Еднаш на две недели и земам по две книги, ама заради училишни обврски неможам да си читам на раат. Да е до мене би одела секој ден ама тоа е тоа!
Порано многу често ја посетував ама последниве неколку години немам влезено од причина што книги купувам немам потреба да одам до библиотека... Чсто одам во таа од гимназијава ама само за лектири
Зависи кога како..во летото ја почесто посетувам за разлика во текот на учебната година.Ама во глобала често ја посетувам.Ако не сама и правам друштво на другарките хахаххаа
Книги - колку читате и што преферирате? Во државниве библиотеки има ли доста богат фонд на книги? Веќе две недели си туфкам да се учленам, али па ми е страв да не се избрукам со некои книги па да не ми речат нема ништо од тоа што бараш... Страшо Пинџур, оваа кај ДОС ми е најблиску и ефитна е чланарината за 6 месеци е 150 денари, а за изнајмување на книга е или 10 или 20, што се исплати нависитина да се изначитам до кај Октомври таму 10тина книги барем. Мислење од некој скоро зачленет и кој редовно си зема книгички од библиотека и некоја препорака би биле совршени за почеток.
Пораснав во и со библиотеката. Прв пат ја посетив кога научив да читам, на некои си 5 години во придружба на татко ми. Имав многу сликовници, ама сакав големи книги, па ме зачленија и постојано си земавме интересни детски книшки и книгишта. Уште не можам да ја заборавам онаа најдебелата која некогаш ми паднала в раце - ко од некое друго време. Два пати постара (и потешка) од мене, полна со бајки, сказни и приказни кои ги читав во еден здив. Со години си го обновувам членството во нашата ни Градска библиотека, имам добивано и подарок-книгички како редовен читател, нешто од тој тип. Без разлика дали сум на распуст или во екот на сезоната за учење, секогаш имам при рака нешто за читање и опуштање. Кај нас изгледа најниска е цената за изнајмување книги, услугата е само 5 денари, членската картичка важи 12 месеци од денот на запишување, а рокот за враќање е 15 денови и со секое задоцнување се плаќа казна чинам, 5 денари од ден. Како и да е, во последно време не сум задоволна од изборот на насловите - премногу чик-лит, премалку избор од звучните имиња. Побарав книга од Гијом Мисо, а одговорот кој го добив беше: Немаме, немаме ништо од Г. Мисо, девојче. Мислам, сериозно !? Не се ни осмелувам да побарам нешто од Мураками. Просториите се преубави и предобро опремени, се надевам дека ќе се поправи ситуацијата и со изборот на книгички.
Порано почесто,додека бев средно. Но,сега таа "задача" и припадна на мајка ми,јас и нарачувам или оставам да биде нејзин изборот за тоа која книга ќе биде следна.Верувам во неа
Кога бев во средно обавезно еднаш неделно, а понекогаш и двапати неделно. Откако сум на распуст понекогаш поминуваат и две недели пред да отидам. Кај нас новата директорка е многу добра и нонстоп носи нови книги, се труди да носи писатели, да одржува поетски вечери ама посетеноста е многу слаба, дури се нервирам кога луѓето нејќат да дојдат. Попрво ќе идат да слушаат Аца Лукас или Северина во некој кафич, ете.
Јас минатата година се зачленив во библиотеката...200 денари гидишна членарина На лето си земам најмалку 10 книги и си читам Земам книга и после 10 дена треба да ја вратам(толку е рокот за позајмување на една книга),а понекогаш се случува и порано да ја вратам,за 5 дена ја вратив претходната книга шо ја читав,а сега си читам нешто од домашната библиотека Во гимназијата имаме библиотека-кога сум во можност земам книга шо може да ми помогне околу нешто и така Не е се во шетање и одење во кафичи,Како рекле:Книгата е најдобриот другар...
за време на училиште во месецот највише 2 пати... за време на распустот ретко многу ретко, бидејки имам и свои книги, а и тетка ми ми позајмува така да ретрко посетувам библиотека
Во основно секој ден си бев таму ко вработена бев знаев сите книги каде стојат обожавав да читам секогаш барав некоја интересна книга за читање но и во средно не изоставив читање на книги е после на факултет факултетските книги ми беа доволни по 200-500 страни па многу ретко читам некоја книга
Најмногу одам завреме на школска година, во училишната библиотека. Секоја недела по 2-3 пати одам и библиотекарката ми вика дека немала кои книги да ми ги даде Сега се зачленив во гратската библиотека и таму има поголем избор, така да се почесто и почесто одам.
Што мислите за библиотекава Благој Јанчев Мучето - Струмица? Јас секоја недела наминувам и земам книги. Доста задоволна сум... И читалната кај е? Не сум прашала до сега. И да... Да не знаете некој број што им работи.
Во последно време ја посетувам многу често еднаш или два пати неделно. Супер е тоа што сега имам опција да земам 2 книги така да си зимам една за училиште што ми е и една слободна книга.
со години наназад не посетувам библиотека. додека бев основец и средношколец да ама потоа се што сакав да читам си купував и си правам моја сопствена библиотека
Во основно во библиотеката немало некој голем избор на книги па во Гратската библиотека бев редовна и ме знаеја. Редовна бев, секој втор ден, плус малку си идев и до читална (сега немам време за таму).