Кога бев член одев често во градската библиотека. Сега повеќе купувам книги (не дека се потребни, мама има направено цела колекција на книги, па секогаш имам што да читам). Не ја сакам училишната библиотека. Исто така не ја сакам библиотекарката која (кога одев) не ми дозволуваше да земам некоја книга затоа што била за поголеми од мене. Добро бе, јас само лектири ли смеам да чиатм?
Сам свој библиотекар Cobiss е систем наменет за евидентирање на инвентарот во јавните библиотеки, функционира во десетина држави, а македонската верзија е достапна на следниот линк http://www.vbm.mk/cobiss/. На првата страна има форма за пребарување во која може да барате по наслов, автор и сл, добиените резултати ќе бидат од сите библиотеки вклучени во системот. Клик на линкот „Пребарување на граѓата“, под „Пребарување“ на горното навигациско мени ве води на нова страна каде можете да изберете библиотека. Во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ се чува примерок од секое издание на македонските издавачки куќи, па тука можете да проверите за билокоја книга од кого е издадена (а после во „Јавни библиотеки“ дали е достапна во вашата јавна библиотека). Покрај наслов и име на автор, постојат уште десетина параметри по кои може да се пребарува. Меѓу нив , барем според мене, многу е корисна опцијата „Клучни зборови“ за брзо да добиете список на литература на одредена тема.
Колку е зачленување во библиотеката Климент Охридски, Скопје и изнајмување книга? Пред некој ден, видов на страната имаше месечно, неделно зачленување и еден куп други работи. Ама сега нешто не ми отвора, а ми треба. Somebody?
Слабо. Повеќе сакам да си ја купам книгата, да си ја прочитам и да си ја ставам во мојата домашна библиотека.
Имате ли земено книги од МАНУ? Ми треба нешто литература да најдам,па ме упатија таму.Ми кажаа дека нема потреба од зачленување,а не знам ни работно време Извинете,може темава не е соодветна за моево прашање,ама незнаев каде да прашам.
Слабо, барем не толку колку што би сакала, прво бидејќи е слабо снабдена и гратската и школската , во школската ги има само делата и лектирите кои ги земам комплет во уште во јуни оти во текот на годината е речиси невозможно да се најде книга, во гратскта има наслови само од типот НОБ,Тито,Животот и делото на ТИТО 1,Животот и делото на ТИТО 2,..., и така до бесконечно и назад... повеќе личи на музеј за Југославија отколку на гратска библиотека. Имам огромна желба за читање но време слободно немам воопшто дури ни преку лето немам онака слободно време за да се посветам само на книгара и на себе, сакам и да си купувам книги но за жал финансиски тоа неможам да си го дозволам и така среќно сега за сега ги читам само делата лектирите некој предговор или поговор ако случајно ми пане во рака и така
Јас ете утре ќе си земам книга стручна литература за Индијанците во Америка од библиотека...сега таман до 20ти јануари не се учи,ќе си читам шо сакам Е токму вака е со добрите книги. Тие се фенер во ноќта кој ви го осветлува патот. Читајте!
Книги кои се достапни во библиотека Најчесто си барам овде книги кои ми го привлекуваат вниманието и така среќна јас одам во библиотека со куп книги изнапишани на бела хартија и за мое тотално разочарување ниедна од нив НЕМА!! Паа, имате предлози на книги кои се убави и сигурно би требало да ги поседува една обична градска библиотека.. Надвор од разговор: Spoiler Би можела да земам повеќе книги од библиотека одеднаш? затоа што еднаш одбрав три и таа ме искара
Во библиотека не одам многу често, зошто поубаво ми е книгата што сакам да ја прочитам да ми е купена и да ми остане. Како што напоменав погоре, не одам многу често, еднаш во пет месеци. Но кога сум таму, останувам по саат ипол-два. Ја обожавам миризбата на книгите, да се шетам околу регалите и со саати да бирам кои книги да ги земам и да ги прочитам. Ретко одам, но кога одам искористувам до максимум!
На секои 2 недели одам во библиотека и земам по 2-3 книги. За распустиве одам почесто, бидејќи тогаш имам многу повеќе време.
Малце е вон темата но ме интересира дали некој изгубил книга и колку платил? Јас инаку сум зачленета во Браќа Миладиновци во Кисела Вода и не можам да ја најдам книгата :/
Често. Два до три пати неделно. Утре треба да си обновам членството. Сакам да седам низ библиотеката, да разгледувам и сама да си одберам книга што сакам да ја читам. Чувството кога одам низ рафтовите со книги, особено ако се некои стари книги е неописливо.
Не одам многу, не сум ни зачленета зашто не ми се даваат баш 250 ден за библиотека и плус да доплаќам коа зимам книга, а и пошто многу сум терсене, сакам сите книги што ги читам да ги имам дома така да супер ми е.