Се слагам, апсолутно. И мене ми е една од омилените од Библијата. Ако зборуваме за Новиот завет, ќе се сложам дека има историска позадина, иако не за се она што е напишано постојат докази. Но, ако зборуваме за Стариот завет, морам да речам дека е далеку од историски приказ, туку дека се работи за приказни и тоа, ако можам да речам, и не премногу оригинални приказни - туку „позајмени“ од различни места. Приказната за Рајската градина потекнува од Зороастризамот, во која Ормузд го создал светот за 6 дена, а седмиот одмарал, а имињата на првите луѓе се Adama и Evah. Ова датира од 10 век п.н.е. Во Епот за Гилгамеш пак, Бог го создава човекот Енкиду од земја, по што живее во своевиден рај, се додека жената Шамхат не го искуши да проба овошје, по што стануваат свесни за сопствената голотија. По ова, принудени се да го напуштат рајот. Потоа пак, Енкиду се сретнува со змија, која од него го краде растението на бесмртноста. Звучи познато, нели? Приказната за поплавата, Ное и арката е апла превземена од Епот за Гилгамеш, т.е. приказната за Утнапиштим. 10-те Божји заповеди се исклучително слични со „заповедите“ дадени во едно од поглавјата од египетската Книга на мртвите, а богами имаат и доста заедничко со законикот на Хамураби. Од Зороастризамот исто така водат потекло и приказните за ангели и демони, рај и пекол. Ангелите дури имаат и ореоли. На светото тројство му претходат боженствените тројства од египетската религија: Амон, Ра, и Птах, од сумерската Ану, Енлил и Еа и од вавилонската - Иштар, Баал и Тамуз. И така натаму. Настрана од тоа што многу од приказните се позајмени од различни извори, за многу од нив е (научно) докажано дека не се точни - како потопот, за кој геолошките наоди тврдат дека не се случил, дрвениот брод на Ное, кој не е можно да се направи од дрво, егзилот на Изреалитите од Египет, за кој нема никакви археолошки докази, и уште многу други.
Спојлер Прво морам да ти кажам дека не знам по каква доктрина се водиш и каква деноминација ти претставуваш, ама имам приметено твоите постови и порано и морам искрено да ти кажам дека не се согласувам со твоите учења. Како можеш да го отфрлаш дел од Светото Писмо бидејќи наводно бил пишуван под демонски влијанија, а другите делови( според твоите оценки и стандарди) се во ред? Се извинувам ако грешам, ама ти се декларираше како христијанин или не? Бог е еден и не е променлив. Го нареков старозаветни Бог, не дека е различен туку во друг контекст зборував, за Неговите Закони, она што денешен христијанин веќе не живее. Не доаѓа спасение преку извршување на Законот. Бог имаше план да преку Законот (Стар Завет) човекот биде пресведочен за својот грев. Нели "каде нема закон нема ни грев" за да во право и одредено од Бога време дојде Исус, совршениот богочовек, кој тој Закон ќе го исполни и тогаш да го навести Евангелието. Стар закон е Закон, Новиот е Евангелието. Библијата носи порака за закон и евангелието. Преку закон доаѓаме до спознаја за гревот, без закон грев не постои нели. А евангелието е добра вест дека има Спасителот кој може и не избавува од гревот. "Плата за грев е смрт, а вера во Исус е живот вечен. " Тоа е Стариот и Новиот завет кои сепак не можат еден без друг. Бог и во двата Завети е ист. Ако се обрати внимание, Тој е и во Стариот завет и милостив и сочуствителен и праведен, се грижеше и го избавуваше Израелскиот народ иако не беа заслужили. Ги застапуваше, беше ревносен за нив, за нив правеше чуда, копнееше кон нив додека тие му го свртуваа грб и беа неверни и после толку чуда и дела. Тој ги беше избрал преку нив, во Неговото определено време да дојде Месијата, совршениот богочовек, кој би бил за цел свет, надвор од Израелскиот народ. Бог во Новиот завет е исто таков, милостив и сочуствителен и праведен. И ревносен за својот народ, сега веќе не само за Израелците. Тој е свет и праведен кој го казнува гревот. Исто така е Бог кој љуби и кој ја прати "замената" да понесе казна која нас ни следуваше ради гревот, така да ја задоволи Божјата правда и ние да бидеме откупени. "Секој кој поверува (во Исус) ќе биде спасен" Заклучок: За мене Светото Писмо е моето љубовно писмо од Бога, и Исус Христос Патот, Вистината и Живот. Има нешто што со зборови не може да се пренесе. Нешто што се добива со вера и преку вера. За мене не се само информации тоа што го читав од Библијата, туку живи зборови, добро не сите , ама ако јас нешто не го разбирам во целост сега, ми е ветено во Библијата дека еден ден целосно ќе ми биде јасно И јас верувам. И тоа. Отупев на темата.
