1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Библиотека. Колку често ја посетувате?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 27 септември 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Посетувам библиотека кога не сум во можност да најдам некоја книга на друг начин.
    Инаку често купувам книги, тоа ме исполнува и многу сум среќна што мојата домашна библиотека се повеќе се збогатува.
    Имам и неколку блиски личности со кои си позајмуваме книги.
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Не сум зачленета во библиотека. Јас книги обично купувам за да ми останат или се позајмуваме со другарки, колешки. Ама редно време е и јас да посетувам библиотеки поевтино е некако.
     
  3. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Има некој зачленет во Другарче? Ме интересира дали можеш да бараш книги по полици ,како што е во Браќа Миладиновци.Мислам на белетристика.
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Зачленета сум во Браќа Миладиновци во Аеродром, ама во последно време се поретко ја посетувам.Прво оние библиотекаркине се едни такви немтури, еднаш една ми се изнадра зашто сум ја заборавила членската карта, а еднаш зашто закаснив 2 дена за една книга.
    За книги има, ама пола неможам да ги земам, зашто биле за средношколци и погоре, лектири земам и некоја интересна ако се најде, а сега за лектира ми е Ромео и Јулија, се чудам од кај ќе ја најдам.Им ја барав и „Ѕвонарот на Богоридичната црква во Париз, не ми ја дадоа. |( Друга некоја ќе им побараш ја немале. |(
    И сега вака се снаоѓам од другарки ако има некоја добра, и по дома што ќе најдам.
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Зачленета сум и често ја посетувам. Иако знам често да си купам книги сепак уште почесто си позајмувам! :) Најчесто позајмувам лектири и други дела кои ги обработуваме на училиште, а други книги-надвор од училишните, позајмувам преку лето бидејки тогаш имам и најмногу време за читање!
    Скоро секогаш наоѓам тоа што барам, а и библиотекарките се љубезни, па ако некоја нема, а јас имам време за чекање, ми јавуваат кога ќе се врати...
    Чланарина во мојот град е 200 денари и не се доплаќа за земање книга.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Па, да не беа библиотекиве, веројатно книгите што ми се прочитани ќе се броеа на прсти.
    Ама сепак, чувството кога ќе си купиш книга, знаеш дека си е твоја, па си ја читаш онака лезетски, па можеш да и се навратиш кога сакаш, е незаменливо. Тоагш се чувствувам ко некое малечко девојче кое ја добило првата кукла :lol:
     
    На WhiteAngel и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.210
    Пол:
    Женски
    Зачленета сум во библиотеката Браќа Миладиновци. Веќе напишаа членство е 250 денари, а земање на книга сега е 15 денари. Искрено мене ми е многу затоа што земам по 3,4 книги некогаш неделно. Некогаш се случува на два дена да морам да земам по 3 книги, па 15 денари ми се многу. Од библиотекарките не се жалам, зошто често пати излегувале фер па ми дозволувале да земам по повеќе книги. За оние што ми требале за на факултет често пати знаеле да ми кажат кај кој колега е, па јас да се слушнам со нив и да се договорам побрзо да ја прочитаат, зошто нели на сите ни треба, а поретко се наоѓаат тие книги.
    Читачи немојте да ме карате ама мене не ми се даваат пари за книга, да ја купам, да ја прочитам и после да ја заборавам на полица. Подобро ќе ја земам од библиотека, а парите ќе ги искористам за некоја стручна литература.
     
