1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Библија

Дискусија во 'Религија' започната од magic, 27 јануари 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Здраво. Нурнав малку во темава и налетав на оваа дискусија што сте ја имале со @Sky-butterfly . Мило ми е што Sky-butterfly се интересира за Библијата, па затоа решив да одговорам на тој приговор кон Библијата дека многу приказни во неа се позајмени од други места.
    Многу е тешко и најчесто невозможно историчарите и текстуалните критичари да откријат од каде поттекнува одредена приказна во античката историја пред 30тина векови. И затоа, кога една случка се појавува во два историски документи, генерално постојат повеќе опции:

    (Нека документот А има докажана старост што му претходи на документот Б. Бидејќи нема печатници во тоа време, документот А се препишува по една линија, документот Б по друга)

    1. Б препишал од А (во тој случај начесто приказната треба да е скоро иста, со мали дивергенции)
    2. Б препишал од А, ама од ракописите (препишувањата) на Б е најден порано датиран ракопис отколку од ракописите на А т.е. постарите ракописи од А не преживеале. Тука помага и текстуалниот критицизам.
    3. А и Б независно ја пишуваат случката, а до неа доаѓаат преку оралната традиција или некои трети пишани традиции. Ова е многу чест случај за некои глобално познати настани од тоа време (како потопот на пример).

    Мојсеј живееш и ја напишал книгата Битие околу 15ти век пред наша ера т.е. 5 века пред персиските текстови на Зороастризамот. Така што има голема веројатност дека персијците ја наследиле приказната за создавањето на човекот од евреите.

    Најстарите сочувани записи заз епот за Гилгамеш поттекнуваат од 7 век пред наша ера. За споредба Мојсеј живеел 15ти век пред наша ера. Според лингвистичката анализа, критичарите тврдат дека епот на Гилгамеш поттекнува не порано од 18 век пред наша ера. За споредба Авраам живеел 21 век пред наша ера (значи 3 века пред Гилгамеш), бил доста влијателен човек и верен на Бог и веројатно од усната традиција на неговите предци ја знаел приказната за создавањето на човекот и им ја пренел на своите синови и ќерки, потоа не внуците и правнуците итн. до Мојсеј. Писателот на епот на Гилгамеш можеби слушнал од евреите, а можеби и од независни орални традиции, затоа и сторијата е видоизменета. Небитно.

    Слична е дискусијата како и за претходниот дел. Овде само би додал дека приказната за потопот се појавува во многу антички списи ширум Земјава и тоа е еден од доказите дека глобалниот потоп навистина се случил и такво нешто не би можело да биде премолчено од жителите на Земјата и затоа таа приказна се пренесувала од колено на колено насекаде каде што луѓето се ширеле.

    Во книгата на мртвите писателот опишува случка каде што некој човек умрел, влегува во подземјето и таму се „правда“ себе си дека не убивал, не крадел, не го проколнал Бог, не изневерувал, не се спротиставувал на родителите и уште стотина други гревови како на пример: стопирање на течението на водата, хомосексуалност, предизвикување глад, дерење, делување со арогантност, , постапување со непотребно брзање, предизвикувајќи судири, проколнувајќи мажи, јаде срце и многу други. И сега овие што бараат влакно во Библијата од сите стотина нашле неколку што се слични со Библијата и одма ја критикуваат Библијата дека копирала :) А од друга страна, забораваат дека Бог во совеста на луѓето првенствено им го ставил Законот, па затоа и кај многу народи е неетичко да се краде, лаже, убива, прељубодејствува итн.

    http://www.kingdavid8.com/_full_article.php?id=aa5da8cc-6283-11e1-be10-176ee32615f7

    Исто така ангели, демони, рај и пекол се доста популарни тематики во античката историја за да тврдиме дека некој препишувал од некој друг. Во Библијата на пример никаде не се вели дека ангелите имаат ореоли на главата (тоа се смешки на православието подоцна).

    Едноставно Библијата е пребогата со содржина и е невозможно да не се најдат сличности со порани или подоцнежни текстови, поими, зборови, случки, настани, умирања, раѓања, оживувања и сл. особено во времиња кога оралната традиција била многу застапена (немале факултети ни средни ни основни образованија и шо друго ќе пренесуваат бабите и дедовците на внуците навечер додека догорува огнот? :)

    Секако дека се во полза на Библијата. На пример, ако навистина се случил еден сеопшт потоп, очекувано е таа приказна да се појави кај многу народи, во многу антички текстови. Доколку само во Библијата се спомнуваше, тогаш тоа ќе беше малку чудно нели? :)
     
    На Sky-butterfly и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    1. А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија,
    2. тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени.
    3. И рече Господ Бог: „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.”
    4. А имаше во тоа време џинови на земјата, особоно, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваа при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време.
    5. И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време.
    6. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое.
    7. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.”
    http://www.preminportal.com.mk/nauk...je-gi-gradele-piramidite-vo-egipet-24-04-2014
     
  3. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Citati od edna kniga na Vladikata Naum:

