1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Библиотека. Колку често ја посетувате?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 27 септември 2011.

  1. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Многу често сум во библиотека. Не само да позајмувам книги, често знам да си седнам и енциклопедии некои да си читам. Условите и правилата на библиотекава во Велес се многу добри. Членството е 150, се наплаќа 10 ден. за секоја позајмена книга, а може да се задржи до 15 дена, ама овоа последново баш и не се почитува редовно :) Колку што можам да приметам нема некое строго правило околу тоа колку книги смееш да позајмиш. Некогаш земам по 1, некогаш по 5. Многу ги сакам книгите така да библиотеката ми е едно од најчесто посетуваните места. :)
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Jaс сум зачленета во нашата гратска библиотека скоро 2 год и пред ова лето ја посетував и 2 до 3 пати неделно, пошто бев ептен унесена во книгите.Некогаш кога сакам да излезам од дома, а сама немам каде да одам едноставно одам во библиотеката и се качувам горе меѓу полиците и си губам еден добар дел од времето.Проблемот во нашата библиотека е што ти дозволуваат да земаш само една книга, јас сега со 2 год членство имам привилегија и ми даваат 2 или 3 ако сакам ама на почетокот немаше шанса да земам повеќе и да ја задржам повеќе од 10 дена.Сега често ги задржувам по 2 недели...ако зачитувам нешто друго или немам време да ги вратам.
    Кај нас членството е ефтино 150 годишно, ама проблемот е што библиотеката е мала и има малку наслови и ужасно нечутиви библиотекари |( Пред некој месец знам дека и стигна нова пратка, нови наслови и убави книги и одам да си барам и тој ми вели аа девојче не сме ги изложиле уште, а мене ми кажа школска дека земала од новите и јас се изнервирав и се качив горе и таму има една врата што никогаш немам влезено во неа, сега се прикрадов и кога влегов има што да видам, 3 рафтови полни нови и стари книги...огромни рафтови и ваква бев :o како да сум нашла скрено богатство.Ногу се израдував и се загубив не знаев што да земам, потоа кога одбрав не ни приметија дека се од новите од толку што се незаинтересирани.
    Како и да е го сакам мирисот на книгите, тишината на библиотеката и огромните рафтови, стварно се одмарам меѓу нив.Сега сум на мисија да си направам домашна библиотека, си ги купив веќе прочитаните што знам дека сакам вечно да ги имам...неколку добив на подарок и ми се збогатува полека.Одсекогаш сум и се восхитувала на луѓето со домашни библиотеки, убавини.Токму и поради библиотеката мислам дека Играта на Ангелот и Сенка на ветрот од Зафон ми станаа омилените книги, токму поради приказната за Гробница на заборавените книги, која ме маѓепса целосно.
    Мене па повеќе ми прават ќеф книги од втора рака, старите оние кои биле во многу сопственици, кои поминале низ толку многу раце...како што прочитав во една од нив, тие ја содржат душата на секој оној кој ги читал и кој уживал во нивните страници, волшебни ми се, за разлика од новите, ама им се радувам и на едните и на другите.
    Сега пошто сум во Скопје на факс сакам да се зачленам во некоја тамошна библиотека за да можам и читалната да ја посетувам, пошто за слободна литература не знам колку време ќе имам.
    И да уште нешто морам барем еднаш во мојот живот да се загубам меѓу рафтовите на една ваква прекрасна библиотека.

    Real Gabinete Portugues De Leitura Rio De Janeiro , Brazil
     

    Прикачени фајлови:

  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    22.915
    Пол:
    Женски
    Еднаш неделно, ама земам по 2-3 книги :) Почнав да читам пред 3 месеци и сега неможам без книга :lol: а претходно немав голема навика да читам :$ и сега го надополнувам изгубеното време. Апсолвент бев лани имам уште 2 испити за в зима и сега сум целосно посветена на читањето ;)
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Библиотеката ми беше мојот втор дом.
    Велам ми беше, затоа што сега ја посетувам просечно еднаш во две седмици, заради обврските. А колку би сакала да не е така.

    Членство 250ден., за секоја книга по 15ден. и земаш колку книги сакаш-неограничено. Затоа земам по четири книги, па ги враќам за една/две недела, ако успеам да ги дочитам затоа што сега имам многу за учење.

    Сум доцнела со книги и повеќе од 15 дена, но библиотекарката ме знае многу добро, дека сум чест посетител и ми простува, да не платам ‘казна‘.

    Сакам да се зачленам повторно во некоја библиотека во градов, па кажете ми свои впечатоци, која е подобро снабдена, даваат книги на сите возрасти..
    ‘Страшо Пинџур‘, онаа кај Билна или Градската библиотека?
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Мене Страшо Пинџур не ми се допаѓа како библиотека. Една другарка беше зачленета таму, па сум била со неа. Не можеш да си бараш по полици, само да побараш одредена книга, а јас обично не знам што да земам и сакам да си тарашкам. Така да Браќа Миладиновци се подобри во тој поглед.
     
