Јас многу сакам да читам,меѓутоа во библиотеките кај нас нема избор воопшто.Например јас побарав некои тинејџерски ми рекоа дека немале.Па сеа јас со 13 години сигурно нема да читам некои книги со содржина за повозрасни-којашто ми е досадна..И тоа е причината што не ја посетувам баш често.
Идам на секои две недели бидејќи сум зачленета во библиотекава Браќа Миладиновци и секогаш земам по три книги
Два-три пати месечно. Зависи од слободното време, некогаш и не одам. Кај нас не даваат да земаш по две-три лектири, ќе можам да земам само ако сум над 18 години.
Здраво феминки! Не знаев каде да го поставам прашањево, но дали во Националната Библиотека во Скопје мора да бидеш зачленет за да отидеш во читална да учиш? Логично е да не, ама ај реков да прашам?
На суптилен начин кажано, ми ги знаат личните податоци без да му ја дадам членската картичка Лани, бидејќи земав книги и ги враќав по два дена (прочитани), вработените ме испрашуваа за содржината за да се уверат дека навистина ги читам :geek: . А јас сум страствен оратор, па нивни ризик беше ако ме поттикнат да се отворам за моите импресии од делата.
На 10 или 7 дена одам. Ми даваат и по 2 книги. Сега има рок ако не ја вратиш за 15 дена плаќаш нешто минимално. Убава навика е читањето.
Обожавам да читам но во оваа нашава биб. нема многу избор! Баш штета... Инаку често си одам,скоро секоја недела.
Јас секоја недела одам во библиотека и земам по 2 книги,а понекогаш знам да земам книга и за повозрасни,па библиотекарката ми се чуди,на мојот избор.
Планирам да се зачленам во библиотека, освен оваа Браќа Миладиновци што е накај рампа, околу центар има негде на др место? или накај бит пазар? Бев во средно зачленета во Браќа Миладиновци ама не се сеќавам, колку беше членарина? Добро ли е снабдена со книги, ги има ли на пример од Николас Спаркс, Гијом Мисо.. ?
Можам да речам дека пречесто ја посетувам, посебно откатко сум во возрасниот оддел, еднаш книга за релаксација, еднаш лектира па врати ја, па продолжија но сега практикувам по телефон да ја продолжам. Искрено градската библиотека во Битола е прилично снабдена во последниве 2-3 години. Ме изненадија со новите книги што ги имаат.
Знам дека освен во зградата на Кјуби има и до градежен факултет библиотека на Браќа Миладиновци. Чланарината мислам дека им е 250ден. (може за студенти и ученици да е и помалце, ама не ме држи за збор) и плаќаш по 15ден. за секоја земена книга Имаат секакви книги - Спаркс, Мисо, Стил, Робертс ... од сите автори и жанрови, е сега нели и среќата како ќе ти се погоди во моментот, дали е книгата издадена или не
Доста често-многу сакам да читам колку што ми дозволува времето,па така да на секои 15 дена земам нова книга,некогаш и побрзо од 15 дена
Мислам дека и во Чаир има Браќа Миладиновци, е сега ако си зачленет во една само од таа можеш книги да зимаш или и во другата? зошто во средно знам зимав и од таа во Центар и од таа во Чаир и сега не знам дали и во двете сум била зачленета или... И да порано беше 10 ден за секоја книга, значи сега покачиле : ))
Идам и во градската и во школската библиотека неколку пати во неделата и понекогаш ми се случува да се изгубам во книгите и да се задржам малку повеке па библиотекарката почнува да прави некои гримаси.Обожавам да одам во библиотека бидејки го сакам мирисот на книгите и тишината што владее таму