    Е, сега да видиме кои се трите начини преку кои ѓаволот се обидува да Го искуша Христос, и преку кои го искушува секој човек роден во овој свет: Слушнавме во Евангелието како тој Му вели на Христос: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да ста- не леб“. Значи, најпрвин се обидува да Го искуша преку страста сластољубие, преку основната страст за задово- лување на телесните потреби. Но, Христос му одговори: „...не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји“. Зборот Божји е живот според заповедите Божји. Зборот Божји е благодатта на Светиот Дух, која му дава вистински живот на човекот. Материјалниот леб е потре- бен за секојдневниот наш земен живот, но без благодатта Божја ние сме духовно мртви и несреќни, и времено и вечно. Оваа вистина им ја открива Господ на Своите уче- ници кога вели: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете“ (Јован 4, 32). Потоа се обидува да Го искуша Христос преку страста среброљубие. Покажувајќи Му ги сите царства на светот, вели: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт, и нив ната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое“. Гледате деца, ѓаволот вели дека сето богатство на земја- та, како и власта и славата што од него произлегуваат, му е дадено нему и дека тој го предава на кого сака. Велејќи го ова, ѓаволот едноставно лаже. Нему ниту му е нешто дадено, ниту пак, има власт некому да дава што било. Ова негово тврдење говори за нешто друго, а тоа е дека сите оние што на нечесен начин се здобиле со богатство, го имале содејството на ѓаволот и, како такви, тие стануваат негови слуги. Со падот во грев и со непокајанието за истиот, всушност луѓето му се поклонуваат на ѓаволот и му дозволуваат да владее со нив. И на крај, кога се наоѓаат на храмовиот покрив во Ерусалим, Му вели:„Ако си Син Божји, фрли се одовде долу! Зашто е напишано: ‘На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат...’“ Всушност, се обидува да Го искуша Христос преку страста славољубие т.е. страста на умот – гордоста, и да Го убие. Ѓаволот си замислува дека Христос, понесен од претпоставената страст славољубие, ќе напра- ви нешто што е надвор од Божјата волја и Божјата проми- сла, односно надвор од Божјиот план и редослед на случу- вања до Неговото прославување. Но, Христос му одговара дека е исто така напишано: „Не искушувај Го Господ, сво- јот Бог“. Тоа значи да не го бараме предвреме и на не- дозволен начин она што во свое време и само преку личен однос со Бог сигурно ќе го добиеме. Тоа исто значи да не бараме човечка минлива слава, туку Божја вечна слава.
    Во толкувањето на оваа парабола се истакнуваат два аспекта: историски и аскетско-исихастички. Гледано од историски аспект, првите гости што биле повикани да дојдат на свадба се припадниците на 30 Стариот Израил. Но, бидејќи тие не се одѕиваат сите на повикот, Господ ги испраќа Своите слуги, апостолите, по раскрсниците на овој свет, кои ги повикуваат сите незна- бошци што ќе наидат, луѓе добри и лоши. Значи, поканети се сите луѓе, без исклучок. Свадбата – тоа е есхатолошкото Царство Небесно, чиј предвкус е даруван во Црквата Христова за оние што ќе ја прифатат поканата, за оние што се подготвени, за оние што имаат свадбена облека – за Новиот Израил. При аскетско-исихастичкото толкување, што е за нас поактуелно, се одвојуваат неколку моменти: Прво, однесувањето на повиканите согласно нив- ните страсти. Едните од нив го одбиваат повикот затоа што одат на нива. Тие се олицетворение на страста сластољубие. Ним им е поважно тоа со што времено ќе ги наполнат сво- ите стомаци, отколку грижата и љубовта кои Бог ги по- кажува кон нив канејќи ги на непропадливата трпеза на свадбата на Својот Син во Царството Небесно. Другите коишто не се одѕиваат на повикот се оние што одат по трговија. Очигледно, таквите Го одбиваат Бог заробени од среброљубието и претставуваат олицетворение на таа страст. Нивниот бог се материјалното богатство и парите. А третите од оние што биле повикани, ги исмеале и ги уби- ле слугите на Царот. Таквите се олицетворение на стра- ста славољубие. Како што знаеме од Евангелието, тоа се старозаветните свештеници, книжниците и фарисеите кои Го предаваат Господ Исус Христос на смрт, плашеjќи се за својата човечка слава, која со Неговото присуство била крајно засенета. („Ете, цел народ тргна по Него...“ сп. Јован 12, 19.) 31 Деца, како и во минатото евангелие што го слуш- навме, така и во ова, преку евангелските случувања пред нас се дефинираат трите главни вида на страсти, а тоа се: ‘сластољубие’ (безобѕирна борба за задоволување на нај- ниските телесни нагони), ‘среброљубие’ (безобѕирна бор- ба за пари и имот) и ‘славољубие’ (безобѕирна борба за човечка слава и власт). Според светите Отци на Црквата, тие ги претставуваат и возглавуваат трите главни подгру- пи на страсти кои извираат од главната човекова страст – ‘самољубие’. Бог нè создаде, ни од што претходно пос- тоечко, според Својот образ и подобие, како богољубиви и како човекољубиви, а не како самољубиви. Втор момент што се нагласува во оваа парабола е тоа што не сите поканети имале свадбена облека. Што е тоа „свадбена облека“? Како општо за сите христијани, тоа е живеењето според светите Божји за- поведи, поинаку речено, тоа е подвигот за очистување на срцето од страстите. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството „свад- бена облека“ е нешто повеќе од тоа. За нив тоа е дарот на умносрдечната молитва и просветленоста на умот. Инаку, како духовно ќе го водат народот Божји? Тоа се гледа и оттаму што во Евангелието се нагласува дека свадбената облека е чиста, бела и светла. „Чиста и бела“ значи довол- но очистено срце од страстите (и отворено за молитвата на умот во срцето), а облеката е „светла“ затоа што луѓе- то со очистено и отворено срце имаат ум преобразен и просветлен од божествената благодат, која после светото Крштение престојува во срцето. Кај Светиите умот, душа- та и целото тело се толку многу преобразени и обожени што тие со своите очи ја гледаат и несоздадената Божја светлина. 32 И третиот момент што се нагласува е молкот на оној што бил запрашан зошто нема облека. Господ никого не остава без можност за спасение, дури и до последниот момент. Кога веќе Господ му се об- раќа на необлечениот во свадбена облека со зборот „при- јателе“ и кога веќе со таа постапка му дава можност за комуникација и за заедница со Него, редно беше пред сè да одговори, а спасително ќе беше да каже едно „прости“. Но, оној што нема направено ништо за да се здобие со свадбена облека, односно што нема направено ништо за да изгради лична заедница со Господ, не сака и овој пат да го направи тоа, и затоа никогаш нема да научи како всушност се постапува во тој клучен момент.
     
  4. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos Bidejki gi pobara tolkuvanjata na prethodno izlozenoto,zatoa dobi.Aj sega protolkuvaj ja slednata sluchka.Ama detalno i seopfatno tolkuvanje.Ako nemozesh ,pobaraj kaj tvoite da ti protolkuvaat da vidish kolku se mudri onie so koi souchestvuvash. :)

    "И цар Ирод разбра за Исус, оти името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чудеса преку него“. Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од пророците“. А Ирод, штом чу, рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите“. Зашто сам Ирод пра- ти да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Филип, оти се ожени со неа. Бидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја водиш жената на твојот брат!“ А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше. Оти Ирод се плашеше од Јован, зна- ејќи дека е тој човек праведен и свет, и го пазеше; многу работи вршеше од послушност кон него, и со пријатност го слушаше. И настана погоден ден кога Ирод, по повод на својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини галилејски; и влезе ќерката на Ироди- јада, играше и им угоди на гостите и на Ирод. Тогаш ѝ рече царот на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“ И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство“. А таа излезе и ја праша мајка си: „Што да поба- рам?“ Таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител“. И одед- наш, кога влезе при царот со брзина, помоли, говорејќи: „Сакам уште сега да ми ја дадеш на табла главата на Јован Крстител!“ Царот се загрижи, но заради клетвата и гостите свои нејќеше да откаже. И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова. А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на табла, па 34 ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си. Учениците, пак, негови, кога разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и го погребаа."
     
