за обичните луѓе љубители на книгите. Ја познавам внуката на една од библиотекарките, штом стигнат нови книги тие си ги зимаат неколкуте примероци си ги читаат па си ги раздаваат ете по внуки сестри браќа пријателки бла бла и после 5 години ќе дојде ред и на тие што се зачленети во библиотека. |( Јас кога отидов кај другаркава видов 20сетина најнови книги кои таа со месеци ги чува и кога ќе сака ќе и ги врати на библиотекарката.
    Јас не дека сакам нови книги да читам само али се нервирам што кога ќе напишам список од 20 книги дал една ќе ми најдат. А сестра ми дека често оди и дозволуваат и по 4-5 книги иако максимум е 2 како што мислам, но си има привилегирани лица.
    Виножитке секоја и чест на другаркати, симнувам капа :)

    А да, ако не ги вратите на време ве кара библиотекарката? Ви бара да платите за тој период дополнителен што сте ја задржале? Мене у средно една библиотекарка и ќе ме затепаше уште малку :lol:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.497
    Пол:
    Женски
    Јас не сум ограничена со временски рок, ама гледам што побрзо да ги вратам, да не си ги чувам по дома, па има луѓе што сакаат да читаат :) А еднаш одам во библиотека, изгледа имаше некој надреден таму што седеше и јас почнувам да се жалам дека веќе нема избор во библиотеката, и тој некој стана и им вика на библиотекарките, Како нема, па нели нови донесоа? :^)
    И едната отворање фиока и ми вади неколку што си ги пикнале да ги читаат.
    После криво ми падна, ги знам женичките таму, па не сакав да ги ставам во неволја.
    Ама па и претеруваат малку. Или чуваат книги на некои особи, а тие кој знае дали ќе дојдат. Еднаш така некоја не дошла и ми вика, ај земи ја оваа, ја чувавме ама не дојдоа |(
    И сега веќе даваат што имаат :lol:
     
  8. Fashion.n.a.d.e.44

    Fashion.n.a.d.e.44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Многу ретко, само за да земам лектира :D :D
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Често одам во библиотеката во Штип. Овде сум зачленета. Но овде сите библиотекарки се одбивни. Не те пуштаат да шеташ низ полиците сам да бираш книги. И ако им побараш нешто па го нема, секако нели бараш друго, и тоа го нема бараш трето и веќе знај дека те тера во три лепе. И секогаш кога го пречекорувам прагот се молам само таа да не биде на смена, но баксуз сум.
    Дозволуваат само да се земат две книги, без дополнителни доплати. Членството е 150ден. И ако закаснеш повеќе од 15 дена, во кои мораш да ја вратиш книгата, ти наплаќаат по 1ден. од ден. Има можност ако не си ја прочитал книгата да си продолжиш уште 15 дена.
    Едно време таму одев и да учам, бидејќи условите во интернатот не ми овозможуваат да го научам материјалот. Таму барем е тивко.

    Инаку мајка ми е зачленета во библиотеката во Делчево, па таму луѓето биле по културни. И така повеќе и порачувам на мајка ми да ми донесе книга од таму отколку овде да одам. Од таму барем можам да земам колку сакам книги, и колку сакам можам да ги задржам во мене без никакви доплатувања ниту казни.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Од прво одделение па се до 4та година средно бев зачленета во Градската библиотека Борка Талески во Прилеп. Кога бев средно буквално секој ден одев таму, кога по книги, кога во читална. Ама морав да поминам па макар и само да ги ѕирнам книгите или да видам ако има некоа промоција. Сите ме познаваа таму, па кога ми требаа книги што беа само за интерна употреба, ми дозволуваа да го носам дома. Директорот беше предобар, секогаш тој ми даваше дозвола за тоа па библиотекарката не правеше проблеми. Често доцнев на прв час заради таа библиотека :lol:

    Сега сум зачленета во Битолската градска библиотека, но таму некако ми е “поладна“ атмосферата, не може да се шетам низ рафтовите, морам да ги барам книгите на компјутер. Еднаш зедов еден учебник што ми требаше за на факултет и го вратив одма, кога по 10тина дена ми стигнува писмо по пошта дека треба да го вратам учебникот и да платам што толку сум го задржала :fubar: :fubar: Отидов таму и му ја објаснив ситуацијата, проверија, видоа дека е вратен и ми велат “се прават грешки“ и јас налутена “се надевам нема да се повтори!“ :lol:
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Повеќе преферирам да си купам книги, но и некогаш од пријатели чат - пат :D позајмувам и веднаш ја враќам книгата, не ја задржувам, па може и затоа немам никаков проблем кога ќе побарам книга.Иако имам една книга треба да ја вратам, ама срце не ми дава, сакам да си ја имам :geek: :talk: но, реков ќе ја вратам и си стојам на зборот.Па сега без разлика што срце сака :D тоа е :D
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Воопшто не посетувам библиотеки и не сум член на ниту една.
    Далеку ми се за одење, а и ретко ме вее патот накај нив.
    Најчесто купувам или позајмувам од домашните библиотеки на другарка ми и дечко ми и совесно и одговорно ги враќам со време и неоштетени. :)
    Се трудам домашната библиотека да ја збогатам со 2-3 изданија месечно, а кога има зимски и пролетен саем на книгата се враќам со 10-тина нови наслови и обезбедена сум.
    Многу пати добивам книги и на подарок и се' уште имам многу непрочитани по дома, не можам да се пожалам вопшто.
    Сепак купувам. Ќе ги прочитам сите до една, кога и да е. :)

