Многу се убаво илустрирани овие странските-преведени книги, уште да не беа „изгубени во преводот“ и ќе беа супер-корисни... важно тие ми се омилени кога ќе влезам во библиотека, обично читам стручна литература, па и затоа тие книги ми се интересни, а дека многу често одам во библиотека-па и не одам, оти книгите се огромни па ќе ги читаш по месец-два и не ти требаат чести посети во библиотеката
Ја посетувам од дете, од кога научив да читам. Од тогаш не се сеќавам година да поминала(со исклучок додека студирав) без да го обновам членството. Иако читам книги и он лајн, некако ми е шубе ако не се зачленам и таму. Се полнам со позитивна енергија кога ќе стапнам таму, тие минути ми се незаменливи, мислам ме живнуваат. Блиску ми е ептен до дома, палам патиките и се нацртувам таму да поуживам. Си имам тетка библиотекарка која ми е пријателка и една со која на неколку пати се поткачуваме. Таа добрата тетка ми дава повеќе книги на купче оти ме знае уште од пилиштарец кога бев како си висев таму, а оваа другата ме кара оти толку многу книги одеднаш, па јас ја клеветам на другачка ми и така врти-сучи буткаме некако и покрај лошата тета. Се на се, библиотеката е мое место од пред дваесет и кусур години и таму ги открив сите убави работи кои може да ти ги донесе читањето книги. Не сакам да се откажам од нејзе сега за сега.
Касно одговарам,али би требало да може.Јас во градската во Битола си земам слободно дури и по 4/5 книги наеднаш.Не ми направиле проблем никогаш, се додека ги враќаш во точното време.
Сега за жал се поретко заради обврските и материјалот кој треба да го читам и ми е потребен за факултетот, па тоа не ми дозволува да читам некоја друга литература од библиотека.
Кажете ми каде се наоѓаат библиотеките во аеродром, јане сандански , кирил пејчиновиќ и рајко жинзифов? Благодарам
Пред некоja година беше 250 денари плус 10 за секоja земена книга. Ама ова некаде 2010-2011, одтогаш немам земано книги.
Vo prosek dva pati vo nedelata. Zemam magazini, knigi, filmovi, nekoj kursevi....... Ne bi mozela da zamislam da preskoknam nekoja nedela. Imam tamu "zabava do bezsvest".
Порано многу често, а сега со мало дете и куп обврски на работа потешко наоѓам време. Затоа повеќе купувам книги, а и си позајмуваме со колегите на работа.
Со години бев зачленета во Враќа Миладиновци. На памет знаев кога ми истекува членството да одам одма да го обновам. За жал последно бев во библиотека пред година дена,,во таа во ГТЦ. Повеќе практикувам сега да си ги купувам книгите. Да си се почастам хаха.
Во библиотека одам кога ке снемам позајмени или мои книги .... 2-3 пати во месец .... Има многу нови книги во библиотека-Куманово па во последно време не купувам толку книги бидејќи секако само по еднаш ја читам книгата потоа ми стои на полица....
Зависи од желбата за читање, ми се случило по 2-3 пати во неделата да одам, ама некогаш може и 2-3 месеци да не се појавам
Се потсетив на библиотеката во мојот роден град, се зачленив во петто одделение и бев редовен посетител осум години. Се сеќавам и на мирисот на библиотеката, дури сеуште го паметам распоредот на некои книги иако многу години поминаа од тогаш. Сега книги купувам, домашната библиотека ми е духовно богатство.
Јас сум член на библиотеката Браќа Миладиновци поточно таа во Аеродром - Јане Сандански, и можам да земам повеќе од две книги. Моментално имам повеќе од две книги хахах, така да не е проблем, само да бидеш редовна со враќањата и да внимаваш колку дена ги задржуваш, колку што сум известена сега смее да се задржат само 7 дена. Поздрав.