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    ПРАШАЊЕ : КОЈ ГО СОСТАВИ СВЕТОТО ПИСМО???
    ОДГОВОР: ЕДНАТА СВЕТА СОБОРНА И АПОСТОЛСКА ЦРКВА!!!!

    СЛАВА НА ГОСПОДА И ВЕЧНА ПОФАЛБА.АМИН!!!
    ______________________________________________________

    1. Канонот на Стариот Завет
    Грчкиот збор канон (χανων) потекнува од асирскиот збор „канну“, а тој збор означувал стап за мерење (6, 5 лакти). Подоцна тој збор добива значење на правило, норма, правило на морал, а апостол Павле, како правило на верата, овој збор го употребува во Гал. 6, 16. Од IV век овој збор означува збирка на боговдаховените книги.

    Како што веќе споменав, доказите покажуваат дека канонот на Стариот Завет е заклучен многу подоцна од времето кога е напишана последната книга на Стариот Завет. На соборот во Јабнеа во 90 год.н.е., Евреите сеуште расправале за каноничноста на поедини книги, што би било излишно ако канонот бил заклучен. Преводот на грчки јазик – Септуагинта, е направен од 250-100 г.пр.Хр., а ги содржи и дефтероканонските книги, кои ги нема во еврејскиот канон, што значи дека ниту еврејскиот канон тогаш сеуште не постоел експлицитно.

    Еврејскиот канон го нарекуваме и потесен, заради тоа што не ги содржи дефтероканонските книги. За разлика од еврејскиот (подоцна палестински) канон, александрискиот канон (Септуагинта), кој е направен за еврејската заедница во Александрија, (инаку, таа заедница била многу силна, но Евреите во Александрија многу подобро го познавале грчкиот јазик отколку мајчиниот, та поради тоа Септуагинтата е превод на грчки, а не затоа што е наменета за Грците) го нарекуваме поширок и тој ги содржи дефтероканонските книги. Тоа се: книга Верухова, книга за Товит, книга за Јудита, 1. и 2. Макавејска, премудрост на Исуса сина Сирахов, премудрост Соломонова, како и делови од поедини книги Дан. 3, 24-90; 13 и 14 глава и Ест. 10, 4-16.

    Што всушност се дефтероканонските книги? Тоа не се невдахновени книги (инаку не би се наоѓале во александрискиот канон), туку тоа се книги кои во себе имаат некое спорно место, или едноставно не се знаело дали писателот на одредена книга навистина е оној на кого книгата се припишува (ќе видиме дека такви книги има и во Новиот Завет). За да избегнат спорните книги да бидат предмет на расправа, Фарисеите прибегнувале кон ригоризам. Значи, подобро би ги исфрлале книгите од канонот, отколку тие да станат предмет на расправа. Така настанал палестинскиот – потесен канон. Меѓутоа, ниту палестинските Евреи од првите векови на христијанската ера не ги отфрлиле книгите од александрискиот канон, дури рабинските списи ги нарекуваат свети сé до 10 в.н.е. Тие книги ги користеле и Есените во Кумранот, а Талмудот (вавилонски талмуд, Ерубинова и Баба кама 926), исто така, ги наведува како свети. Книгата на пророкот Варух и во IV в. кај Евреите јавно била читана на празникот на помирувањето, а 1. Макавејска се читала на празникот на осветување на храмот итн.

    Во првите три века ниту христијаните ниту Евреите имале дефиниран канон на Стариот Завет. Христијаните повеќе ја користат Септуагинтата т.е. поширокиот канон во овој период, па тоа било причина повеќе Евреи да се одлучат за потесниот канон, за со тој потег да ја дискредитираат валидноста и вистинитоста на христијанското учење. Но, Црквата не морала да го прифати канонот кој го прифатиле Евреите, туку можела и сама да го дефинира, пред сé, бидејќи канонот не го презела автоматски од синагогите, туку од Господа и апостолите, а исполнета со Светиот Дух, можела и самата да ги препознае боговдахновените книги. Користејќи ја Септуагинтата, апостолите во книгите на Новиот Завет ги цитирале и дефтероканонските книги. Еве само неколку примери: книгата премудрост Исусова син Сирахов е цитирана во Мт. 6, 14; 6, 7; Јак. 1, 19; книгата за Товит во Дап. 8, 2; книгата премудрост Соломонова е цитирана во Рим. 1, 18-23; 2, 11; 5, 14; 9, 21; Ев. 1, 3; 8, 14; 1. Пет. 1, 6; книгата за Јудита е цитирана во 1. Кор. 2, 10; 2. книга Макавејска е цитирана во Ев. 11, 34.

    Ова се накратко фактите за Старозаветниот канон, чие непознавање лесно може да доведе до заблуда во поглед на Светото Писмо. За воопшто да се зборува за Светото Писмо, тоа мора да биде сместено во својот историски контекст. Тоа не е дадено на човекот како копија на небесна книга, ниту отсекогаш било една целина. Христијанството не настанало од Светото Писмо, туку обратно: Светото Писмо е христијанството преточено во книга. Овде доаѓаме до местото каде со еврејското сфаќање на Светото Писмо во потполност се разидуваме, а тоа е Новиот Завет. Додека Евреите го отфрлија Новиот Завет, исто како што го отфрлија и Христа, за христијаните Новиот Завет е исполнување на старозаветните ветувања, кои Бог ги дал на човекот. Како што Стариот Завет имал пат при својот настанок, така го имал и Новиот Завет.

