Не ум влегла во библиотека веќе 1 година. Ама не за друго, лектирите за у школо си ги земав сите ова време од кај стрина ми, а сега преку летото ветувам дека ќе се зачленам и ќе читам. Колку е зачленувањето?
Зависи каде,мислам 100, 150 или 200 Јас сум зачленета во Брака Миладиновци и плаќам годишно 150 бидејки сеуште учам во средно иако имам 18 год.,а на секоја книга што ќе ја земам давам 15 ден. За деца мислам за во основно 100 За кои што се во средно 150 За возрасни 200 И за пензинери 150 мислам Вака се плака во Брака Миладиновци Ти каде сакаш да се зачленш?
сум член во Брака Миладиновци-ама ретко позајмувам книги а мислам да се зачленам во Италијанското катче на св. Кирил и Методиј се вика Данте Алигери
Многу често. Во текот на учебната година за лектири, а поретко за слободна литература, бидејќи немам време. Но за време на распуст секој трет ден. Од годинава во библиотеката ни е дозволено и по две книги да се позајмат одеднаш,така да сум презадоволна и со чест ја посетувам.
Често посетувам библиотека... Ми се допаѓа читањето, но ретко да ги има оние книги кои што сакам да ги прочитам па така морам да купам. А инаку и лектири зимам но тие не ги читам
Редовно..иако ме нервира што немам пристап до книгите.Многу би сакала јас да нурнам и јас да си изберам.Вака морам да одам со претходно направен список или да се задоволам со нивниот вкус.Ме нервира тоа баш многу,а и тоа што го барам тетките не умеат да го најдат.Освем една и гледам секогаш да ја погодам на смена И по дифолт имаат проблем со компјутерот
Многу често затоа што многу сакам да читам, а книгите кај нас (барем повеќето) имаат смешно високи цени за наш буџет.
Библиотеката ја посетувам па на една недела Иначе зачленувањето кај нас е 200 денари без разлика на возраста.
Јас летно време искрено кажано ја мразам библотеката сите што преку годината на книга не и текнува и слушнале за на плажа со книга прекулето се главни ќе отидат ќе ипоземаат книги и со месеци не ги враќаат. Вистина тоа одамна го имам приметено колку помал избор на книги има преку летото тој период сите се читачи.
Еднаш или два пати во неделата. Ама искрено со секое наредно одење, многу се нервирам. Каков однос имаат па спрема читателите. Страницата на интернет воопшто не е точна и не е поврзана со нивните компјутери, ми се има случено на страницата да пиши дека книгите се слободни, таму чекаш за џабе (книгите по 15тина минути ги бараат) и со празни раце да се вратиш дома А,книгите се многу скапи за нашиот македонски стандард.
Во последно време воопшто не ја посетувам. Не дека не сакам да читам или нешто слично, ама библиотекарките и библиотекарите имаат многу груб и неучтив однос. За книгата мораш да плаќаш секој ден. Ако е 7 дена книгата кај тебе не знам колку, па ако ја закасниш тешко тебе. Ааа извинете ќе ве молам. Ако сакав да плаќам за книга ќе си купев од саем
Се зачленив во библиотеката Браќа Миладиновци во Авто Команда во Скопје, отприлика пред еден месец, бидејќи предходно немав потреба. Сега ќе бидам втора година средно и предходно земав книги од училишните библиотеки и бидејќи се јави потреба за земаше лектири за преку лето за мене и за мојата помала сестра ( сега е за трето одд.) се зачленив. Цените се исти како и во градската библиотека. Библиотекарката не е ни фина, ни арогантна. Досега ги имаше сите книги што ми требаа, а не каснев со враќањето, па ќе видиме понатака
Имам периоди кога за една недела сменам три книги а ми се случува понекогаш и две недели да се влечкам со една книга. Кај мене ситуацијата е друга, јас немам проблем со казните. Ниту пак со библиотекарките затоа што мојата тетка е библиотекарка па затоа ако може така да се каже имам голема предност. Играм прљаво. Ама се е џабе кога и немам којзнае колкав избор. Моментално сум на stand by оти членството ми истече, па планот ми е да се зачленам во градската библиотека во Битола дека таму ќе го поминувам поголемиот дел од времето. Ќе ми каже ли некој колку е членството? (Не дека тоа ќе смене нешто.) И како оди целиот процес кога сакаш да земеш книга. Еве на пример тука, сам си ја бараш книгата низ полиците а таму слушнав дека компјутерски ја пребаруваш дали ја имаат. Чисто информативно.. колку да направам споредба со тука и таму.