Спојлер: Мала корекција Шамхат е жена пратена од Гилгамеш за да го оттргне Енкиду од неговото стадо (не бил човек и комуницирал со животни, така што ги викал стадата овци на селаните, па селаните се пожалиле и така уствари Гилгамеш дознал каде е Енкиду и ја пратил најубавата жена од неговото царство). Енкиду се заљубил во неа и имал афера со неа, но следниот ден стадото се оддалечило од него затоа што се „спријателил“ со човек. Кога Енкиду се осеќа најслабо, Гилгамеш доаѓа да му „помогне“. Овошјето на бесмртноста е украдено од змија, но земено од рацете на Гилгамеш (веќе некое време откога Енкиду ќе биде убиен од божицата Иштар (зашто кога го побарала Гилгамеш за маж, тој ја одбил, и сакала да му го одземе тоа што му било најмило (инаку Енкиду е создаден за да го убие Гилгамеш (кој што поседувал сила на Бог и бил свесен за тоа, па го измачувал народот) но Гилгамеш се спријателува со него и стануваат браќа)). Гилгамеш претходно се обидел да го извади Енкиду од подземјето, но не успеал, па тргнал да го бара овошјето на бесмртноста. Го нашол, но за жал го изгубил, па се вратил во неговото царство и таму умрел.
@Bender Rodriguez Не сакам да мислиш да те игнорирам, па сакам да додадам Ми се познати сите тие твои примери, само јас некако ко да ги читав во полза на Библијата Мислам, ми ја сфаќаш поентата нели? Отсекогаш постојат ЗА и Против, како за се така и за оваа тема. Јас оддлучив да верувам на Бог. А и немам некоја страст за теолошки и антитеолошки дебати, можеби пред едно десетина години кога имав многу прашања. Моментот кога си кажав дека не го разбирам Бога целосно интелектуално, беше момент на понизност пред Него. Кога сфатив дека Бог најмногу е заинтересиран за заедништво со човекот поверував и кажав: ок Господе, немам поим што сакаш со ова да кажеш ама верувам во Тебе. Можеби јас за тебе ќе речам дека на интелектуален начин пристапувајќи нема да можеш да ја разбереш суштината, ако бараш грешки и ќе ги најдеш, бидејќи во Библијата јасно пишува дека без вера не е можно да се угоди на Бога. А ти можеш да мислиш да сум јас некаков слеп следбеник кој ги отфрлил разумот, што можеби е и така, ама па тоа е вера. Како и да е, се навраќам на тоа дека се понатаму би било ко убедување, разбираш? Се надевам ме разбираш. Башка, на темава е тешко да се искажеш во пишана форма Се нешто може да се вади од контекст, исто како и Библијата
Најдобар начин да се оствари контакт со Бога е да се започне со МОЛИТВА. Потоа Тој лично, во погодно време ке ни ги открие тајните од Библијата. Ако Бог зборува преку Библијата, како можеме да ја разбереме доколку прво не оствариме контакт со Него, како ке му ги открие тајните некому што не го познава?
Јас ја имам читано "Мојата прва Библија" - детско издание , бев многу мала и подарок ми беше , премногу е сликовите, на кратко е се објаснето ,но ме насочи кон прав пат. Од кога ја прочитав ,после неколку години почнав да си се молам секоја вечер (КРАТОК ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК ) , на некое време знам и да побарам молитва во Црква (дава посебен мир). Џабе е да се прочита и Библија и се ,ако човек не знае од срце да се помили,побара прошка и заблагодари на Бога.
Двата различни типа на луѓе. И мене ми ја читаа таа како мала, но потоа кога земав да ја читам вистинската Библија, ја барав логиката во неа и не можев да ја најдам. И уште не можам да ја најдам. Ок што ги учи луѓето да бидат добри, ама не ми иде пред мојот живот да го ставам Господ (кој, според Библијата убил милиони луѓе и има карактер на еден просечен човек (еден од многуте примери, кладењето дека Јов нема да се откаже од него, па животите на децата на Јов ги става во рацете на Сатаната)). П.С. Библијата ја читаат и многу други атеисти и муслимани, всушност таа е најпродаваната книга во светов.
