Во Библиското здружение ганц нова Библија со позлатени листови кошта 700 денари, Нов Завет со позлатени листови 150 денари.
Отидете во било која протестантска црква, ќе ви дадат бесплатно Библија или Нов Завет. За вас што не се разбирате од библиските преводи, секако дека имаат и од „православниот превод“. Според мене и Библијата треба да нуди бесплатно и со доброволен прилог за нејзиното печатење, за да биде достапна и за сиромашните и бедните. За христијаните Библијата е Божјиот Збор, а каква цена ќе му дадете на Божјиот Збор?
B Besplatno ako go pokrie trosokot crkvata, hartija I pecatenje ne e besplatno, neli, I tie lugje treba da ziveat od nesto. Inaku ko sto citam cenite se dostapni, edno romance relax ne e pod 600 den. Mojot primerok pred 15 god I povekje mozebi ima go plativ 1500den ako ne se lazam.
Точно, хартијата и печатењето не е бесплатно, ама затоа Бог им ставил на срце на некои луѓе финансиски да го подржуваат печатењето и дистрибуцијата на Библијата со цел да биде бесплатно за оние кои немаат. Они го прават тоа доброволно, некои од својот вишок, а некои и жртвуваат за тоа. И фала му на Бог и на тие луѓе, барем Нови завети има за секој човек на планетава.
Јас го имам "новиот завет" со позлатени листови и на самата корица ја пишува цената со позлатени букви 150ден.Дека и толку треба да биде да не е скапа сега за секој да може да ја има. Јас ја добив како подарок скапоцен подарок
Не се извадоци. Библијата (Православна и римокатоличка) од 700 денари ги содржи сите 77 книги кои влегуваат во состав на Светото Писмо. Протестантската Библија содржи помал број на книги во Стариот Завет и распоредот на книгите во Новиот Завет е различен. Баш ме интересира каква е таа Библија со извадоци? Ќе може да ја сликате? И цената е превисока...
Vazi, ne e cenata od Sega samo moja greska e sto ja kupiv na eden panagjur fakticki I ne ja razgledav, stom kje mozam kje vi pratam slika.
Јас имам исто така(како подарок ја добив и нејзе заедно со новиот завет) "Библија за млади". И да во право си за новиот завет е целиот не се извадоци. Сите евангелија ги има и содржи 619страници но се ситни буквите и тенки листовите. А другава библија за млади е со извадоци воедно од стариот и новиот завет. И е мн интересна и примамлива книгата на изглед и со слики е се појаснето, дебели корици, голема е книгата и којзнае колку кошта поима немам бидејќи ја добив поклон. Доколку сакате ќе ви сликнам да ја видите..?
Распоредот на книгите е ирелевантен, како што е ирелевантна и корицата на Библијата или фонтот на буквите. Стариот завет христијаните го наследуваат целосно од евреите. Старозаветните книги во Библијата си постоеле и пред појавата на Исус. Ткн. „протестантска Библија“ (колку е само смешен овој поим ама ајде) го содржи истиот канон на старозаветни книги како и еврејскиот т.е. истите оние книги кои и Исус ги подржувал, иако групирањето на книгите во составот на денешните корици е различен. Дефтероканонските книги се подоцнежни додатоци во стариот завет и денес се дел од Католичката и православниот канон на Библијата. Самиот збор „дефтеро“ значи нешто второстепено (прото - прво, дефтеро - второ). Божјиот збор не може да биде второстепен. Што значи дека само протоканонските книги се Божји Збор, Свето Писмо, што пак значи дека протестантскиот канон е поисправен.
Библијата за млади ја знам со плави корици. Интересна е. Ама сепак можете да ја сликнете. Колку што се сеќавам имаше уште една Библија за млади, уште помала мислам со црвени корици. Дека и т.н. дефтероканонски книги (што е протестантска измислица, под влијание на децата на оние кои Христа Го распнаа) се боговдахновени е нивното цитирање во Новиот Завет и тоа: Книгата Премудрост на Исуса синот Сирахов е цитирана во: Мт. 6, 14; 6, 7; Јак. 1, 19; Книгата Премудрост Соломонова - Рим. 1, 18-23; 2, 11; 5, 14; 9, 21; Ев. 1, 3; 8, 14; 1. Пет. 1, 6; Книгата Јудита - 1. Кор. 2, 10; Втората книга Макавејска во Ев. 11, 34.