    Интересно е тоа што токму оние кои се сметаат себеси за најдобри познавачи на Светото Писмо (а тоа се припадниците на сите протестантски секти) и за наследници на изворното Христијанство (иако поголемиот број од нив не ни постоеле до XIX в.), го користат потесниот канон, кој Евреите го заклучиле дури во III в., додека го отфрлаат поширокиот канон, кој го користеле христијаните од првите векови, нарекувајќи ги дефтероканонските книги апокрифни[1], а правите апокрифи ги нарекуваат псевдоепиграфи. Првобитните старословенски преводи, подоцнежни црковнословенски, се преводи на Септуагинтата. Првиот превод на старословенски јазик го направиле браќата св. Кирил (+869. г.) и св. Методиј (+885. г.), а правен е со одлична александријска, Исихиева рецензија LXX. Бидејќи на србите старословенскиот, како и црковнословенскиот јазик, им бил прилично разбирлив, преводи на српски јазик се јавуваат релативно доцна. Еп. бачки Платон Атанацковиќ оставил преводи на некои книги од Стариот Завет, меѓу кои и дефтероканонските, а преводот е вршен од црковнословенски текст.
    Следејќи го своето протестантско наследство во поглед на дефтероканонските книги, Јеховините сведоци само го повторуваат она што го рекле и другите протестантски правци. Оние, кои себеси се сметаат за одлични познавачи на Библијата, не ги ни спомнуваат дефтероканонските книги, а уште помалку спомнуваат дека самите апостоли не само што ги користеле, туку и ги цитирале во новозаветните текстови............................


     
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    ..................
    2. Канонот на Новиот Завет
    Кога денеска го гледаме Новиот Завет, можеби и не претчувствуавме колку било потребно време, борба и труд за Новиот Завет да го добие денешниот изглед. Раѓањето на Новиот Завет најлесно можеме да го следиме низ историјата на канонот. Книгите на Новиот Завет настанале во втората половина на првиот век. Меѓутоа, кога и како тие книги се споени во една? Кој го направил тоа?
    Бидејќи од самиот Нов Завет е јасно дека христијанската наука од почетокот се пренесувала усно, како и со самото дело (начинот на живот итн), не е потребно да повторуваме дека преданието (науката Христова преносена преку апостолите) претходело на Светото Писмо на Новиот Завет. Со време се јавува потреба за запишување на тоа предание, „доверен залог“, и така настануваат првите книги, кои подоцна ќе влезат во канонот. Првата книга од денешниот канон е пишувана околу 20 години после Господовото страдање, а станува збор за Евангелието по Матеј. Прашањето кое мораме неминовно да го поставиме е: дали 27-те канонски книги се единствените дела на христијанската наука, дали првите христијани можеби и самите пишувале нешто за христијанската наука? Би било бесмислено и да се помисли дека после ширењето на христијанската наука никој ништо не запишувал. Имено, христијанската книжевност од првите векови била особено распространета, пошувал поединец до поединец, поединец до црквата или црквите, како и црква до црква. До денешен ден е зачуван мал дел од таа книжевност, но особено сакопоцен. До нас стигнале и најраните дела, а тоа се делата на некои од апостолските ученици. Така, покрај канонските книги, во исто време настанале многубројни дела, кои зборувале за христијанската наука. Имено, тие дела во првите векови (до појавата на канонот) често имале авторитет на свети списи. Дали тоа било погрешно? Не! Затоа што ние, од денешна перспектива, Светото Писмо го гледаме како целина. Меѓутоа, првите христијани Светото Писмо не го познавале така, за нив секој збор изговорен заради проповедање на Христијанството бил скапоцен. Би било бесмислено да се тврди дека оние кои ги слушале апостолите како проповедаат, ништо од тоа не запишале. Покрај тоа, апостол Марко, еден од седумдесетмината, на тој начин го напишал своето Евангелие, слушајќи ги проповедите на апостол Петар. Ист е случајот и со евангелистот Лука, кој наведува дека истражувал за случувањата поврзани со Господа, а Дела апостолски е всушност компилација од неговиот дневник, проповеди и описи на делата на апостол Павле. Дали е можно црква да не пишувала до друга црква, седумдесетмината апостоли да проповедале, а да не се најде некој да запише некој нивен збор? Црквата од почеток цветала, новата наука не ги променувала само луѓето, таа засекогаш го сменила целиот свет. Дали е можно луѓето кои биле на самиот извор од таа наука, оние кои ја пренесувале на другите, да не запишат дел од тоа што проповедале? Тоа е апсурдно и да се помисли. Да не заборавиме дека во тоа време не само што не постоел Новиот Завет како таков, туку не постоел ниту старозаветниот канон.
    Така, изложувањето на христијанската наука далеку повеќе ги надминува по обем границите на Новиот Завет. Денеска сето она што е вон границите на Новиот Завет, го нарекуваме Свето Предание. Многу драгоцени дела, кои пленат со својата непосредност, едноставност и длабоко воодушевување на христијанската наука, благодарејќи на Бога, можеме и денеска да ги читаме. Едни од нив се посланијата на св. Игнатиј Богоносец, пишувани до црквите кои се наоѓале во градовите низ кои минувал за време неговото спроведување кон Рим, каде е фрлен на ѕверовите. Од тие посланија највпечатливо е посланието до римските христијани, во кое ги моли да не се обидуваат да го избават со молби до влијателните луѓе од власта, туку да му допуштат да страда за Христа. Инаку, св. Игнатиј бил ученик на св. апостол Јован, а во старешинството над антиохијската црква го наследил апостол Петар. Тука е познато и посланието до Коринтјаните на св. Климент Римски. Ова послание е напишано по повод спорот кој се јавил во Коринтската Црква. Климент бил крстен од апостол Петар, а својата работа ја вршел со апостолите Петар и Павле. Апостол Павле го спомнува во Фил. 4,3. Можеме да го наведеме и делото на Папиј Ераполски, ученик на апостол Јован и пријател на св. Поликарп Смирнски, во кое е единственото сведоштво за тоа дека евангелието по Матеј во оригинал е пишувано на арамејски. Покрај овој драгоцен податок во истото дело, кое носи назив „Објаснување на Словата Господови“, исто така дадени се драгоцени сведоштва за апостол Марко и како го пишувал Евангелието. Тука е и сведоштвото и за 1. Јованово послание, како и за Петровото. Во овој дел Папиј како боговдахоновена книга го наведува и „Откровението Јованово“, што е едно од првите признанија дека Откровението е боговдахновено, со обзир на тоа што дури до VI век кај некои постоел сомнеж во веродостојноста на Откровението. Од ранохристијанските списи сочувано е и посланието од црквата од Смирна до црквата во Филомилија (во Фригија), која го опишува страдањето на св. Поликарп епископ Смирнски, ученик на св. апостол Јован и учител на св. Иринеј епископ Лионски. Во ова послание смирнските христијани го опишуваат страдањето што го претрпел нивниот епископ, чудата кои се случиле за време на неговото мачење и смрт, а во целина е похвала кон Господа, Кој прави големи чуда за време страдањето на Неговите маченици. Исто така сочуван е и оригинален записник од судењето на св. Јустин, кој го воделе римјаните во текот на процесот. Тоа, всушност, е документ за силата на верата во Христа, кои го пишувале самите противници на Христијанството. Низата на ранохристијански списи би можеле да ја продолжиме со уште многу дела, но и наведените се доволно за да ја илустрираат живоста на ранохристијанската книжевност и проповед.
    Повторно треба да се напомене дека времето на ранохристијанската книжевност е време кога Светото Писмо на Новиот Завет, како канон, не постоело. Книгите кои ги пишувале апостолите биле повеќе ценети од останатите, но и многу дела од ранохристијанската книжевност не само што се сметани за боговдахновени, туку се ставани во ист ранг со апостолските списи (на пр. посланието до Коринтјаните на св. Климент епископ Римски, кое долго опстојувало дури како канонски спис). Што довело до појава на новозаветниот канон?..................
     
