Не го правам лажго. Исус навистина рекол: Вашиот татко е ѓаволот. Еве ти и референца од Библијата за доказ (ев. Јован 8:44, Библијата)
Јас прво го цитирав сведоштвото Господово за Црквата, на што Вие ми вративте: Што следи дека Вие тврдите дека зборовите Господови се аргументи од типот: жими мајка. И убаво што сте го прочитале 44. стих од 8. глава од светото Евангелие Јованово, ама да ја прочитавте и цела глава повеќе корист ќе имавте, зашто ќе знаевте дека сведочанството на Господа Иисуса Христа е вистинито! Од Јована свето Евангелие, глава 8 13. Тогаш Му рекоа фарисеите: „Ти сведочиш Сам за Себе; Твоето сведоштво не е вистинко.” 14. Исус им одговори и рече: „Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско, зашто знам од каде сум дошол и на каде одам; а вие не знаете од каде сум дошол и на каде одам. 15. Вие судите по телото, Јас не судам никому. 16. И ако судам Јас, Мојот суд е вистински, зашто не сум Сам, туку Јас и Отецот, Кој Ме прати. 17. А во Законот ваш е напишано, дека сведоштвото на двајца луѓе е вистинско. 18. Јас сум што сведочам за Себе, и Отецот, Кој Ме прати, сведочи за Мене.” Смирено Ве молам, покајте се, ако не затоа што го кинете хитонот Христов, тогаш барем затоа што не го земате Неговото сведочанство за вистинито!
Дали Библијата е книга достапна во библиотеките? Какви верзии има и која верзија е најточна? Би сакала да ја прочитам. Инаку имам прочитано само некои извадоци до сега. Новиот Завет ми е поинтересен.
Може ли некој, ако знае да ми објасни што сака да каже стихот во 1. Мојсејева 3:15 А јас ќе ставам непријателство помеѓу тебе и жената, и помеѓу твоето потомство и нејзиното потомство. Тој ќе ти ја смачка главата, а ти ќе го раниш во петицата“.
Буквално: Луѓето и змиите реално се непријатели. Змиите ги касаат луѓето, луѓето ги убиваат змиите со смачкување на главата. Алегорично значење: Змијата е ѓаволот, кој го малтретира и уништува човечкиот род, преку ширење на соблазни и гревови. Потомството на Ева, тоа е нашиот Господ Иисус Христос, Кој е роден од Дева и преку Распнувањето и Воскресението и` ја смачка главата на змијата, односно на Сатаната.
Да, повеќето бибилиотеки имаат примероци. Но разни преводи на македонски достапни се и онлајн. Во издание на МПЦ: http://mpc.org.mk/vest.asp?id=6268 Во издание на некоја од протестантските цркви: https://www.bible.com/bible/311/GEN.1.MKB Во издание на Јеховините Сведоци: https://www.jw.org/mk/biblioteka/biblija/bi12/knigi/ Постојат уште и преводи на Душко Константинов и тнр. динамичен (современ) превод но не ги наоѓам онлајн. Првин треба да се сфати дека Библијата не е една книга, туку збирка на повеќе книги отпечатени како една целина која пак се дели на Стар и Нов Завет. Самиот збор Библија во превод значи Книги. Проблемот е што никој во светот ги нема најпрвичните записи т.е. оргинали од тие книги, туку во најдобар случај стари преписи на преписи од преписи. Слична судбина имале и списите на другите религии (иако понекогаш дел од верниците го негираат тоа) но и не само списите на разните религии туку и филозофските списи (на пр. тие на Платон, Аристотел...) различните епови (Илијада, Одисеја на пр.) имаат различни и понекогаш противречни верзии. Тоа е така бидејќи во древните времиња немало печатници туку текстовите се препишувале на материјали како кожа, камења, глинени плочи, лисја од разни дрва и тн. Таквиот материјал не секогаш опстојувал низ времето (пожари, поплави, земјотреси и тн.). Исто така треба да се има в предвид дека јазикот е жива материја - поатојано се надградува но и менува. Она што еден ист збор значел за некого од претходните векови, за луѓето од денешницата може да има делумно или сосема поинакво значење. Па така има различни верзии или поточно преводи но во глобала земено на она што се раскажува е исто. Различни верски заедници ставале акцент на различни работи. Постојат преводи во поархаичен стил, преводи во посовремен стил, компаративни преводи и тн. Библијата или поточно книгите од кои таа е составена се пишувани на неколку стари јазици: старохебрејски, арамејски и коине-грчки (варијанта на старогрчкиот). Како и во сите јазици, така и во нив постојат зборови кои можат да се преведат на различни начини, при тоа целата реченица да звучи навидум дека има смисла а таа смисла да е сосема сменета поради одбраната варијанта како тој збор да се преведе. Неколку примера: ст.