П.С. Библијата ја читаат и многу други атеисти и муслимани, всушност таа е најпродаваната книга во светов.[/QUOTE] Како и жногу други книги така и библијата и Куранот го читаат луѓе од различни религии муслимани христијани.Ама поентата е шѕо од тоа се прифаќа и дали ќе се постапува според тоа што ќе се прифати ! И дали ќе се прифати вистинскиот избор ?
Вистинскиoт избoр ти си гo знaеш, вистинскиoт избoр јaс си гo знaм. Имaме рaзлични гледиштa и секoј гo имa вистинскиoт избoр, зaтoa штo нaшите мислењa не се фaкти. Зaмисли ги мислењaтa кaкo светлoсни зрaци кoи oсветлувaaт еден цилиндaр oд рaзлични стрaни. Цилиндaрoт е вистинaтa, нo сенкaтa oд цилиндaрoт кoј штo е oсветлен oд еднoтo светлo е прaвoaгoлник, a сенкaтa oд другoтo е круг. Мнoгу е еднoстaвнo, нo не сaкaме дa прифaтиме, верувaме декa требa дa биде кoмплицирaнo, декa целиoв живoт е кoмплицирaн, нo aкo не гo прaвиме кoмплицирaн, немa ни дa биде, нели?
Мојата прва Библија речиси напамет ја знам. Ја имам од кога знам за себе. Исто така подарок ама секогаш ми беше интересна да ја читам. Јас имам „мал православен молитвеник“, исто подарок, од чичко ми. Го имам разгледано, но го немам прочитано. Можеби и зборуваме за истиот. Имам и други религиозни книги (сите поклон од чичко ми), некои вклучуваат историја на некои свештеници и слично.
Не знам како можат доказите дека најголем дел од приказните од Библијата се преземени од други, постари религии, може да се читаат во полза на Библијата, ама океј. Во науката и литературата тоа се вика плагијат. Ама во секој случај, во право си - тука сме само да дискутираме, а не да се убедуваме за тоа кој е во право, а кој не. Ја вака резонирам - за да можам да остварам контакт со Бога, прво треба да се информирам за неговите дела, неговото учење и сл. Ако се работи за христијанството, тогаш тоа ќе го направам со читање на Библијата. Но, ако при читањето истата наидувам на противречности и контрадикторности, како и на делови со сомнителна (или погрешна) морална поука, не знам како можам да поверувам во Него и да го прифатам неговото учење. Јас ако нешто не разбирам (како на пример, како настанал живиот свет или зошто Бог има потреба да убие и казни толку голем број на луѓе), тогаш истото не можам ни да го прифатам, а уште помалку да „поверувам“ во него, односно да го прифатам како некаква си вистина. Ова за мене е контраинтуитивно - прво да поверувам, без точно да разберам и сфатам што е тоа во што верувам, а потоа да се надевам дека Бог ќе ми открие што всушност сакале да кажат авторите на Библијата, односно - што е всушност она во што верувам и сум верувал цел живот. Сфаќам дека за вер(б)а не се потребни докази (впрочем, тоа е и дефиницијата на верата), ама претпоставувам барем дека е потребно разбирање на тоа во што веруваш. Зарем христијаните веруваат во Бога и христијанството без да имаат разбирање за него? Еве, дали на некој верник Бог му ги открил тајните на Библијата, т.е., што всушност Библијата сакала да каже со сите оние цитати кои ги изнесов во претходните неколку страни? Зошто, на пример, Исус го проколна дрвото кое немаше смокви? Бидејќи бил гладен, ама не можел да касне од него? Или за да ги демонстрира своите боженствени моќи? Претпоставувам истиот ефект ќе го имал и ако му „наредил“ на дрвото да роди плодови - само со помалку деструктивна и негативна конотација. Марко 11:12-14 12. А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне; 13. и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви. 14. И кога одговори Исус, ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!” И го чуја тоа учениците Негови. Матеј 21:18-19 18. А утредента, враќајќи се во градот огладне; 19. и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па како не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Отсега да нема плод на тебе довека!” И смоквата веднаш се исуши.
