Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Библија

Дискусија во 'Религија' започната од magic, 27 јануари 2010.

  1. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Запознаен ли е некој тука со study bibles? Не знам како би се превело ова нс македонски, и дали има таква Библија кај нас, бидејќи само имам видено на слика.
    [​IMG]
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    За жал на македонски ја нема. На англиски може да си ја симнете овде: https://azbyka.ru/otechnik/books/original/18430/18430-The-Orthodox-Study-Bible.pdf
     
    На FroggyLover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже што значи поцртаниот цитат од Библијата? IMG_20220501_214630.jpg
     
  4. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    каде поточно е овој цитат во библијата? ни треба контекст
     
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Го најдов. Цитат од последната вечера, дел од последните побарувања што ги имал од своите ученици.
    Обично мнг тешко е од библијата да се извади еден цитат без контекст и да се бара објаснување или да се толкува на свој начин (иако има исклучоци)

    Има повеќе места во Библијатра каде што се користи зборот меч, и има секаде различно значење, на пример-„Нe дoјдoв дa дoнecaм миp, тyкy мeч“ (Мaтeј 10-34). (ова не значи дека буквално донел меч. туку дека се појавува за да создаде преобраза и да го разбрани "мирното" море на грешниците

    „Вpaти гo cвoјoт мeч нa cвoeтo мecтo, зaштo cитe штo ќe зeмaт мeч ќe зaгинaт oд мeч“
    -око за око и заб за заб, да не си ги валкаме рацете со таков грев, бидејќи цената е висока, ќе платиме со нашиот живот.

    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Затоа контекст е мнг важно, е сега тука-

    „Тoгaш им peчe: нo ceгa, кoј имa ќесе нека го земе,исто така торба (ќесе/торба со ПАРИ); a кoј нeмa , пpoдaј јa oблeкaтa cвoјa и кyпи мeч; зaштo јac ви кaжyвaм штo тpeбa дa ce иcпoлни вo мeнe и вo oвa штo e нaпишaнo: и вбpoeнo мeѓy злитe. Зa тoa штo e зa мeнe дoaѓa кpaјoт. Тиe peкoa: Гocпoди! eвe, eвe двa мeчa. Им peчe: Доста!

    Значи тука со оваа наредба Исус ги припремува бидејќи знае дека следи ситуацијата со Јуда, ги подготвува и предупредува. Ако го изолираме само цитатов ќе помислиме дека збори буквално но доколку го прочитаме целиот дел ќе видиме дека едноставно Исус ги предупредува дека тешки времиња ќе дојдат, нема да биде тука за да ги заштитува и дека ќе бидат прогонувани. Он им вика -зa мeнe дoaѓa кpaјoт а тие не го разбираат и кажуваат како имале два меча. Исус не вика доволно е (ко демек два меча се доволни за борбата) он вика доста! значи крај на дискусија, не беше тоа целта на наредбата, но апосолите не биле свесни за тоа што ќе дојде.

    После Исус им наредува да се молат, за да не паднат во искушение и да останат будни (и им рече: „Зошто спиете! Станете и молете се, за да не паднете во искушение!”)

    ....и најпосле се случува ситуацијата со Јуда кога го предаде еве дел и од тоа во контекст со мечовите што ги имале......

    А кога оние, кои беа со Него, видоа што ќе стане, рекоа: „Господи, да удриме ли со меч?” И еден од нив, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. А Исус одговори и рече: „Оставете Го тоа!” И се допре до увото и го излечи. Тогаш Исус им рече на оние, кои се кренаа против Него - на свештеничките главатари, на началниците на Храмот и на старешините: „Излеговте како на разбојник со мечеви и стапови! Кога бев, секој ден со вас во Храмот, не кренавте рака на Мене. Но, ова е ваш час и власт на темнината!”

