cobiss.mk. Има тема посебно за тоа. Ќе си провериш кои книги ги има и си одиш спремна на шалтер. Оо, да, еве гледам веќе ти пишале.
Не е исто да го прочиташ само името на книгата и да ја фатиш во раце. А и не ги ажурираат многу ба cobiss. Одлична апликација е, но кај нас не функционира така. Сепак ти благодарам.
Дали има библиотека во Аеродром? Јас само Браќа Миладиновци кај Буњаковец ја знам, ама не ми одговара локациски да одам до таму по книга само.
Има две подружници на Браќа Миладиновци во Аеродром. Едната е Јане Сандански, во зградите зад Капитол е, ко да имаше некој маркет од карши. И другата библиотека е во ТЦ Скопјанка, мислам дека се викаше Кирил Пејчиновиќ и на прв кат е. Околу Семос некаде отприлика.
Ги немаат сите книги што сакам да ги прочитам. Каде да ги најдам, треба да ги купувам, а дали ќе сакам да ги задржам потоа е прашање. Книга од 700 страници едвај се чита електронски, со сила.
@Аргентина * библиотеката во твојот град е една од подобрите, редовно објавуваат што имаат ново, сликаат и пуштаа на Фејсбук, другите се бетер. Пред извесно време од љубопитност, почнав да ги барам авторите што добиле една светска книжевна награда, и испадна дека од 90% ние немаме книги во библиотеките или ги имаме само во Скопје, што е едно големо ништо. Друго е што некои книги ги има во cobiss, одам на шалтер, ми велат ги нема, не е за издавање, можеш само во читална да ги користиш, итн, а реално мислам дека не ни знаат кај стојат и не знаат да ги најдат.
Не реков дека работат лошо, само дека недостасуваат наслови. Иако, имам забелешкa. Минатото лето го скратиле работното време и кога отидов да ја вратам граѓата на последниот ден од истекување на рокот, беше затворено, па наредниот ден си платив двојно. Сметам дека требаше да не известат преку мејл или да објават на ФБ дека работното време е променето. Инаку, многу е убаво пред празници во библиотеката, има атмосфера, некои мали декорации/цртежи што ги изработиле деца, сите се многу фини и расположени, и така. Можеби ние членовите треба на библиотеките да им подаруваме книги што не ги читаме.
Јас членувам во подружница Страшо Пинџур, околу 10 години наназад. Не пуштаат внатре да шеташ, може да бираш од книгите што им се на пултот или ти препорачуваат 5-6 книги. Ми пречи што не работат во сабота после ковидот. Не знам дали може да однесеш книги т.е.да донираш, ми се допаѓа идејата, би однела повеќе книги. Инаку за кобис страната , сега бргу на децата им требаше книга, ја покажува дека ја има но реално на шалтер ни кажаа дека ја немаат, некој долго време не им ја вратил .
Јас имам добиено награда и признание во мојот роден град за најмногу изнајмени/прочитани книги од библиотека за 1 година, бев 1ва средно.