  7. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    ...................Покрај христијанските списи се јавуваат и многу други списи, кои по својата содржина и наслов потсетуваат на канонските списи, али често содржат нехристијански идеи и еретички учења. Тоа се списи од непознати писатели, поголемиот број настанати во 2-3 в.н.е., а поводите за настанок на овие списи биле различни. Зборот апокриф (грч. αποκρυφος) кај христијаните ги означува оние книги кои лажно се припишуваат на писателот чие име го носат, книги кои се слични со Светото Писмо, но Црквата не им ја признава боговдахновеноста, ниту Црквата го благословува нивното читање на богослужбите, и еретички книги кои содржат многу верски заблуди[2]. Еретиците пишувале разни евангелија, лажни дела апостолски, лажни посланија и откровенија и ги подметнувале како вистински. Денеска апокрифните се корисни за проучување на еретичките учења во првите векови од Христијанството. Од апокрифните евангелија позначајни се:
    - Еврејското евангелие: почитувано заради сличноста со Евангелието по Матеј. Оригиналот е на арамејски јазик, а по содржина е преработка од Евангелието по Матеј од 1 в. напишано во јудејска средина и го признава Христос само како пророк, а не како Син Божји.
    - Томиното евангелие: од гностичко потекло и во него писателот, меѓу останатото, ги опишува Христовите чудеса од 5 до 12 годишна возраст, како и детството од 5 до 8 годишна возраст. Според него, Исус како дете правел врапчиња од кал, кои полетувале кога плеснувал дланка во дланка. Пишувано е без дух на побожност.
    - Постојат уште и евионитско, египетско, Петрово, Филипово, Никодимово и Јаковлево евангелие.
    - Апокрифни дела апостолски: – делата Петрови: се состои од два дела; делата Петрови со Симона и мачењето Петрово.
    - Постојат уште дела Павлови, Јованови, Андреини, Томини, проповед Петрова.
    Апокрифни посланија:
    - Најпознати се: коресподенцијата на Едескиот цар Авгар и Господ Исус Христос, допишувањето на апостол Павле и Сенека, учењето Тацеево, посланието на единаесетте апостоли, Павловото послание до Лаодикијците, 3 послание на апостол Павле до Коринтјаните.
    Апокрифни откровенија:
    - Најпознати се: Петровото, Павловото и Томиното. Така веќе на почеток на 2 век имаме мноштво списи кои зборувале за Христос и Христијанството. Дел од нив биле христијански, а дел – не. Колку еретичките списи биле опасни, се гледа од фактот што самите апостоли пишувале против тие еретици и нивните дела. Бидејќи првите христијани немале свест за Светото Писмо онакво какво што ние го имаме, секој спис кој ја содржел христијанската наука бил добредојден и не се доведувала во прашање автентичноста на списот. Така можеле лесно да бидат прифатени и наизглед христијанските дела. Не е редок случајот кога некои апокрифи биле почитувани како Свето Писмо, па се и преведувани. Таков е случајот со евангелието по Евреите, кое е особено почитувано во јудео-христијанските средини, па доживеало свој превод на грчки и латински, бидејќи оригиналот е пишуван на арамејски. Томиното евангелие од гностичко потекло, доживеало свој превод на словенски јазик, како и на сириски и латински, а тоа само зборува за распространетоста на неговото влијание и почитувањето кое му се придавало. Овие списи лесно можеле да предизвикаат забуна, па и заблуда кај христијаните, па се јавува потреба Црквата јасно да каже кои списи се христијански, а кои не. Ако овие списи можеле да ги доведат до заблуда оние кои веќе биле христијани, замислете колку била поголема опасноста од ширењето на апокрифите на терени кои сеуште не ни чуле за Христијанството.
    Друга причина која неминовно барала потреба за канон, се гностичките списи и гностичкото учење. Заради својата моќ да апсорбира сé што му одговара, гностицизмот со своето учење ги искривувал христијанските идеи и произволно ги истакнувал или одбивал, давајќи му со тоа замав на конформизмот. Гностичките списи биле многу опасни заради својата привидна логичност и непристрасност (спојувани се идеи дури од спротивставени философси и религијски правци).
    Следна, не помалку значајна, причина за појава на канонот е еретикот Маркион, кој составил свој канон. Значи, пред Црквата да го состави канонот, Маркијан имал своја верзија на Светото Писмо. Таа се состоела од преработка на Евангелието по Лука (го преправил самиот Маркион) и 10 Павлови посланија (без пастирските и до Евреите). Ова било причина повеќе христијанската Црква да го состави канонот.
    Еретиците монанисти тврделе дека и понатаму примаат откровенија од Светиот Дух, па пишувале списи кои ги почитувале дури повеќе од апостолските. Колку нивното учење имало влијание, се гледа од фактот дека му подлегнал еден од најголемите ранохристијански писатели – Тертулијан...............
     