    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Гледам на нет има дебати околу толкување на овој дел.Дали Исус повикува на насилство и е контрадикторен со неговото учење?... Не можеме изолирано да толкуваме цитати како и бувкално да ги толкуваме... Со оглед на тоа дека комплетно невин се жртвувал за да го спаси човечкиот род верувам дека ова е најголем пример на ненасилство. И да, читаме понатака дека иако еден од апосолите го искоритил мечот, Исус го прекинал насилството и го излечил ранетиот. Така да земете меч е само предупредување и поотик за самодобрана во однос на темните времиња што следат.

    Ова е според мене и времето што го поминувам читајќи и истражувајќи. Најубав одоговор може да ти даде свештеник па можеш таму да се обратиш со твоите прашања, секако и јас ќе прашам :)
    .
     
    Последна измена: 8 мај 2022
    На SunnyGirl2, Rama и tel-ef им се допаѓа ова.
  6. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    @KittyAgnes ти благодарам многу :l:
    Инаку, не го сфатив тој цитат како Бог да проповеда луѓето да бидат насилни. Претпостсвив дека е поврзано во врска со самоодбрана, но сепак прашав и овде некој ако сака да ми објасни бидејќи не бев сигурна.
    Далеку од тоа дека Бог проповеда да бидеме насилни. Човек што се води според сите правила во Библијата, нема блага шанса да е насилен. Има и неверници коишто не се насилни, затоа што се водат според Божјите заповеди.
    Никаде во Библијата не е напишано: "убивај, обесчестувај, кради, озборувај, осудувај, физички напаѓај"!
     
    На SunnyGirl2, Rama и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  7. -alf-

    -alf- Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Исус постојано зборува во параболи, па не е исклучов ни овој цитат.
    Сака да им каже дека заминува и тие треба да дадат и продадат се за да придобијат мудрост(меч).
    Бидејќи ќе бидат гонети и обвинувани заради неговото име.А кој може да се боде против шило?

    Се користат обични зборови , но во духовна смисла, така е и со двата меча кој ги понудиле , а тој им рекол доволни се.(иако не го разбрале како и обично што им зборува).
    Си видел како изгледа јазик на змија, поделен е на две врвот.
    Со мудроста ќе бидат итри како змија.

    Тоа сака да им каже.
     
    На SunnyGirl2, Rama, prashinka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    693
    Пол:
    Женски
    Знаете ли дали има негаде да даваат бесплатно Библија ?
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Кај Адвентистите. Тие даваат бесплатни Библии. Додуша протестантски се, односно нецелосни, но доволни за оние што сакаат да читаат.
     
  10. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Како мислиш нецелосни?
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Недостасуваат цели книги и поглавја од Стариот Завет, во кои на пример има докази дека душите и духовите на починатите го слават Господа. Или дека Јудејците принесувале жртви за покој на душите на покојните, или пак кај што Товит вика, дека подобро е леб да се јаде на гроб на праведник, отколку да се раздава на неправедни...
     
  12. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Тие се апокрифните книги, не се канонски. Библијата си е во ред. Бог е жив Бог и бесмислено и душите и духовите на мртвите да го слават, бесмислена би бил цел концепт на Библијата ако е така, но тоа во некоја друга тема.
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Тоа е ваша теологија и толку знаете. Сакате да го реформирате Светото Писмо по теркот на богоубијците - садукеи.
     
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.873
    Пол:
    Машки
    Само во источна Европа има Макавејски и тн.
    Во најстарите сочувани примероци не се содржат.
    Си има академски прифатени библии како шо се American Standard и King James.
     
    На mesecar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    Од каде можам да ја купам библијата?
     
  16. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Во секоја погоема црква каде што има свеки,икони,и друго.
     
    На SunnyGirl2 и LoveRain им се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Дали ја има Online ili na App ?
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Ja има на апликација Makedonika и на следниов линк:
    https://www.sveto-pismo.mk/
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Повели, најдобрата апликација каде што ја имаш Библијата речиси на секој јазик на планетава, а секако и на македонски:
    https://www.bible.com/bible/1272/JHN.1.MK2006D
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lucky_Girl_Boy

    Lucky_Girl_Boy Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали некој знае каде можам да ја купам библијата и нејзина цена?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.