  8. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Порано бев зачленета во библиотеката Другарче и искрено од таа библиотека сум позадоволна, бидејќи речиси сите книги што ми требале ги имало. Сега сум зачленета во Браќа Миладиновци (главната што им е карши Буњаковец), таа ми ја препорачаа затоа што сум средношколка и таму ги имало сите книги, не знам ти што. Како да не, секој, ама буквално секој пат кога ќе отидев да побарам некоја книга се враќав дома неврозна бидејќи секогаш го слушав она - ја немаме таа книга. За џабе дадов 250 денари, буквално. Еднаш немам земено книга од таму. Во исто време сум зачленета во уште една библиотека на Браќа Миладиновци што ми е во маало и ми ја препорача пријателка на мајка ми. Премногу сум задоволна од библиотекава, ем ги има сите книги што ми требале, ем ми е блиску. Цената на членската картичка беше 50 денари бидејќи веќе имав картичка во другава библиотека на Браќа Миладиновци и двете ми траат до ист датум, иако втората ја подоцна. Откако ќе ми истече рокот, се плаќа 250 денари за да ти извадат нова. Инаку да земеш книга е 10 денари и колку и да закасниш не те опоменуваат, ниту пак плаќаш. Библиотеката ја посетувам по потреба, најчесто 4-5 пати месечно, некогаш и помалку.
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Зачленета сум во „Благој Јанков Мучето“ - Струмица. 200 денари е зачленувањето, а семеен пакет е 300, ама поради тоа што брат ми е средно, пакет за двајцата е 350 денари т.е. 50 плус заради неговата возраст. Кога земаш книга се наплаќа плус 5 денари. :)
    Библиотеката од пред отприлика 2 години ја реновираа, па нова е и многу убава. Си има и читална, кога сакаш - можеш да одиш. Го обожавам мирисот во библиотеката...
    Низ рафтовите можам да си шетам колку сакам, понекогаш заглавувам по цел час разгледувајќи кои книги ги има. :lol: Ајде, уште една година и после ќе ми дават и од тие за “поголеми“ :lol: .
    Инаку, библиотеката располага со добра бројка на книги, но за жал, оние тинејџерските се во мал број, па речиси сите книги ми се исчитани.
    Даваат само по 1 книга, а доколку е распуст по 2. Инаку, таму работи една наша позната, па повеќе пати кога е таа на смена дозволува да земам повеќе. Или пак кога на брат ми му требат повеќе книги за обработка, мајка ми и’ се јавува, кога е на смена одиме и завршена работа. :lol: Мора малце привилегии.
    Инаку, своја домашна библиотека - немам. Едноставно не сум во можност за да дадам 200-250 денари за една книга. Добро, знам дека книгите мнооогу вредат, ама едноставно не сум во можност. Друго е кога си ги имаш книгите дома, друго е од библиотека, ама тоа е.
    Патем, кога ќе пораснам и сама ќе си заработувам пари обавезно ќе си направам библиотекичка дома. :lol:
    И да, рокот за враќање е 2 недели, ама понекогаш имам закаснето 1 месец, па ништо не се ми рекле. :$
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Порано бев запишана во градската библиотека. Старата библиотека нудеше избор слободно да шеташ меѓу рафтови и да бираш книги, се чувствував веројатно како Алиса во земјата на чудата, имаше и повеќе простории со преполни полици, милина, макар што поновите книги секогаш беа недостапни заглавени по домовите на „привилегираните„ членови, ама секогаш имаше барем избор на класиците, кои ги имаше во доволен број. И на зезање луѓето ко мене ги нарекувам книжни црви, :lol: .

    Кога се префрли во новите простории и стана „шалтерски„ принципот на работа полудував начисто дури не се отпишав што и да барав или немаше, или па библиотекарот/ката ќе станеше да ми донесе книги по сопствен избор и на крај тоа се сведуваше или на веќе прочитани книги и книги од автори за кои немав желба да ги читам и решив да ги скратам меѓусебните маки и да се отпишам. Не знам дали ова го има и по други библиотеки ама кај нас го имаше пр. кај книга издадена во 5 тома да ги има само пр. 2 и 4, кога прашав како е тоа можно, добив одговор - повеќето книги им биле од донации. Според мене треба да се повлечат од употреба поединечни книги ако ги немаш во целина, мене лично ме иритира да прочитам нешто кое нема ни почеток ни крај...

    Купувам книги во границите на можностите ни оддалеку онолку колку што реално би сакала. Не позајмувам секому :!: , дури и сама не љубам многу позајмување со оглед на квалитетот на денешните книги посебно мислам на делот со лепените страници и големата веројатност да ти се распадне книгата макар и нова в раце. Ова ми се случило и со мои книги да се разбереме и не бидејќи јас сум невнимателна, ама книгиште од над 400 стр. на мизерна хартија отпечатено не го држи во целина малку лепак да се разбереме. Кризата ги однесе квалитетните корици, повези и хартија за печатење во историјата, добивме навистина подостапни по цена книги, ама прав крш во смисол на квалитет. Исто преводот на повеќето издавачки куќи е за никаде, често не ни постои наведен лектор, ама да престанам да се жалам, барем ете некако егзистираат и тие на пазарот во кој за жал купената книга се претвора во луксуз.

    И понекогаш во неразумната опседнатост со некое дело не успевајќи да го пронајдам на др. начин сум читала и по електронски пат книги. Инаетот е посилен од се‘ и главен мотиватор :D .
     