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    .........
    Кој бил критериумот за одредување на каноничноста на некои книги? Критериумот бил искуството на Црквата т.е. дали учењето на книгата се сложува со учењето на Црквата зачувано во Светото Предание – преданието на Светите Апостоли. Апостолското предание на Црквата ја проверувало секоја книга и ја препознавало како своја или не. Исто така, ако книгата е читана на богослужбите, тоа било сигурен доказ дека од најрани времиња припаѓала на Црквата. Покрај тоа, за некои книги се знаело дека ги пишувале апостолите и тие автоматски влегувале во канонот.
    Но, канонот не го добил својот надворешен изглед сé до IV век, затоа што постоеле спротивни мислења за тоа дали некои книги треба да бидат во канонот или не. Така, на т.н. мураторијев фрагмент е зачуван најстариот список на новозаветни книги, напишан во Рим во 2-ри век од страна на Иполит епископ Римски, кој не го спомнува посланието до Евреите, Јаковото послание и 2 Петрово послание, а советува да се чита Пастирот Ерма (не како канонска, туку како поучна христијанска книга). Ориген се сомневал во каноничноста на посланието до Евреите, Јаковото послание, 2 Петрово, 3 Јованово и Јудиното послание, а списите ги дели на општопризнати (омолугумена) и некаде признати (антилегомена). Интересно е тоа што некои рано христијански Отци и авторитети во Светото Писмо го сместувале и посланието до Коринтјаните на св. Климент Римски. Ова дело, на крај, не влегло во канонот, само затоа што не го пишувал некој од апостолите, а што било критериум за каноничност. Меѓутоа, сириската црква и ден денеска во канонот го има ова дело, кое било особено ценето во раната црква и кое, фала Му на Бога, стигнало и до нас[3].
    Посланието на Варнава многумина го вбројувале во канонот, а Ориген го нарекува соборно (соборни посланија се посланија кои не ги пишувал апостол Павле). На крај, ова послание не влегло во канонот, затоа што писателот ги опишува еврејските обреди на начин кој не одговара на библијските описи, што значи дека авторот на посланието не ја познавал добро обредната практика на Јудејците, а тоа не би можело да се рече за Варнава, кој бил Левит. Со тоа се доветува во прашање авторството на апостол Варнава, па од таа причина посланието не е прифатено во канонот[4]. Бидејќи знам дека има и такви кои на ова место ќе речат дека тие многу добро знаат кои се книгите во Новиот Завет и дека останатите не ги интересираат, таквите, ќе повториме, го занемаруваат фактот дека Светото Писмо на Новиот Завет денешниот облик го добило дури во половината на 4. век.
    Дваесет и седумте книги од Новиот Завет, кои денеска ги познаваме како канонски, за првпат ги набројува св. Атанасиј Велики (Александриски) во своето 39. Воскресно Послание од 367 год. За нив вели дека „во нив има спасение и побожност“, така што не им треба ништо да се додава или одзема. Книгите Дидахи и Пастирот Ерма ги препорачувал како корисни за читање. Така е сочинет канонот на Новиот Завет, а ова послание го потврдило и Пето-шестиот Вселенски Собор (692 год.). Согласноста во врска со канонот во Црквата е постигната на почетокот на IV век, а благодарејќи на авторитетот на св. Атанасиј Велики, овој канон го прифаќаат и на запад. Постоејќи поединечни сомнежи за Откровението, за новозаветниот канон соборите одлучиле на следниов начин: 360 год. Лаодикијскиот собор го изостава Јовановото Откровение; 382 г. Римскиот собор ги усвојува сите 27 книги, а 2. и 3. Јованово послание го припишува на презвитерот Јован; 397 г. Ипонскиот собор го ограничува канонот на 27 книги; 397 и 419 год. Картагинскиот собор ги потврдува и 14-те Павлови посланија; 692 год. Пето-шестиот Вселенски собор го потврдува целиот новозаветен канон; 1546 год. Тридентијскиот собор ги потврдува сите 27 книги заради сомневањето на реформистите во каноничноста и апостолското потекло на поединечни новозаветни книги (Мартин Лутер произволно го прекројувал канонот); 1870 год. Ватиканскиот собор го прави истото што и Тридентијскиот, од истите причини (последните два важат за римо-катлиците).
    Црквата со овие одлуки го бранела и одбранила библиското Откровение од своите непријатели и еретици, кои сакале да ја искриват христијанската наука. Новозаветниот канон го содржи истото она Откровение кое Црквата го примила од апостолите и грижливо го пазела внатре во Светото Предание. Критериум за одредување на канонот била вдахновеноста на одредени книги, но боговдахновеноста може да ја препознае само оној кој е воден од Духот. Според тоа, погрешно е мислењето дека Новиот Завет, или Библијата во целина, е темел на верата. Темел на верата е „аголниот камен“, темел на верата е „главата на Црквата“ – Христос. Новозаветниот канон настанал од учењето на Светата и Апостолска Црква, а не обратно. Затоа Црквата единствено го поседува клучот за правилно толкување на Светото Писмо. Црквата е критериум за вистината, Светото Писмо и Светото Предание. Иако ова може да изгледа како намалување на значењето на Светото Писмо, сепак тоа не е. Светото Писмо за христијанската (православна) вера има клучно значење. Св. Јован Златоуст вели дека потеклото на сите зла е во непознавањето на Светото Писмо (9 Омилија на посланието до Колосјаните), додека св. Јустин маченик покажува дека учењето на Библијата е задолжително за верата. Сите Свети Отци, како и православната наука денеска, Светото Писмо го поставуваат на највисоко место во христијанскиот живот. Затоа за православните Светото Писмо е разбирливо како живо слово Божјо во живата Црква, а не како некоја книга која е затворена сама во себе. Колкаво значење има Светото Писмо во Православието, ни говори и самата Света Литургија, која пред нашите очи ги материјализира сите оние вистини откриени во Светото Писмо, кои се сфаќаат единствено евхаристиски во литургијската заедница. Светото Писмо го сочинува крвотокот на Црквата, која го напојува секој член посебно, давајќи му храна за вечен живот. Затоа Светите Отци велат дека Светото Писмо се разбира на колена т.е. се разбира во молитва, во молитвено, побожно читање.
    Иако се чини опширен, овој осврт на историјатот на канонот на Светото Писмо беше неопходен, затоа што за тоа ништо нема да најдете во литературата на секташите. Нема да најдете ништо за рано-христијанската книжевност, за историјата на канонот, за борбата на Црквата со ересите, а уште помалку за св. Атанасиј Велики, кој го утврдил канонот на Новиот Завет каков што денеска го познаваме. Зошто? Затоа што секташите набрзо би востановиле дека нивната наука нема ништо заедничко со рано-христијанската, како и дека нивното сфаќање на Светото Писмо е апсолутно погрешно. Никаде во литературата на секташите нема да најдете нешто за најзначајните дела и луѓе од раното Христијанство. Ништо нема да пронајдете за апостолските ученици, како тие и да не постоеле, како до секташите никој да не знаел ништо за Христијанството. Зошто е тоа така? Затоа што секое од делата на раното христијанство говори за науката која е потполно различна од науката на сите секташи.
     
