Да ми препорачате библиотека во Скопје каде што има добар избор на книги + можеш да се шеташ и да си бараш низ библиотеката?
Девојки, не знам каде да го поставам прашањево, па си реков ајде овде, бидејќи е доста надгледувана темава. Сакам да прашам, која библиотека во Ск е најдобро снабдена со нестручни дела, мислам на книги по сопствен избор, нови изданија, значи какви што читаме и коментираме овде. Од годинава студирам во Ск, па затоа ве прашувам. Благодарам однапред!
Има и таму книги. Ама Браќа Миладиновци е поголема, со поголем избор на книги.А плус имаш и читални во кои можеш да учиш.
ne e tolku dobro snabdena,stari se knigite tamu.Najnovi izdanija dobiva Brakja Miladinovci,polugodisno clenstvo ti e 200 den. a godisno 300 den.so pravo da koristis citalni za ucenje.Super e.
Само кај градежен е добро снабдена? И колку рок имаш да ја вратеш книгата откако ќе ја земеш, колку книги најмногу можеш да земеш и до колку часот работи? И, да, колку се плаќа коа земаш книги( од книга по колку денари)?
@piglet1 Имаш рок од 15 дена за враќање на книгите. Даваат да земеш 3- 4 книги, а сум видела да земаат и повеќе, иако тоа било ретко. Една книга 15 денари. Работи до 19.30 работни денови, а сабота до 14.30.
Библиотека, мое омилено место дур не ми изваја долг од 200ки од нигде- никаде, на една земена книга, без каснење. Неможевме да се разбериме, за месец ми течеше членството - вкупно 500ки за плаќање. Јас толку пари немам, а моите место мене да ми платат библиотека му плаќаат на брат ми, а он книга не фаќа ама нели, он е ученик. Така да си се ќоравам на таблет да читам, дур не ми се најдат пари неможам во библиотека.
А само таа кај градежен е добро снабдена или? На други места кај ја има, и дали е и таму добро снабдена?
Таа ти е меѓу најголемите. Поголема од неа е Универзитетска и колку неа ти е библиотеката во Домот на армијата. Универзитетска не дава книги за надвор, можеш да ги користиш само во читалните нивни. А таа во Домот на армијата е само за воени лица и нивните семејства. Другите библиотеки се помали. И послабо снабдени.
Ретко посетувам библиотеки. Една иста книга повеќе пати во животот ја препрочитувам. Затоа преферирам да ги купувам книгите. А и работам на тоа да си направам своја домашна библиотека.
Не знам прашањево фали е за во оваа тема извинете ако не е..има ли во Ск градска библиотека каде што ќе можам да се зачленам, каде се наоѓа и колку чини?
Види Страшо Пинџур, карши Билна, ама не знам колку е членарина. Јас сум во Браќа Миладиновци, кај Градежен факултет се наоѓа и амортизација на книга е 15ден., а имаш исто така рок за 15 дена да ја вратиш. Инаку, ако добро се сеќавам, полугодишна членарина е двесте, а годишна триста.
Тогаш подобар избор ти е Браќа Миладиновци. Таа е помеѓу пазарчето Буњаковец и Градежен факултет.. Книга е 15 ден. Годишна членарина ти е 300.
Обожавам да одам во библиотека. И одам многу често, ама би сакала да си имам своја домашна библиотека и полека работам на тоа.