  11. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    И вие се жалите на вашите услови ? Кај нас членството е 200 ден. ако го продолжуваш, а ако се сликаш повторно 250. Книгите треба да се вратат по 10 дена и се плаќа по 5 ден од книга за 10 дена, а ако ги закасниш книгите тогаш плаќаш по 5 ден од книга за еден ден. И така јас си имам оставано по 400, 500, 600 денари. Ова обично се случува кога имам колоквиумска и го заборавам датумот и така си мислам дека имам време за враќање, а рокот одамна поминал. Јас никогаш не земам помалку од 5 книги. Најмногу 5 можи да се земи и јас си го користам тоа. Со привилегии имам земано и по 7-8, но тоа многу ретко. Толку многу земам кога ќе најдам некоја книга која сум ја чекала долго време и ја земаат постојано и кога ќе ја видам одма ја земам и плус планираните и така. Мирисот на книгите го обожавам, посебно ми е мил мирисот на оние стари пожолтени листови :inlove: И свежо печатените ги сакам :!: ама старите имаат поинаков шмек. Знам да си се занесам меѓу книгите и по половина час, еден час. Оваа година не бев толку мнгоу редовна еднаш или два пати неделно одам сега. Минатата година таму бев секој ден. Ги голтав книгите. Вработените почнаа да ме зафркаваат дека одам почесто од нив таму, дека нели тие на смени одат на работа.
    И така сега како што го завршувам постот почнувам да жалам што ја видов темата. :( Ми се оди в библиотека. Одамна немам поседено таму подолго време. Ќе одам деновиве. Морам. До тогаш да одам да ги дочитам книгите, за да не морам да плаќам казни :lol:
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Се зачленив овој месец и членството е 150ден за цела година, може да се земаат по 2. За земање книга не се даваат пари, може да биде во тебе 15 дена а ако ја задржиш повеќе не знам колку се плаќа. До сега не сум задржувала книга ама овој пат морам. Немам време да ги прочитам а не планирам непрочитани да ги вратам. Колку треба ќе платам. А и многу книги не враќаат, ми кажува библиотекарката дека ги има тие што ги барам а се земени и цел месец не се вратени. Епа и јас ќе се луксузирам де, кога можам и сакам.
    Велат имало книги, идам барам 10 ниту една нема. Што баксуз ќе бев.
     
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Книга од библиотека немам земено уште од трета година средно, кога земав книги кои ги обработувавме како лектири. Имам навика да си ги купувам книгите што сакам да ги прочитам и да ја збогатувам мојата домашна библиотека. Некогаш и позајмувам од другарки и колешки. За жал има дела кои сакам да ги прочитам, но ги нема во нови изданија и можат да се најдат само во библиотека. Арно ама, мене некако не ми се земаат од таму :wasntme:
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Зачленета сум во библиотека во која има се...Навистина сум задоволна од изборот на книги и изборот на преводи на книгите. Но ретко земам книги од библиотека.
    Сакам кога книгите се лично мои, несакам книга која што ќе ми влезе во срцево да ја немам дома...Обично купувам книги, пазам да не трошам пари на глупости туку да ги потрошам на добра книга :)
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    За жал веќе воопшто не посетувам никаква библиотека - се трудам да си ја збогатам сопствената :)

    И да ви кажам, носталгија ме фрка по оние времиња кога бев зачленета во библиотеката Браќа Миладиновци. Знаем дека скоро секогаш кога одев таму библиотекава беше морничаво празна. Си велев - дали сум јас единствената која место на кафе оди да шпартa помеѓу рафтови со книги?! И жал ми беше што сум осамена а истовремено се чуствував дури до благ степен возбуденa што се наоѓам помеѓу толку многу книги.
    Kinky, I know :D
    У студентски дани, барем на нивниот почеток, обожавав да одам во универзитетска пред се во тој делот со странски англиски изданија. Прво што тоа и го студирав па неминовно беше а второ - јaс навистина се „палам“ на англиски изданија на книги. Обожавав да ги читам и се чуствував како победник кога ќе ја пронајдев книгата која ми требаше. Во тоа време изборот беше навистина минимален и разбирливо е зошто се радував кога ќе ја начекав книгата.

    Кога студирав во Франција сконтав што значи универзитетска библиотека. Се заљубив и до ден денес ги сонувам оние стари историски згради во кои влегував со огромна почит. Високи тавани и до висина на неколку ката натрупани книги. Човек се чуствува бре лилипутански пред моќта на книгите. Да ти е милина да студираш на такви факултети и да одиш да спремаш превод и да учиш во вакви библиотеки и читални. Дури таму се научив да ја сакам читалната и со часови да преведувам , да пребарувам материјали, да се сретнам со колегите од факс, да испијам по некое кафенце со нив, па пак да учам. И така :)

    Денес тоа веќе го немам :( Но затоа мирисот на новата книга во книжарите е бесценет! Денес не позајмувам книги, денес ги купувам - и тоа е еден фетиш кој мислам дека е истовремено и добра инвестиција. Кога ќе ја видам домашната библиотека која ја создале моите, си велам - и јас кога ќе бидам голема ќе ја имам истата ^_^
     