    Инаку многу сакам библиотеки, самиот мирис, полиците полни со книги, читална... кога ги гледам оние големите библиотеки по филмовите, ми се оди да заплачам од мака затоа што немаме една таква саглам суредена и богата со наслови. :(
    [​IMG]
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Како прво благодарам Реинбоу што ти текна да направиш тема за библиотеките :)
    Инаку јас сум често во библиотеките...Почна многу да се накачува...Порано беше 200 ден. членство за цела год. а сега се качи на 250.За земање на книга искрено во нашата библиотека не се зимаше пари се до некое време и се зимаше 5 ден. а за интернет,кој е зачленет 20 ден. а кој не е 30 ден.
    Сега можеби е накачено :?:
    Инаку јас сакам да прошетам низ библиотеката и низ некоја полица да најдам интресен наслов или корица и веднаш да ја земам....Ја читам книгата брзо ако е интересна...а ако не е пробувам ама не ја довршувам.
    Инаку секогаш сакам да имам своја библиотека во домот :D
     
  14. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Порано спиев по библиотеките, ма милина ми беше да одам само поради мирисот на книгите! Сега поретко идам само за да земам некои лектири (иако ги имам во таванот на куќата на баба ми). Морам да се пофалам дека имам поприлично голема домашна библиотека и со книги стари по 100 години од времето на баба ми, сите совршено сочувани) и со понови книги! :D
     
  15. bozepetra

    bozepetra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    и јас сум зачленета во Браќа Миладиновци, ја посетувам само кога ми треба некоја книга- лектира зошто не наоѓам или ретко наоѓам време за да читам некоја книга по моја желба. Но за време на распуст си го овозможувам почесто тоа задоволство :) А дали некогаш сте биле во некоја библиотека-читална и таму да читате или да учите? И како ви се чини? :)
     
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    И јас сакав сега да се жалам од библиотекарите. Многу се арогантни и непотребно дрски. Има една кокошка таму што многу ме иритира и само се дере. Јас разбирам де, балканското го има во сите во нас, ама сепак тоа е јавна установа. Секоја чест на исклучоците, мислам само еден ми е океј де. Ама пак тој, која книга и да ми ја предложи, мене не ми се допаѓа. Не знам како ми убеди да го читам Роберд Ладнам, по комерцијален човек од него ни Спаркс не е.

    До душа, дозволено ти е да бираш книги од еден рафт, но мене ми е интересно. Сакам така да буричкам низ книгите и да си барам наслови. Морее... ќе видат сите кога еден ден ќе си имам своја библиотека... :lol:
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Да ти кажам искрено ни тој не ми се допаѓа. Изгледа гледа од колешките.
    Пред некој ден му побарав една книга, ми рече дека не била убава за читање. Па добро јас ќе ја читам, јас ја бирам. Ја имаше и не ми ја даде |( .
    А на оној рафт кој е дозволен за да бираш сам, некако се ми е чик литература и комерцијално :^) .
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Многу често ја посетувам..го сакам мирисот на книгите..читањето книги е една од работите кои најмногу ме исполнуваат.
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Има и некои добри имиња, ама тие се сокриени некаде :lol:
    Како што се Ерика Јонг, Буковски и Мураками :)

    Јас обично кога бирам некоја книга, тражам некоја ептен дебела и забутана :lol:
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Иако библиотеката ми е подалеку од моето место на живеење, често ја посетувам и си зимам книги што за факултет што онака по моја желба, уште од основно сум зачленета во библиотеката Браќа Миладиновци и задоволна сум од изборот, имаат доста книги.Многу често и позајмувам книги од другарки што читаат, но кога некоја книга ептен сакам да ја прочитам огромно задоволство ми претставува да си ја купам и да си ја читам дома, полека бидејќи споро и поради обврските, и не испуштам ниту еден саем на книга, едвај чекам да дојде, зашто тогаш начекувам големи попусти и си се натоварувам и со 5-6 книги :D