Во денешно време многу се ретки луѓето (особено младите) кои одделиле малку време за да ја прочитаат Библијата. Вие сте ја прочитале ли? Ако ДА дали ви се допаѓа? Дали ја сметате за поучна и дали им ја препорачувате на другите? Јас лично ја читав пред 8 години, ни беше дело во средно - 4-те евангелија и дел од Стариот завет. Не се сеќавам многу, знам дека некои делови ми беа многу поучни, но едно нешто ми остави многу голем впечаток, а тоа беше песна за љубовта. Ја најдов на Интернет па еве ја мислам дека ќе се согласите со мене Прекрасна е. Можете да пишете и цитати или делови кои вас ви оставиле впечаток. Првото послание на апостол Павле до Коринтјаните: „Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам - ако љубов немам, ништо не сум. И да го раздадам целиот свој имот, да дозволам телото да ми изгори - штом љубов немам, ништо не ми користи. Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло; на неправда не се радува, а на вистина се радува; се извинува и во се' верува, на се' се надева, се' претрпува. Љубовта никогаш не престанува, а другото - ако се пророштва - ќе престанат; ако се јазици - ќе замолкнат; ако се знаења - ќе исчезнат. Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме; а кога ќе дојде совршеното - тогаш ќе исчезне делумното. Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж - го оставив детинското. Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш - лице в лице, сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат. А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта. Најголема меѓу нив е љубовта.“
Леле преубава е. Уште и химна на љубовта ја викаат. И јас така како тебе сум ја читала Библијата кога ни беше за лектира во прва година и стварно делото е незнам.... дефинитивно и очигледно поразлично од се досега што сум читала. Не за џабе ни е света книга. И некако многу мир дава ако стварно веруваш во тоа што го читаш.
Првото послание на апостол Павле до Коринтјаните,поубаво нема од тоа сто го кажал апостол Павле.Сум прочитала делови од библијата,односно ја знам,знам што пишува во неа,и добро би било почесто да се чита,затоа што мислам дека човекот го прави почовечен,односно те учи на добро,не на лошо,и можам да кажам дека има позитивна енергија - добрина,љубов...Е сега прашање е и кој,колку верува во Библијата,иако има и емисии на странскиве канали како History,Discovery,во кои тврдат дека постојат повеќе евангелија,дека не се само 4,и плус дека нашле уште една библија,како и тоа дека наводно бил најден гробот на Исус,иако и да бараат нема ништо да најдат.Но ја викам дека тој што верува во Библијата,нема да се сомнева,да бара докази со цел да ја направи невистината.Книгата е напишана некогаш,од некого,од многу од одамна,кој го што го видел и доживеал тоа што го напишал.Таква е каква што е,ако сакас да веруваш,верувај.
Сум ја читала пред можеби 10 години. Добра е и поучна, иако тешко беше тогаш да допре до мене. Сепак ја читав со многу почит, тоа е книга стара 2000 години (новиот завет, стариот мислам дека беше околу 1400 пр.н.е.). Инаку ја читав за на факултет, цела средновековна книжевност се заснова на Библијата, па морав да ја прочитам да ми се разјаснат работите.
Се воодушевувам на оваа дело. Навистина има паметни и поучни приказни. Ја немам прочитано целата, имам повеќе прочитано од новиот завет, а поинтересен ми е стариот.
И јас имам прочитано само некој дел и многу се нервирам што ја немам прочитано целата, поготово што себеси се сметам за верник. А каков верник сум тогаш? А и не ми паднала во рака,ама од друга страна пак ова не е некое дело што треба само да ти падне во рака. Морам да си ја најдам и да си ја прочитам.
jas ja imam procitano ama odamna uste dodeka bev sredno,i mislam deka sekoj treba da ja procita,koga moze da se cita sekakva beletristika,zasto da ne se izdvoi vreme i da se procita biblijata,sekako deka e poucna no i treba da se znae,posto sme hristijani neli treba da si gi znaeme osnovite na religijata
Како можете да ја прочитате? Библијата е големо дело кое не се чита така лесно, бара време, трпение и размислување.
Velat deka Biblijata najubavo se cita ako sekoj den citame po 10str taka barem i ke ja svatime.Jas licno koga imam vreme go praktikuvam toa a so ogled deka brat mi studira na Teoloski nemam problemi okolu svakanjeto.Mn poucni se i Solomonovite misli...
zasto da ne moze da se procita?sekako deka moze..e sea moze ke ti odzeme vreme,ama pa nemora odednas moze postepeno malce po malce sekoj den.