  9. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Библијата не ја пишувал Господ, ја пишувале луѓе. Дали се' она што го пишува во Библијата е збор и желба на Господ? Дали треба да се верува на книга што ја пишувале толку многу луѓе? А што ако секој пишувал што му одговара или само ги изнел своите ставови?

    Ве молам поправете ме ако грешам. :)
     
    На daylight и elimkd им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Ќе изнесам и мое сознание, сум читала неколку книги теории на заговор
    Како што знаеме Библијата е пишувана според евангелијата на Матеј, Лука, Марко и Јован и тоа неколку векови после смртта на Исус. Едно од евангелијата е пишувано во античкиот град Ефес, денешна Турција. евангелијата меѓу себе не се разликуваат многу, контраверзии поголеми има за Марија Магдалина која Исус од сите апостоли најмногу ја сакал и често ја бакнувал во уста. Низ вековите библијата е надополнувана а делови се отстранети, треба да се чита 'меѓу редови' за да се видат некои нелогичности, мое мислење е дека сепак секој кој што е на власт ја пишува историјата, се она што не му се допаѓа се уништува...
    Во подоцнешните години пронајдени се повеќе евангелија од разни автори, исто пронајдено е и според Марија Магдалина.
     
    На Црвче му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.659
    Пол:
    Женски
    Има многу на темава, да не се развлекувам со сопствени зборови, ќе копирам од еден сајт каде што е многу убаво напишано.

    „Библијата тврди дека е Божјиот начин на комуникација со луѓето. Милијарди мажи и жени ги воделе своите животи засновани на нејзината порака, а милиони умреле за неа.

    Дали интелигентен човек може да верува во Библијата? Да. Библијата не е збирка на бајки. За разлика од другите духовни книги, Библијата не бара да и веруваме слепо. Различни видови на докази ја потврдуваат историската точност на Библијата, како и нејзиното божествено потекло и авторство.
    • Древната историја ја подржува Библијата како историски запис и документ.
    • Евангелијата даваат многубројни веродостојни записи за животот на Исус.
    • Археологијата ја подржува и потврдува Библијата.
    • Истражувањата на текстот потврдуваат дека книгите во Библијата се немаат променето од првиот пат кога биле напишани.
    Ако Библијата е Божјата порака за нас, тогаш и историските настани што се запишани во неа треба да бидат точни. И навистина се точни.

    На пример, Библијата вели дека Исус од Назарет извршил многу чуда, бил убиен од Римјаните и воскреснал од мртвите. Бројни древни историчари го потврдуваат она што Библијата го вели за животот на Исус и Неговите следбеници:

    Корнелиј Тасит (Cornelius Tacitus 55-120 г.н.е.) е римски историчар од првиот век и се смета за еден од најпрецизните историчари од тоа време.1 Еден негов извадок вели дека римскиот императот Нерон „ги нанел најгрозоморните мачења на една класа луѓе наречени христијани. ...Христос, по кого и се нарекуваат овие луѓе, бил казнет со страшна смрт од страна на еден од четирите прокуратори, Понтиј Пилат, за време на владеењето на Тибериј...“

    Иако сите четири Евангелија не ги опфаќаат секогаш истите информации, во основа тие ја кажуваат истата работа: кој бил, каде се родил, кој го родил, што правел, какви чуда правел, што поучувал, како живеел, како бил предаден, како умрел итн.

    Две од Евангелијата се напишани од Матеј и Јован, луѓе кои лично Го познаваа Исуса и беа со Него преку три години. Другите две се напишани од Марко и Лука, блиски соработници на апостолите. Овие писатели имале директен пристап до фактите што ги запишувале. Раната црква ги прифати четирите Евангелија затоа што беа во склад со она што веќе беше прифатено како општо знаење за животот на Исус.

    Секој од авторите на Евангелијата има направено доста детален запис. Како што и би се очекувало од разни биографии за ист човек, постои варијација во стилот, но фактите што се запишани не си противречат од едно до друго Евангелие. Знаеме дека авторите не измислувале работи, бидејќи сите Евангелија наведуваат конкретни географски имиња (топоними) и културолошки детаљи кои веќе се потврдени од историчарите и археолозите.

    Да не копирам све, има мн корисни информации во текстот, еве прочитај си тука.
     
    На bella.gk, okcenzi и Црвче им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Зошто се дозволени насилството и инцестот во Библијата? Нели сите христијани се наводно против, а книгата го дозволува тоа?
     
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Каде во Библијата инцестот е дозволен ? и насилството ? Од каде ова не ми е јасно.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Сакам кажам не знам речам муабетов. Нешто да се изводи. Ги измешала ЕВРЕИТЕ со ХРИСТИЈАНИТЕ па си тропа.
     
    На HUNK и Outlook им се допаѓа ова.
  15. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Ние сме продолжение на Евреите, ни во Стариот Завет инцестот не е оправдан ако е за тоа зш како стории стојат Содома и Гомора ... глупости.
     
  16. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Дозволува насилство??
    „Јас ви велам“, рекол Исус Христос, „сакајте ги своите непријатели и молете се за оние што ве прогонуваат, за да бидете синови на својот Татко кој е на небесата, бидејќи тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд на праведните и на неправедните“ (Матеј 5:44, 45)
    Дозволува инцест??
    6. Никој не смее да се доближува до сродниците по тело, за да ја открие голотијата нивна. Јас сум Господ.
    7. И голотијата на таткото свој и голотијата на мајката своја да не ја откриваш; таа ти е мајка, не откривај ја голотијата нејзина.
    8. Голотијата на татковата жена не откривај ја: таа е таткова голотија.
    9. Голотијата на сестрата твоја, која е од татка ти или од мајка ти твоја, родена во куќата или надвор од куќата, да не ја откриваш голотијата нејзина.
    10. Голотијата од ќерката на синот твој или од ќерката на ќерката твоја, не откривај ја голотијата нивна, зашто тие се твоја голотија.
    11. Голотијата на ќерката од татковата жена, не откривај ја, таа ти е сестра по татко.
    12. Голотијата на татковата сестра не ја откривај; таа е од иста крв со таткото твој.
    13. Голотијата на мајкината сестра не ја откривај, таа е од иста крв со мајката твоја.
    14. Голотијата на татковиот брат не ја откривај и до неговата жена не се доближувај, таа ти е стрина.
    15. Голотијата на снаата своја не ја откривај, таа е жена на твојот син – затоа не ја откривај голотијата нејзина.
    16. Голотијата на братовата жена не откривај ја, таа е голотија на братот твој.
    17. Голотијата на жена и на ќерка и не ја откривај; ќерката на синот нејзин и ќерката на ќерката нејзина не ги
    29Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ. 3.Мојсеева 18:6-29
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Има во Библијата некои приказни кои вклучуваат инцест и насилство, ама ни едно, ни друго не е дозволено. Забраните си стојат.
     
