Здраво на сите би сакала да знам каде во Скопје има библиотеки, дали можам да се зачленам и дали се во употреба сега ради коронава..
Барем два пати во месецот, а даваат и по 3 книги. Ако си редовен со враќање не е проблем да земеш повеќе книги.
Не треба само не можеш да се прошеташ туку да и кажеш на библиотекарката која книга ја сакаш да провери дали ја има или ако има изложено некои книги.
На оваа страна, доколку го внесеш името на библиотеката која ја посетуваш (на пример тоа во мојот случај е Градска библиотека Браќа Миладиновци - Јане Сандански) и внесеш име на книга или автор можеш да провериш дали книгата која ја бараш е достапна или доколку го внесеш името на авторот можеш да провериш кои книги од истиот се достапни. Само направи го тоа со внесување на име напишано на македонски јазик затоа што не сум сигурна колку точни податоци ќе ти извади доколку користиш англиски јазик.
Запленета сум во библиотека уште од прво одделение. Посебно последиве четири години сум активен посетител. Во основа, даваат три книги во времетраење од 14 дена. Јас ги читам за 5-6 дена и практично секоја недела одам, понеделник ми е ден за библиотека. И покрај што постојано добивам книги од издавачите, зависна сум од библиотека и секое одење мора да земам. Презадоволна сум од понудата, имаат најнови изданија и не ретко сум прв читател на недопрени книги.
Dali moze da se odi vo citalnata vo bibliotekata so arhitektonski da se uci ama da ne se zede kniga? I kako i e rabotnoto vreme?