Не одам често. Порано бев зачленета, не сум повеќе. Поубаво ми е да ја имам книгата дома, на полица. Но сум со намера повторно да се вратам меѓу рафтовите.
Ич често Многу нечесто Крадам, позајмувам или купувам книги Нормално знам дека тоа не е убаво, ми се свиѓа мирисот на книгите (ама оние старите) од библиотека, во средно земав, а сега нее.
Убаво катче е библиотеката.Кога бев мала дома со другарки секогаш си игравме библиотекарки ,ке ги наредев сите книги ,картончиња и почнуваше играта,секогаш ја сакав тетката во библиотека што издава книги ,се замислував секогаш дека еден ден сакам да ја работам нејзината професија.Се одалечив од темата но знам од мала си ја сакам библиотеката. Одам колку ми дозволува времето и можам со саати да ги читам насловите на книгите ми причинува задоволство.Да вчера бев и земав книга по препорака на библиотекарката ''Само најсекси маж кој постои ''од Џули Џејмс.Се канам да почнам да ја читам. Во мое време кога студирав со денови одев во библиотека да учам таму беше тивко и топло.
На секои десет дена Обврска која без проблем си ја извршувам...Библиотекарка-моето совршено работно место,се надевам можеби еден ден
Дефинитивно купувањето книги повеќе неможам да си го дозволам. Па така, барам од вас препорака во која библиотека да се зачленам.. И ако може подетални информации што-како, чланарина ово-оно да ми кажете. Одамна се немам зачленето во библиотека, ехе добри 4,5 години, и скоро да имам заборавено како одат работите со земените книги.
Порано знам бев зачлената во една библиотека во мојава населба. И скоро секоја недела идев по нова книга дека во тој период си имав доста слободно време и многу читав. Сега слабо идам по библиотеки, но би сакала да се зачленам летоска во оваа главнава во Скопје што е
Порано одев почесто.Сега одам многу поретко,зафатена сум,а и имам доста непрочитани книги на полица,па прво тие да ги завршам,онда све друго иде.Иначе за тоа дека сите преку привилегирани лица си земаат најнови книги,колкав број сакаат,тоа да.Ама ја земам најчесто кога одам по 2-3. Иначе сум зачленета у Браќа Миладиновци и многу ми е интересно секогаш кога ќе влезам е тишина внатре.Се слуша само крцкање тоа што одиш. Во библиотекава има избор,иако се доста старички книгите.
Многу сакам да одам во библиотека во оваа нашата градска можеш да си изнајмиш и 20 книги но мора да ги вратиш по 3 недели еден ден касниш 20 центи на книга знам ена имав 7 книги изнајмено заради една семинарска задача и закаснав 5 дена си платив некаде околу 7 евра ама ако си га научив лекцијата...
Многу ретко . Не читам многу книги, најчесто се лектири. Ги позајмувам од некоја другарка, ги читам и ги враќам.
Често. За книги кои не сум сигурна дали ќе ми се допаднат ги земам од библиотека па ако ми оставаат впечаток ги купувам оти верувајте ни мене не ми е лесно, не можам сите да ги купам немам веќе место. Минатата година бев рекордер околу 250-300 книги имав земено за една година. А да не броиме и дека нешто од домашна библиотека си читав и си препрочитував. Е то е. :geek: Ме научија тие што работат, не ми прават проблеми. Земам 4-5 книги и ги враќам за една недела а и да се заборавам ако ме отупе некоја книга ништо не ми велат. Но, во последно време не одам толку често бидејќи имам во домашна библиотека нови книги и така.
Па тоа кај мене зависи од обврските и смените на училиште, зашто ми е мачно да одам по втор пат во чаршија и тоа само за до библиотека. Најчесто одам кога сум втора смена, на првиот празен час. По некоја груба пресметка, еднаш на две недели, со оглед на тоа што оваа година почнав да читам повеќе книги кои ги имам дома, од тато или брат ми. Минатиот пат кога плаќав чланарина, на картончето мое пишуваше дека сум зачленета од 2004 година. Се зачудив, како лани да беше моментот кога со тато за раче влегов во библиотеката и се радував дека ќе навлезам во магичниот свет на книгите. Чланарината е 200/250 денари, не се наплаќа дополнително при земање на книга, за бројот незнам дали има ограничување, а рокот (на картичкава барем) пишува дека е 10 дена. За секој нареден ден се наплаќа по 5 денари. Се има случено и 1 месец да закаснам, но го избегнав плаќањето. Ух. Единствено што не ми се допаѓа кај библиотекава во Охрид е тоа што не можеш да отидеш сам да бараш книги низ полиците. Тоа ми е огромна желба, па се надевам дека во скоро време ќе се реализира. Има една многу фина библиотекарка која ми препорачува убави книги и не и е тешко да стане и да ја побара потребната книга. Како малечко дете се радувам кога ќе влезам и ќе видам дека таа е тука.
Јас сум зачленета во библиотека, меѓутоа кај нас максимално можеш да земеш 3 книги и треба да ги вратиш за 15 дена, доколку задоцниш си плаќаш парична казна. Баш пред неколку недели сакав да земам 2 лектири и библиотекарот ми рече дека не можело да се земаат по 2 лектири, затоа што имало многу ученици. 3 книги може да се земат, а само една училишна лектира Глупости, али тоа е Има доста голем избор на книги, така да кога ќе влезам не можам да се одлучам која да ја земам
МАгијата сто се дозивува од миризбата во библиотеките и дозивуваме екстаза е не опислива.Јас редовно посетувам библиотеки не само поради магијата,туку и зелбата да процитам несто интересно,со вика баба ми да се просветлис И јас цленувам во библиотеката Брака Миладиновци и сосема го оправдувам покацуванјето на книгите за изнајмуванје од 10 на 15 ден.Со тоа се добиваат сретства за збогатуванје на фондот на книги во библиотеките,дека без тие сретства не е возмозно да се функционира правилно.