хебр. збор јом некои го превеле со ден па според тоа испаѓа дека Бог го создал светот за 7 дена. Проблемот е што тој збор има и значење на долг период, раздобје . Па тогаш се менува и смислата, наместо Бог за 7 дена, светот госоздал во текот на 7 раздобја или периоди. Ст.хебр. комбинација од буквите Ј-Х-В-Х би значеле „Јас Сум оној кој што СУМ„ но во едни преводи е наведено како Јахве во други како Јехова, во трети се преведува едноставно со зборовите: Бог или Господ. Некои христијани, како на пр. Јеховините Сведоци инсистираат дека тој збор треба да се остави така бидејќи според нивното толкување тоа било личното божјо име. Според нив, слично како што на пр. името Светлана или Тихомир не би го превеле со Lighty или Silent Peace на англиски бидејќи е лично име, не би го превеле ниту Јехова, бидејќи личните имиња при преведување не се преведуваат. Другите христијани велат дека тоа не може така да се толкува и дека зборовите Бог или Господ се сосема на место и тн. Или на едно место во Новиот Завет (поточно во едно од евангелијата) Исус предупредува дека оној кој се фаќа за меч од меч и ќе загине. Тоа некои преведувачи го превеле вметнувајќи го зборот треба па испаѓа дека наводно Исус рекол: „кој за меч се фаќа од меч треба да загине„. - што на некои им дало „оправдание„ за изрекување на смртна казна иако Исус тоа не го рекол. Исто така треба да се има во предвид дека библиските книги понекогаш се нарекуваат и преведуваат со различни имиња, но се работи за една иста книга, на пр.: Прва книга Мојсеева се преведува и со насловот: Битие, а некои ја преведуваат како: Книга за настанокот или Настанок.
"Проблемот е што никој во светот ги нема најпрвичните записи т.е. оргинали од тие книги, туку во најдобар случај стари преписи на преписи од преписи. Слична судбина имале и списите на другите религии (иако понекогаш дел од верниците го негираат тоа) но и не само списите на разните религии туку и филозофските списи (на пр. тие на Платон, Аристотел...) различните епови (Илијада, Одисеја на пр.) имаат различни и понекогаш противречни верзии. Тоа е така бидејќи во древните времиња немало печатници туку текстовите се препишувале на материјали како кожа, камења, глинени плочи, лисја од разни дрва и тн. Таквиот материјал не секогаш опстојувал низ времето (пожари, поплави, земјотреси и тн.). Исто така треба да се има в предвид дека јазикот е жива материја - поатојано се надградува но и менува. Она што еден ист збор значел за некого од претходните векови, за луѓето од денешницата може да има делумно или сосема поинакво значење." Важно е да се спомне дека времето од оригиналот до првата копија на сиде древни пишани дела најкрако е кај Новиот Завет во споредба со другите преписи на древните литературни дека јие се развлекуваат и со векови од оригинал или прва до втора копија (препис).
Сакам само да прашам дали има некој правила при читањето на Библијата,бидејќи сакам да ја читам сега за време на летниот распуст.И знам дека оваа прашање е глупаво но дали може да се чита додека се има добиено.
Почни да го читаш Новиот Завет, читај ги светите Евангелија, делата на светите апостоли, посланијата и светото Евангелие според Јован се малку потешки. Потоа можеш да читаш од Стариот Завет: Петтокнижието Мојсеево (првите пет книги од Библијата), Судиите, Царствата, Исус Навин, Рут, Товит, Јудита... Таму каде што ти е досадно слободно прескокнувај. Можеш да читаш и кога имаш добиено. Не грижи се.
Колку време би му требало на просечниот човек да ја прочита целата библија, ако да речеме чита по 10 такви глави секоја вечер? Јас стигнав до судии за околу еден месец но некогаш читав повече некогаш помалку (и со скипање по некоја вечер)
Овде се ставени и некаконски книги. Од Макавејските се првите некаконски. Овде имате повеке различни преводи и пребарувач и повеќе избор. https://www.biblija.mk/