Емоушнл, не си ја прочитала Библијата, не ја познаваш хронолошки и не и ги разбираш поуките. Ако навистина те интересира, набави ја и посвети и време. И не копирај толкувања од исламски сајтови и форуми.
За христијани братучеди што се зеле си слушнала? Пфффф...глупости...јас знам ова, ти знаеш она...значи кај вас познато е дека си се земаат братучеди, или двајца браќа за две сестри, или останати роднини, а кај нас не е такво нешто ни дозволено, ни познато. Е сега може има некој забеган случај... И во извадоците ко што читам има имиња Абрахам, Амрам, такви не се христијански и прв пат слушам во библија вакви имиња...не знам, може има некој повеќе што се разбира...јас ја имам и дома ама не сум сретнала такви имиња. А околу насилството сигурно и ти ја имаш слушанто најпознатата изрека (реченица, заповед, what ever) што ја кажал Исус: Ако некој те удри по едниот образ, ти заврти му го и другиот образ.... Ако се поддржувало насилство во христијанството, Исус би рекол: Ако некој те удри по едниот образ, ти влези му со боксови и умри го од мавање човекот... Јас ко што реков, го имам дома новиот завет и не сум сретнала вакви извадоци, може некој поупатен што има целосно прочитано може да ти каже, иако не знам ни што ти беше прашањето. Кратко и јасно не се поддржува ни инцест, ни насилство во христијанството.
Во новиот нема, но во стариот завет изобилува со хорор делови. Проблемот е што многумина веруваат дека сето тоа е диктирано од Бога, а всушност има елементи кои ги вметнал ѓаволот со цел да предизвика забуна кај луѓето и ги оддалечи од Бога. Бог е вечноструечка љубов, Тој не казнува и не барал и не бара пролевање на крв - ниту на луѓе ниту на животни. Деловите во Библијата кои зборуваат дека тоа наводно Бог го побарал се оние кои ѓаволот всушност ги имал вметнато.
Имам едно прашање во врска со Библијава ама повеќе би сакала да прашам во лична порака отколку овде... кој би ми одговорил?
Тоа се имиња кои поттекнуваат од Стариот Завет и ги користат Евреите Давид,Сара,Јосиф,Авраам.. тоа се сите имиња со Еврејско потекло но нема проблем да ги употренбуваат и Христијаните.Денеска има многу Православни Давиди и Сари пријателке
Исламот подоцна си ги превзема тие имиња, ама им дава муслимански призвук. На пример вака. Авраам - Ибрахим Исмаел - Ишмаил Гаврил - Џибраил Мојсеј - Муса Соломон - Суљеман Давид - Дауд Исус - Иса Тие десно се исламските верзии и гледаш малку поисламски звучат Иначе оригинално се еврејски и поинаку се изговараат и од македонскиве верзии.
Мајката од мојот дечко ја има Библијата, 3 книги од Библијата. Во Библијата се раскажува што ќе се случува со светот, со луѓето и се друго, го прочитав еднаш, не само 1 дел повеќето делови и се наежив колку е точно. И стварно еден ден планирам да ја прочитам цела Библија да видам што све се дешавало и ќе се дешава.