@Bender Rodriguez, симпатично ми е тоа што сепак се занимаваш со Библијата. И тоа е добро. Добро е кога се поставуваат прашања, кога се трага. Кој бара, кој истражува ке добие одговор. Јас сум сигурна дека во свое врем милостивиот Бог ке ти одговори на твоите прашања и недоумици. Се во свое време. Никој не рече дека е едноставен процесот на спознание на Бог. Тоа е најтешката работа на свет, бара многу трпение, бара долготрпение. Па дури и да поверуваш и да престанеш да бидеш атеист, тој процес не престанува. Постојано ке бидеш во некоја потрага. Добро е, на добар пат си. Да не бидам сфатена погрешно,дека знам којзнае што или сум стигнала којзнае каде. Не. Туку овде ке се надоврзам само на еден неодамнешен пост во кој ти ми одговори дека сум те разочарала, па јас те прашав зошто, на што не добив одговор. Разликата е тоа што јас сум била на твое место, но ти не си бил таму каде што сум јас сега. Затоа велам те разбирам, фактички ти не ја негираш Библијата ниту пак Бог, ти упорно бараша и најмала сламка да се фатиш за неа за да поверуваш во Бог. Ве разбрав многу добро кога рековте ни било наметанто како деца христијанството. И јас се родив во христијаснко семејство и како мала со баба ми одев на црква, постев, се причестував. За да подоцна почнав да размислувам како вие сеага. Ниту јас , ниту ти ниту било кој, не е првиот на кој му се случил тој пат на трагање. Тој пат им се случувал на многумина пред нас. Ова е неделата на блудниот син, кој залутал во беспака ... но подоцна пак се вратил кас својот Татко. +++ Господ милостив да им го отвори патот на сите оние кои Го бараат. Кој бара ке најде, кој тропа ке му се отвори.
@ana-milo, напротив - не потекнувам од религиозно семејство и религијата никогаш не ми била наметнувана; иако, религијата како тема секогаш ми била интересна. Мене Бог не ми е потребен во животот - ни за да разликувам што е добро, а што е лошо, ниту па за да ми даде некаква цел или утеха во животот. Не барам причина за да поверувам во него, ниту ми треба. Пишав на темава поради нешто друго - ме интересираше како верниците (барем оние кои ја прочитале Библијата) веруваат во нешто, без целосно (или воопшто) да го разбираат и како се справуваат со очигледните нелогичности и аморални поуки кои ги има во неа - прашање на кое ти, ако можам да забележам, многу вешто го избегнуваш одговорот.
Не ти забележувам и понатаму велам , симпатично звучиш. + Во ред , мислам дека погоре имаше некои постови каде некој рече верата му била наметната како дете,можда не си бил ти. + Ништо не избегнувам, но реков погоре, Бог ке ти открие некои работи, ако тој не ти ги открие нема кој. Не сакам да навлегувам во подетални објаснувања оти мене не ми е дадена дарба да проповедам. Ова сватки го како во светот, нели некој има ораторски способности, друг пее, трет е лекар , па адвокат, земјоделец, итн... Господ милостив по молитвите на Пресвета Владичица Богородица, да те помилува и да ти ги даде сите одговори. Ке ги најдеш еден ден ке видиш. + Имам еден пријател кој е верник, му објаснувам нешто, не сфака, дојдовме во конкфликт. После некое време му текна и рече: ок, види ако јас не го разбирам ова што ми ги кажуваш, не значи дека не постои или не е така. + Сепак јас не сум свештеник со прочитани стотици книги, плус немам благодат до толку да проповедам. Но ако сакаш повеке да дознаеш, еве обиди се да стапиш во контакт со отец Ивица Тодоровски. + Прво треба да се почувствува взаемната љубов со Бог, па после Библијата. А љубовта не се објаснува нели? Љубовта еднсотавно се случува и се чувствува. Не постои мерен инструмент со индикатор видлив за човек кој ке покаже колку мерни едници е љубовта.