    На Neytiri, Doozy и Stam им се допаѓа ова.
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Баш се чудам на вашите постови.Кај нас членство е 200 денари,и кога земаш книга не плаќаш ништо.Можеш да земиш по две најмногу книги.Ако остани подолго време во тебе ке ти речат порано да ги враќаш и ништо не плаќаш,освен ако изгубиш некоја книга.Јас нон стоп си земам за мене,за братми,мајками тетките некогаш.До сега сум немала никаков проблем.Секогаш се зачлнувам за после нова година оти до тогаш трае членството.
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Прво да ја пофалам Реинбоу за темата :!:

    Библиотеката е објект, институција, што многу ја сакам и за која ме врзуваат многу убави спомени.
    Сега, за жал многу поретко ја посетувам- книгите кои ги читам најчесто ги позајмувам или се од домашната библиотека- но секогаш кога ќе помислам на моите читачки почетоци се сеќавам на библиотеката, поточно на библиотекарот.
    Тоа беше еден прекрасен господин кој што ми ја всади љубовта кон книгите.
    Јас, тогаш, едно мало момиче, љубопитно прашував трепкав со очињата, не знаејќи што да земам да читам, а тој ми препорачуваше.
    Тој ми ја препорача и мојата омилена книга од детството- Сибирка, на која и ден денес се сеќавам.

    Така читав, читав неуморно- се редеа книги кои сега ми се омилени- Возот в снег, Бојан, Ранолетите орли, Улавите години, Големи и мали, книгите од Горјан Петрески и многу други.

    Секогаш кога ќе влезев во библиотеката шетав низ рафтовите гледајќи ги книгите, и барајќи некоја која ја немам прочитано.
    Сакав да бидам библиотекарка, мислев дека нема ништо поубаво на свет да седиш цел ден и да читаш книги, да им препорачуваш книги на читателите, да се грижиш за нив, а потоа...

    ...Потоа пораснав, почнав помалку да ја посетувам библиотеката, а се повеќе да земам книги од пријатели, не ја посетував, но љубовта кон книгите остана.

    Лани ме фати носталгија. Минував покрај неа и влегов. Пак се зачленив. Пак бев низ старите полици, пак го чувствував мирисот на книгите- се беше исто, само библиотекарот веќе го немаше... :(
    Читав цело лето, после ме совладаа обврските.

    Сонувам некогаш да посетам некоја голема библиотека, со многу книги, да шетам и да се изгубам во неа, да гледам во книгите и да не знам која да ја одберам, да бидам ко дете во слаткарница :)

    А сакам да имам и моја библиотека, некогаш- да биде со стари книги, класици, со тврди корици и жолти страници, да си ги подредувам книгите и постојано да ја збогатувам :angel:
     
    На BeYourself, CoverGirl10, trendafil1 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Пре- често
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Во библиотека сум секој работен ден, барем 5-6 пати најмалку :lol: , вбројана ми е во описот на работното место. Се работи за училишна библиотека, со не многу обемен фонд на книги,повеќето од нив лектирни изданија, но доволно стара, за да залета некој редок примерок и ги изненади моите читателски апетити.
    Додека студирав, професорите од факултет не прашуваа кој од каде сме и во неколку наврати ми имаат кажано дека Кумановската библиотека е една од најснабдените во Македонија.
    Никогаш нема да ја заборавам првата посета на библиотека, во ред сите, двајца по двајца за раче, на чело со учителката, не внесоа во таа огромна ризница на знаењето и на мојата возбуденост и немаше крај.Мислам дека бев една од најчестите читатели и таа љубов кон книгата се рефлектираше години и години потоа, дури беше и пресудна за моментот кога одлучував што ќе студирам.
    Дедо ми имаше своја доашна библиотека, како еден од првите наставници по македонски јазик во тоа време, дури имаше издадено и неколку свои дела. Отсекогаш замислував дека кога ќе имам свој дом, ќе направам една цела просторија како работна соба, со рафтови на сите ѕидови и оние дрвени скалички да може да се допре и највисокиот рафт, со работна маса од масивно ореово дрво, со долги драпери и тешки завеси на прозорците, да ја пригушат светлината на денот, додека уживам во својот свет исполнет со букви,редови и пасуси што живот значат. Сеуште за жал идејата ми е нереализрана, поради просторните (не)можности, но кога-тогаш, ќе си го средам тоа мое интимно катче и се надевам дека книгите од дедо ми, грижливо собирани неколку децении, ќе си го добијат своето заслужено место.
     
    На Ema.Sk и Shana им се допаѓа ова.
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Секој ден се враќам на темава и ви ги читам постовите. Вчера и со една професорка зборувавме за библиотеките. Да пишуваш вакви постови какви што има во темава, со таква страст, тоа е љубов.