во градов кај што живеам отворија нова библиотека пред 1 година и многу е убава , одам секоја недела си земам книги, филмови , магазини и такви работи иначе најдобра работа е што не се плаќа за зачленување едноставно одиш , кажуваш име и презиме и си ваѓаш картичка засекогаш трајна .. библиотеката е 2 спрата и полно е книги какви сакаш има и DVD филмови полно посебно овие поновите што неможеш да ги гледаш онлајн .. библиотеката е единственото нешто за оваој град што би рекла Алал да им е што ја направија !!
^^Не се плаќа за зачленување ? Има и филмови ? Од кај си ? Која е таа прекрасна библиотека ,жити се ?
^ Леле стварно, не можам да се изначудам. Во библиотеката во мојот град се плаќа 150 денари годишно за членарина, + по 10 ден. за секоја книга што ќе ја земеш. И не е дозволено да влегуваш во просторот каде што се книгите, а на библиотекарките најчесто ги мрзи да си го мрднат газот да побараат и лажат дека ја немаат книгата. ilent: И затоа или си ги купувам книгите што сакам да ги читам, или ја праќам мајка ми, затоа што сепак таа е повозрасна (да не кажам постара ) и не се осмелуваат да ја лажат толку. RockNroLLGirL кажи кеде живееш, веднаш се селам таму, зашто тука е катастрофа.
Многу сакам да читам, но во летниот период од креветот неможам да станам, не пак да читам. А преку зимото,пролетта секоја недела сум нацртана и обоена во библиотеката.
во чикаго сум америка една библиотека напраја асолна ја реновираа сега пред 1 год. иначе старата беше за никаде.. не зборувам за главната библиотека од градот оти јас малце настрана живеам и има друга библиотека
Јас до полани 10 Јуни не бев зачленета во градска со школската бев и книги читав нешто купував и лани се решив штом завршвам со школо и се за зачленувам во градска..и од тогаш секоја недела редовно по 1-2 книги си зимам секогаш и тоа ден за на библиотека ми е четврток друг ден не прифаќам појма неам зошто некако традиција ми станА. Инаку плаќаш 100 ден годишно и тоа не ти е ограничено времето кога да ги вратиш и може да се зима по 3-4 книги мислам јас по толку сум земала и немало проблем
Јас ја сакам библиотеката, ја посетувам не баш често затоа што и си купувам книги а и друштвото со кое се дружам си читаат книги па си менуваме.
Редовно одам.Во месецот може и 3-4 пати ќе ја посетам.Само библиотекарките не се услужливи,обично мрзливи се и мора од полица нешто да изберам,а нема голем избор... Баш најубавите книги им се кај нив,во посебен влез.. А за книги имам и за извоз од дома,ама никогаш доста од нив
Најубава ни е .Поарна здравје.Не дека е катастрофа,но често се случува во „нашата“ градска библиотека да се земат книги по врски и потоа да не се вратат. :geek:
За жал, воопшто не посетувам библиотека!!! Немам во близина, а ни „успат“!!! Но, тоа незначи дека нечитам книги - читам се што ќе ми дојде до рака... Но, пред 30 -тина години бев хипер активен посетител на една скопска библиотека... Во периодот од 5-то одделение до 4 година средно два пати неделно одев во библиотека. Со една другарка се „натпреварувавме“ која ќе прочита повеќе книги!!! И така недела по недела, се до моментот кога библиотекарот не ни рече - е сега нема веќе книги што се за ваша возраст, а не сте ги прочитале... Па така почнавме да читаме огромни дела како „Гричка вештерка“, „Анџелика“... и други ...
Два пати неделно земам по две книги и ги врќаам наизменично и земам нови само што сега нешто ново што вовеле во бибчиотеката е плаќање на амортизација од 5 денари секогаш кога ќр ја вратиш книгата значи јас тоа е невидено ја затоа плаќам кога се зачленувам за да земам без пари а не секогаш да плаќам тоа ми оди на живци што мислите вие?
Тоа е амортизација за книгата. Според мене 150 денари за зачленување и 5 ден по книга за амортизација не е воопшто многу. Што се 5 денари за да тие ми влијаат дали да земам книга или не , а на нив сигурно им врши работа. Треба да се платат вработените, да се сменат книгите што се оштетуваат, да се донесат нови книги . Сетоа тоа е трошок и треба од некаде да се покрие, што тешко се постигнува со 150 ден по читател годишно.
Охо тоа е ептен многу овде се плаќа 150 годишно и 5 денари за секоја книга ама поевтино е сигурно затоа што не е во скопје.
Двапати месечно. После подолг преиод, пред неколку месеци пак почнав редовно да ја посетувам библиотеката, чувството да си назад помеѓу книгите е незаменливо