Ах, добро би било и многу би ме радувало кога верниците би покажале ист толкав интерес и би имале толку познавања од областа на биологијата, генетиката, еволуцијата, космологијата, геологијата и генерално, науката, колку што јас имам од Библијата. Но, за жал, не е така. Повеќето верници немаат никакви познавања од науката, а научните тврдења ги отфрлаат, без воопшто и да ги разберат. Ако ја почувствувам Божјата љубов, но не сум ја ни видел, а камоли прочитал Библијата, како ќе знам од кој Бог чувстувам љубов - Јахве, Исус, Алах, Зевс или Амон Ра? Мене ме интересираше размислувањето на обичните верници, а не на теолозите. Теолозите впрочем затоа и постојат - за да наоѓаат толкувања и објаснувања на Библијата кои ќе направат таа да не биде (барем не толку очигледно) во спротивност со реалноста и кои ќе ги оправдаат неморалните и каприциозни дела на Богот од Библијата; затоа постојат и илјадници теолошки книги напишани од различни свештени лица низ вековите. Да беше Библијата совршена и доволна, разбирлива и јасна, немаше да има потреба од ниту една дополнителна книга на тема христијанство. Но, очигледно е дека не е така. Во секој случај, за мене ова е добра работа - бидејќи христијаните сфатиле дека христијанството (во оној облик од пред 2000 и повеќе години) е несовршено, и дека има потреба да се осовремени и направи во склад со денешното општество. Затоа и денес веќе немаме робови, затоа и кога ќе се разболи човек го носиме на лекар, наместо само да се молиме за него, затоа и жените се сметаат за еднакви и имаат еднакви права, затоа и хомосекуалците не се отфрлени од некои христијански деноминации, затоа дури и се свештеници во некои, затоа и еволуцијата и космологијата се прифатени од католичката црква. Да се навратам на поентата - мене лично ме интересираше како обичните верници, како тебе на пример, ги објаснуваат овие работи, т.е. ако не ги објаснуваат, како се помируваат со нив? Во право си, ти останав должен одговор. За мене, да се верува е лесно, но да не се верува е тешко. Верниците имаат секојдневна утеха дека Бог ги чува, дека ги слуша (и остварува) нивните молитви, дека за секое добро дело ќе бидат наградени, дека секој кој ќе им направи лошо ќе биде казнет, дека смртта не е крај и дека по неа, повторно ќе бидат заедно со своите сакани. Религијата како таква, практично и нема негативни страни. Од друга страна, многу е потешко да се биде добар, кога знаеш дека нема награда за тоа, да трпиш неправди, иако знаеш дека повеќето никогаш нема да бидат исправени, дека за се што сакаш треба сам да се избориш, без да очекуваш помош од небото или виша сила да ти ги реши проблемите, дека смртта е крајот, дека саканите кои починале никогаш веќе нема да ги видиш и дека ќе живеат само во твоето сеќавање. Впрочем, поради ова, поголем број од луѓето на светот се верници, а релативно мал број се атеисти (или агностици). Не секој може сам со себе да се носи со суровата реалност и неправедноста на светот, без Божја помош. Затоа и реков дека сум разочаран - затоа што да се одбере религија (особено ако некогаш си била атеист), за мене претставува одбирање на полесниот пат.
Ама нели ти реков , јас сум била таму каде што си ти сега. Те сфакам потполно. Чисто информативно јас цел живот со материјална наука се занимавам. Сум учела и хемија, и биологија, и математика, општествени науки не ме привлекувале. И токму преку таа материјална наука преку секојдневниот контакт со материјата дојдов и сеуште доагам и си го потврдувам сознанието дека се е создадено од една повисока интелегенција. Дека има творец на овој свет. Незнам ти што си учел? Си учел ли хемија на пример? Кога почнав да учам хемија, некои сигма , пи врски, па нацртани слики како се движеле елктроните, па демек атоми, молекули, леле, леле... ама полека ја сфатив. А еве има некои луѓе што не ја сфакаат хемијата како наука. Се расправале со мене ми велат - нема врска тоа е апстрактна работа. Абе луѓе им велам, хемија, се е хемија, и биохемија. Они не. Оди докажи им да те видам. На почеток се е така. Еден колега си учел хемија в осредно што учел, кога почна на факултет рече аууууууу, па ова хемијава жива зафрканција, нема врска, и уште во прва година се откажа од најпростите основи на хемија. Ај кажи па ти, занеш ли колку лекари веруваат во Бог? Кај колку лекари кога ке одиш има икони? Не ги ставиле сигурно само за декорација? Бог ни го дал овој свет, но ни дал и интелигенција и слободна воља да го откриваме. Да се усовршуваме.
Лука 10(22) Се ми предаде Мојот Отец И кој е Синот не знае никој Освен Отецот, И кој е Отецот, не знае никој, освен Синот, И оној, кому што сака Синот да му открие. Римјаните9/16 И затоа изборот не зависи од оној кој пожелува ниту од оној кој трча, туку од Бога кој покажува милост. Лука 14(24) Затоа ви велам: никој од оние што беа повикани нема да вкуси од вечерата моја. Зашто мнозина се поканети но малкумина се избрани.
.... и дека и ти еден ке го напуштиш овој свет, итн,итн... ти велам, трагач си, убави прашања си поставуваш нема што! Јас или било кој колку да се труди не може да ти го објасни тоа. Тежок процес истражувањето и наоѓање вистински одгвори на било што. п.с. Во претходниот пост пошироко објаснував за хемија дека рече : Ах, добро би било и многу би ме радувало кога верниците би покажале ист толкав интерес и би имале толку познавања од областа на биологијата, генетиката, еволуцијата, космологијата, геологијата и генерално, науката. за да ти укажам дека сум ја проучувала материјата. +