Дали може да се изнајмуваат книги од Универзитетска библиотека спроти Мавровка, или дозволено е само таму да се читаат ?
Ич. Купувам книги или ги читам во онлајн верзија, во библиотека книга последно пред 5 години имам земено.
дали има некоја библиотека во скопје каде што само се плаќа годишно зачленување, а не се доплаќа за секоја земена книга?
Во American Corner Skopje членството е бесплатно и изнајмувањето не се наплаќа, но претежно книгите им се на англиски јазик.
И јас сум зачленета, а не сум студентка. Ми кажаа дека членството нема возрасна граница и дека се отворени за сите заинтересирани.
Многу често ја посетувам.Браќа Миладиновци и Страшо Пинџур.Дури и психички ме исполнува кога сум во библиотека и кога е тивко и си читам, учам.
Претпоставувам дека си зачлената таму, па да те прашам дали може да се разгледа кои книги ги имаат или морам на шалтер да кажам која книга ја земам? Јас сум од неодамна зачленета, но ја користам читалната, не сум поземила книга се' уште.