    Последна измена: 1 август 2016
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Инцестот бил дозволен во библијата? Ете да речеме пишува такво нешто во библијата (ма да НЕ Е ТОЧНО) па зошто тогаш кај вас си го применуваат инцестот и ден денеска? Братучеди први се земаат, имаат деца...од тоа поголем инцест амин. А кај христијани ни имало, ни ќе има таков случај.
    Насилство? Во која вера насилство е дозволено ајде кажи?
    Ни кај вас, ни кај нас, ни кај некои трети го нема тоа чудо, ама од што имаш толкава омраза за христијаните дури и измислуваш работи.
     
    На HUNK, anaja1, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Живем цел живот тука, знам за многу случаи каде се зимаат братучеди- блиски и далечни. За некои знам дека не знаеле, покасно дознале но останале во брак,а некои знаеле но занемариле. А и разлистај тука на роднински врски.

    И зошто велите дека имам омраза? Нели како вие нас, така и ние вас имаме право да ве прашаме? Кас значи само шрашав зошто!Не рипајте одма, одговорете ако знаете.

    Иначе
    Abraham koji je oženio svoju polusestru Saru (Postanak 20,12), Lot i njegove kćeri (Postanak 19), Mojsijev otac Amram koji je oženio svoju tetku Jokebedu (Izlazak 6,20) i Davidov sin Amnon sa svojom polusestrom Tamarom (2. Samuelova 13).
    Bratova udovica
    Ako muškarac umre bez djece, dužnost je njegovog brata da ostavi udovicu trudnom.Onana je Bog ubio na mjestu jer je radije svoje sjeme izlio na zemlju nego da njime osigura bratove potomke (Knjiga Postanka 38:8-10). U Novom zavjetu postoji priča (Evanđelje po Mateju 22:24-28) koja pokazuje da je ta tradicija nastavila živjeti i poslije.
    Ženina služavka
    Nakon sedam desetljeća bez djece, Abrahamova frustrirana supruga Sara kaže: "Odi, spavaj s mojom robinjom; možda mogu izgraditi obitelj kroz nju". Njezina robinja, Hagara, ostaje trudna, a dvije generacije poslije, Jakobove supruge konstantno mu šalju svoje robinje, u pokušaju da bi se međusobno nadmašile u broju sinova. (Knjiga Postanka 30:1-22).
    Druge robinje
    Muškarac nije smio spavati s drugom ropkinjom ako je ona bila obećana drugom muškarcu, ali ako su ipak spavali, onda se nju trebalo za kaznu istući, a on je trebao žrtvovati ovcu
    За насилство

    „Ti si mi bio malj, oružje ratno. Pomlatih tobom narode, razmrskah tobom kraljevstva. Pomlatih tobom konja i konjanika, pomlatih tobom bojna kola i vozača. Pomlatih tobom čovjeka i ženu, pomlatih tobom starca i dijete. Pomlatih tobom mladića i djevojku, pomlatih tobom pastira i stado.


    „Koga stignu, probost će ga; koga uhvate, mačem će sasjeći; pred očima smrskat će im dojenčad, opljačkati kuće, silovati žene. Gle, podižem na njih Medijce što ne cijene srebra i preziru zlato. Svi će mladići biti pokošeni, sve djevojke zatrte. Na plod utrobe neće se smilovati, nad djecom im se oko neće sažaliti. Babilon, ures kraljevstava, ured i ponos kaldejski, bit će kao Sodoma i Gomora kad ih Bog zatrije.“


    Ako čovjek u polju naiđe na zaručenu djevojku i silom legne s njom, onda neka se pogubi samo taj što je s njom legao; a djevojci nemoj ništa: nema na njoj krivnje kojom bi zasluživala smrt. Jer to je kao da navali tko na bližnjega svoga i ubijte ga. On ju je zatekao u polju; i premda je zaručena djevojka zapomagala, nije bilo nikoga da joj priskoči u pomoć. Ako čovjek naiđe na mladu djevicu koja nije zaručena te je pograbi i s njom legne, pa budu uhvaćeni na djelu, tada čovjek koji je s njom ležao neka djevojčinu ocu dade pedeset srebrenika. A budući da ju je oskvrnuo, neka je uzme za ženu, da je ne može pustiti dok je živ.“
    Е сега знам дека ќе речете ама стариот завет е тоа
    Novi zavjet podržava Stari zavjet
    Isus nije osudio niti jedno od tih pravila
    "Nemojte misliti da sam došao ukinuti Zakon ili Proroke; nisam ih došao ukinuti, nego nadopuniti. Kažem vam istinu, dok nebo i zemlja ne nestanu, ni najmanje slovo, ni najmanji pomak neće nestati iz Zakona, dok sve ne bude postignuto." (Evanđelje po Mateju 5: 17-18) Stoga, tko god PREKRŠI I JEDNU OD OVIH I NAJMANJIH ZAPOVIJEDI i nauči druge da tako rade, bit će najmanji u kraljevstvu nebeskom;“ (Matej, 5:17-19) Isus, neka je sa njim Božiji mir i spas, je došao da ostvari zakone i učenja prijašnjih poslanika, a nije došao da ih opovrgne i donese novi zakon. Stoga je obaveza svakog kršćanina da vjeruje i primjenjuje i Stari zavjet.
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Стар Завет дете, книга која е повеќе од 3000год стара, а Куранот е неколку века стар и кога тој доаѓа на сцена, инцестот е забранет не, поради нешто др туку поради раѓањето на пореметени деца и информирај се за што пишуваш, не пишувај глупости.