Знам дека многу луѓе што почнале да читаат Библија се фаќаат за случката со Лот и неговите две ќерки. Со тоа што одма не е довршена случката, многу мислат, се прашуваат и помислуваат дека Бог тоа го одобрува. За жал некои и се откажуваат да веруваат во Бог и ја оставаат Библијата наместо да замолат за благослов Бог да им дозволи да разберат и да ги учи. Спојлер: Случката со Лот и неговите ќерки А Лот излезе од Сигор, и се настани на оној рид со двете ќерки свои; зашто се плашеше да живее во Сигор. И живееше во пештера со двете ќерки. А постарата ѝ рече на помладата: „Нашиот татко е стар, а нема маж во земјава за нас, како што е обичај по целата земја. Ајде да му дадеме на таткото наш вино, за да се опие; па да легнеме со него, за да го зачуваме потомството на нашиот татко!” И му дадоа вино на татка си во онаа ноќ; и влезе постарата и легна со таткото свој; а тој не сети ни кога легнала таа, ни кога станала. А утредента ѝ рече постарата на помладата: „Ете, ноќеска бев со својот татко. Да го опиеме со ниво и вечерва: па влези и ти легни со него, и ќе сочуваме потомство од таткото наш!” И таа ноќ му дадоа на татка си вино; и влезе помладата и спиеше со него; а тој не разбра ни кога таа легнала ни кога станала. И обете ќерки Лотови зачнаа од таткото нивни. И постарата роди син, и го нарече Моав, (велејќи ,,Oд татка ми е.") Тој е прататко на Моавците до денес. А и помладата исто роди син, и го нарече Бен-Ами (велејќи: „Тој е син од мојот род”.) Тој е прататко на Амонците до денес. Одговорот се наоѓа во книгата Второзаконие (Петта книга Мојсеева), за тие кои го имаат ревидираното издание од 2013 год. тоа е на страна 227 насловот:Луѓе кои не се примаат во заедницата Господова, со мало бројче 3 на следната страна. 3 Амонец и Моавец не смее да влегуваат во заедницата Господова, а нивните потомци да не се примаат во Господовата заедница и по десетото колено, довека За се има одговор во самото Свето писмо, само ние бидејќи сме маловерни, или одма се откажуваме или како што Бог вика: "При очи не гледаат и при уши не слушаат". "Мојот народ умира од незнаење". Од мое лично искуство, од искуство на една болна душа која за среќа си го пронајде лекарот ви советувам да не и приоѓате на библијата како на обична книга, бидејќи таа тоа не е. Мене веќе други книги не ме интересираат, се што ми треба добивам од Светото писмо, непостои друга книга која е толку многу моќна. Се што се прашувате, сите одговори ќе ги најдете во неа, целата филозофија на животот е во неа. Нејзините зборови се вистинска духовна храна, светлина, пат и вистина. Пред неколку години го имам читано 2 пати нов завет и бидејќи тогаш мојот маловернички пристап ко на обична книга беше погрешен, сега читајќи ја целата Библија сваќам дека со право не ми било дадено ништо да разберам и научам. Го прочитав стариот завет, сега моментално го читам новиот со молитвена молба пред секое читање Бог да ме вдахне со Светиот Дух да раберам, да ме води, да ме учи, да ме благослови со знаење, мудрост, разум и страхопочит, како мене така и сите... Луѓе неопишливо колку е убаво кога човек целосно ќе се отвори на Бог да го прими во своето срце. Нема поголем Учител, разобличувач, утешител од Него. Кога ќе се свртам да погледнам наназад на сите овие месеци дружба со Бог, сваќам дека Он ме подигна од живото мртвило и празнина во која несвесно сум се давела, денес фала Му на Господ осеќам дека сум веќе Божјо дете. Аја која бев до вчера ми е одвратна, не ја сакам. Денес сакам и се трудам да бидам Аја која нема да Го држи Бог далеку од себе, која нема да Го лути, гневи и растажува. Туку Аја која се однесува како вистинско Божјо дете. Сите овие месеци го доживеав токму она што го вика Бог: "Дојдете кај мене и Јас ќе дојдам кај вас". Ме разбуди вистински, ми покажа дека иако не го гледам очи во очи,можам да го видам секаде околу мене преку Неговите дела, ми покажа каков карактер има, Кој е и што е, ми покажа дека сум била одвратен човек дур си мислев дека па и не сум толку лош човек, ми покажа какво е чуството кога Го имам Него и како е кога ќе направам грев, колку е грдо чувството кога Го одалечувам од мене. Ми покажа дека со искрена молитва полна со вера можеш да излечиш некого, ми покажа дека никој ама апсолутно никој не може да ме сака, да ми посакува добро и да ме чува како што може и го прави Он, ми покажа дека кога нешто е од Него едноставно го знаеш тоа без никакво прашање или сомнеж, едноставно знаеш, во спротивност не е од Него. Убаво е кога се молиш за вистинските работи, тогаш сме ислушани и Бог одговара на нашите молитви. Олеснувачки е кога знаеш дека можеш сите гревови, непотребни грижи, очај, осаменост, здравје, љубов...едноставно се од тоа да оставиш и да препуштиш на Божјата воља, целиот живот да го оставиш во Негови раце и да престанеш да се труеш себеси со очај, грижи итн. Му благодарам за огромното трпение, милост, љубов, благослови и учење. Слава Му на Господ Исус Христос! Би сакала сите да можам да ги освестам и разбудам. Знаењето е живот луѓе! Бог да ве чува и благслови со се најдобро.