хаха мислише дека нема да ги проверам цитатите па така лесно ќе не излажеш? Еве според твоиве референци како на пример е цитирана книгата мудрост Сирахова во ев. Мт 6,14: „Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам.“ (Мт 6,14) Ова за тебе е цитирање на книгата мудрост Сирахова? Или еве како книгата Товит твојата омилена според тебе е цитирана во Дела Апостолски 8,2: „А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него.“ (Д. Ап. 8,2) Ова за тебе е цитирање на книгата Товит? А плус и ако нешто од еврејската традиција е спомнато, не значи и дека тоа е Божји збор. Во стариот завет се спомнати и книгата на Ехон, книгата на Јашер, книгата на Господовите војни итн. Павле на пример кога им проповедал на паганите во Атина им цитирал и некои од нивните грчки поети: „Зашто во Него живееме, се движиме и постоиме, како што и некои од вашите поети рекле: ‘И ние сме Негов род.’“ (Дела 17:28, Библијата) Дали тоа значи дека е паганските грчки поети треба да бидат дел од канонот на Стариот завет?
Да, исто како што и Христовиот погреб е цитирање на книгата Товит! Светиот и преблажен Јосиф Ариматејски и светиот фарисеј Никодим го подржуваа делото на блажениот Товит кој тајно ги погребуваше праведниците и тоа му се сметаше за големо добро дело пред Бога. А, царот пак кој сакаше да му наштети бидна убиен своите синови. Товит го поучуваше својот син Товиј, да го раздава својот леб на гробот од праведник и на грешници да не им го дава.
Го сликнав и новиот завет стигната сум до 129стр. Спојлер: Nov zavet "Библија за млади" Содржини: Стариот завет: Нов завет: Ете толку успеав да прикачам фотографии во овој пост. Доколку ве интересира посебно за некој дел во содржините каде што се наведени слободно пишете не е проблем ќе ви сликам. Можете слободно да ги зумирате фотографиите мислам дека јасно се чита.
Според твојава „логика“, излегува дека ако во Куранот пишува дека Мухамед јадел леб - тоа според тебе претставува цитирање на книгата Битие само затоа што и таму Мојсеј јадел леб Одговори ми само на едно прашање: Каде со овој памет? Кадееее?
Таму каде што има место само за оние кои што се дел од Црквата, односно што се во канонско и литургиско единство со својот локален епископ - владика, кој има исправно апостолско преемство.
Тешко му на тоа место со логиката погоре опишана во твоите коментари. И фарисеите така му викале на Исус, ние сме деца Авраамови, ние поттекнуваме од Авраам, ние го имаме исправното родословие, наш е храмот, наши се заветите, бла бла... Знаеш Исус што им рече на ова? Вашиот татко е ѓаволот. (ев. Јован 8:44, Библијата)
Господ и Спасител наш Иисус Христос, за Својата Невеста - Црквата кажа: „ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.“ (свето Евангелие според Матеја, гл.16, ст.18 ) И вистина така е. Црквата што ја изгради Господ наш Иисус Христос, врз правилната вера и исповеданието на свети апостол Петар, ја употребува и ја употребуваше Библијата составена од 50 старозаветни книги и 27 новозаветни. Оние, пак кои го посеаја каколот (свето Евангелие од Матеја гл.13, ст.24-30) употребуваат осакатена Библија... Каде беа тие што ја осакатија Библијата во 13. век? Ги немаше! Каде беа во 8. век? Ги немаше! А Црквата, Новиот Израил-народ Божји ја имаме и во 1. и во 3. и во 16. и во 21. век. Чиста и неосквернета, која во своите богослужби ја користи Библијата составена од 77 книги.
Вистина поткрепена со единствен аргумент: жими мајка Така велеа и фарисеите: На Авраам му се родија деца, па на нивните деца - деца, па на нив внуци.. и оп ете ги фарисеите со аргументи дека тие се Авраамово вистинскомпотомство и правите наследници на ветувањата дадени на Авраам. А Исус што им рече? Вашиот татко е ѓаволот. Упссс.
Христос Го правите лажго? Ете какви се протестантските нововерци, за да збираат десеток од своите членови подготвени се и ваква хула да искажат. Нормално поткрепена со од контекст извадени библиски цитати.