Magic! Јас не ја имам прочитано Библијата,ама овој твој пост е доволна провокација да се потрудам да ја најдам и да ја прочитам...Прекрасно...Ако Љубов немам,ништо не сум...
Biblijata ne se cita kako kniga taa se proucuva vo sekoj slucaj dobro e i fino bi bilo da ima so kogo da gi komentirate poslanijata oti sekoj ima razlicito glediste .Kako devojka ja proucuvav biblijata a sega mi e zal sto nemama vreme da se potsetam na nekoj psalmi.
biblijata e pismo sto bog go ispratil do nas lugeto. taka sto sekoj sto veruva vo nego a voedno i go primenuva ke ima zivot vecen.verata i delata idat zaedno edno bez drugo se smeta za mrtvo.samoto pismo e od boga vdahnoveno sto znaci samiot toj e avtor na biblijata,i e korisno za poucuvanje ,popravanje,ukoruvanje i vospituvanje vo pravednosta,za da bide bozjiot covek vistinski sposoben i potpolno opremen za sekakvo dobro delo. 2timotej 3:16,17
Лале, Библијата не ни ја испратил Бог, и тој не е нејзин автор, мислам таман работа- свесна ли си за гршката што ја напиша??? Новиот завет е составен од 4 Евангелија, Евангелие по Матеј, Лука, Марко и Јован. Тие биле луѓе, обични смртници, кои во Евангелијата сведочат за тоа што го доживувале додека биле со Исус Христос. Стариот Завет е збирка од 50тина книги, а тоа се записи и белешки од непизнати автори, збирани во текот на 1000 години уште пред раѓањето на Исус. Содржи приказни, мудрости, изреки и многу поуки. Значи, уште еднаш Бог не пишувал и не испраќал книги на земјата. Тоа е кардинална грешка.
Библијата е нешто што секој верник треба да го има во својот дом, а кога ќе дојде време за читање, таа сама ќе ве "повика". Јас за жал не ја дочитав цела, иако едно време сериозно се зафатив со неа. Секако дека ми е поставено како цел пред мене - да ја прочитам. Многу ми е жал што во поново време стана тема на многу завери и глупави толкувања, тема на автори кои пишуваат книги само за да направат сензација, а уште повеќе ми е жал што има многу луѓе кои им веруваат на Ден Браун и нему сличните. Никогаш не ја прочитале Библијата, а ја толкуваат по тоа што го прочитале во тие книги, или во списанија.
Пред неколку години почнав да ја читам ,но остана недовршена мисијата да ја прочитам цела.За сите верници тоа е дело кое ја исполнува душата со спокојство и мир и мислам дека е убаво да се прочита со трпение и разбирање.Се надевам дека во скоро време ќе ја завршам со читање.
почнав да ја читам кога една другарка се испофали пред наставниците дека ја читала. и нели сите ја пофалија, па јас да видам што толку има таму да се чита. Беше тоа четврто одд. мислам Сите наставници тогаш ни брмчеа дека треба да ја прочитаме и се повеќе ученици ја започнуваа. Многу испреплеткано беше. Неможев да сватам кој на кој мајка, кој брат, кој вујко. И скокав, скокав. Читав таму кај шо ми е интересно. Имаше една рака која пишуваше на ѕидот. Тоа така сааалам го прочитав. На другото не се сеќавам.
Ја немам прочитано. Единствениот контакт со Библијата го имав кога ми беше потребна за испитот Старословенски. Имам чувство дека треба најпрвин желба, посветеност, трпение и љубов за читање на светото писмо, а јас признавам дека не поседувам ништо од горенаведеното.
Го имам прочитано Стариот завет и нешто повеќе од половина од Новиот,од повеќе причини,првата е требаше по желба во средно,а јас бев бубалица петкаш,втората заради ширење на видици и љубопитност па ја почнав по втор пат,ама овој пат повозрасна и поише акал,ме интересираше што е тоа што ни го држи во раце во најмала рака половина свет,трето ради аманет. Интересна е како мудрост и приватна школа за морал,етика и универзалноста и безвременоста на некои правила на битисувањето (да му се невиди,во литературата од средно го убија зборов,мора да се примени некад).Вака-така,кој не ја прочитал не знае колку е полесно да си живееш познавајќи ја (релативно,никогаш не можеш да ја познаваш во целост или пак да ја разбереш),а и без проблем ќе те насочи дали да видеш со религијата со која ја поврзуваат или не.Во секој случај,среќна сум што знам повеќе од најголемите и најпритресените верници.