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Ај нека пише некој кој е зачленет во грдската библиотека „Климент Охридски“ во Битола,
    дали одиш, им ја бараш книгата која ти треба или ти дозволуваат да шеташ по полици се додека не најдеш книга која би ти се допаднала?
    Мислам дека барем некој ќе разбере што сакам да прашам?! :D
     
  7. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Вака,јас деновиве ќе се зачленам во библиотеката кај билна аптека што е,250 денари е членство,уште колку треба да се доплати за да може да се користи читалната ? и дали на секоја земена кинига се наплаќа и по колку ?

    Јас иам ГОООЛЕМА дупка во знаењето :$ ,како мала многу малку читав книги,понекогаш во поголемиве маркети кај што има книги знам да се изгубам во рафтовите за книги и да ги читам малите текстчиња позади книгите нели тоа за што се работи во книгата,и тука се раѓа мојата желба за читање,меѓутоа немам мир дома немам кај да читам и тука умира желбата за читање,а слободно време,па да имам,затоа сакам да доплатам и да ја користам читалната да си ја прочитам книгата во мир,а и кога ќе сакам да одам некаде кога некој ќе ме налути,сигурна сум дека тоа ќе биде мојот мир. :)
    Поздрав и чекам одговор. :)
     
  8. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Да, совршено те разбирам :)
    Да ти одговорам на прашањето - многу ретко се случува да пуштат некој да ја побара книгата по полици, претежно викаат да си одбериш од некои од книгите што се вртат таму. Ќе влезеш зад пултот, има неколку полици со книги и то е то. Ако бараш некоја книга специјално треба да ги молиш да станат да ја побараат.

    До пред некое време одев често во библиотека, ама во последно време немам стапнато. Членската карта е поскапена од 150 на 250 ден, за секоја позајмена книга се плаќа 10 денари, а фондот на книги е се уште ист. Уште се вртат џебни романчиња печатени на рото - хартија од пред 50 години. :^) Со моето темпо на читање навистина не ми се исплаќа да одам во библиотека. Почнав од нет да симнувам книги на англиски или на српско-хрватски јазик и немам потреба од библиотека.
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Па ја посетувам еднаш неделно. ;)
     
  10. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    Идам секој петок, и си земам по 2-3 книги :)
     
  11. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    Посетувам еднаш на недела, а некогаш и на две,а земам по 2 книги. За жал не дозволуваат по повеќе :^) Инаку членството е 200 денари за возрасните. :)
     
  12. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Сега сум во можност финансиски да купувам книги и да го остварам мојот сон да имам моја мала библиотека.
    Но не беше отсекогаш така.
    Еден период собирав пари да се зачленам во библиотека и мислам дека тие 200 ден максимално ги користев.
    Секој ден бев таму,бидејќи не работев имав слободно време да читам.
    Вработените беа навистина љубезни па често пати ми дозволуваа да земам по неколку книги.
    Сега скоро не сум била но планирам да одам,повторно да лутам низ полиците со книги. ;) ;) ;)
     
  13. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Јас сум член на 2 библиотеки во мојот грат едната е школска библијотека од неа обично ги земам лектирите што ми се за во школо бидејки сепак библиотеката не располага со голем избор. Во гратската библиотека членството е 100 денари за цела година и не се наплаќа за земање книги рокот е 10-15 дена но дури и да го пречекориш рокот не те следува казна. Дозволено е да шеташ само низ еден дел од книгите но сепак која и книга да ја посакаш ако ја имаат ќе ти ја дадат. Дозволуваат да земаш од 1 до 2 книги.
     
  14. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Зачлената сум а членството за возрасни е 250 а зајмување на книга 5 денари па ако доцниш книгата денот по 5 па како што вообичаено ги каснам книгита по повеќе дена за исвесен период ќе треба кредит да кревам за да си го платам долгот в библиотека :tmi: :lol:
    Иначе би сакал да можам да купувам книги,и купувам но само до толку колку што можам финансиски да си дозволам друго си земам од библиотека,и гледам во последно почнаа да носат понови книги па така да можам да се задоволам и со тие книги од библиотеката.
    Иначе ја посетувам 4-5 пати месечно :)
     
  15. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Јас не сум баш по читањето, па така одам во библиотека само кога треба да земам некоја книга што ми треба за во школо :)
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Многу често ,повеќе одам в библиотека одкако во маркет :)
     
  17. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Зависи колку книги сум земала и за колку време ги читам. Во мојот град членството е 150 ден цела година. Дозволуваат и по 5 -6 книги да се земат, и нема некое ограничување кога треба да се вратат. Јас земам книга ја прочитам па ја дадам на другарките, некогаш се влече и со месеци. Во школската библиотека е бесплатно но таму можеш да земеш само една книга а и нема некој голем избор на книги, не дека во градската има туку нема од каде да си купам + немам средства.
     
  18. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас ја посетувам 1 месечно
     
  19. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе сакам да си ги купам и да си ги имам дома така ми е некако подобро :) е сега пошто сме со ограничени средства, тоа е што е, мора да се посетува и библиотека, годинава сеуште не сум се запишала во библиотека, дали дека имам за читање уште 2-3 книги па одложувам, инак кај нас членарината е 200 денари, 15 дена задржување на книгата, иако тоа не верувам дека сите го почитуваат, за поголемо задржување не се доплаќа, има и нови книги, е сега затоа што библиотеката е една а има лѓе кои читаат често е случува и да не знаеш што да земеш од причина што поголем дел ти се читани.
     
  20. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51