Може но не секаде е ист преводот. Онлајн библиите најчесто се од протестантски толкувачи преведени и пишувани. Најубаво е во пишана форма на лист хартија како што е правилно на мајчиниот јазик, а и Библијата се чита со внимание. На телефон тешко дека со внимание ќе читаш со оглед на тоа дека и друга содржина излегува.
Еве го преводот на Библијата што ја користат православните: https://www.bible.com/mk/bible/1272/JHN.1.MK2006D А еве го преводот што го користат протестантите: https://www.bible.com/mk/bible/1501/JHN.1.MK2006 Повели најди разлики во преводот И уште нешто. Дали знаеш дека сите Библии во Македонија се испечатени од United Bible Society - кое што е протестантско здружение? Да да, сите Библии што си ги видел во православните цркви или манастири се испечатени и БЕСПЛАТНО подарени од протестантското здружение United Bible Society. Дури и кога се преведуваше Библијата на македонски јазик, отец Гаврил и другите преведувачи кои правеа ревизии, не го правеа тоа волонтерски, туку нивната работа беше платена од протестантското здружение United Bible Society. И тоа не е се. Откако МПЦ ги доби (и се уште добива) бесплатно Библиите од страна на протестантското здружение United Bible Society, таа истите ги продава на населението по цени од 1000 денари. Имајќи го ова предвид, сфаќате ли колку е неблагодарно да се лаже народот дека протестантите користат некаква си различна Библија од таа која протестантите им ја подариле на православните? Работава испаѓа „рани куче да те лае“. Единствената курпна и значителна разлика во канонот на Библијата помеѓу православните и протестантите е тоа што во православниот канон се додадени и 11-те дефтероканонски книги ( второ-канонски), а протестантите ги користат само стандардните 66 протоканонски (прво-канонски). Сепак тие 11 мали книгички се сите во стариот завет, се занимаваат со историјата на еврејскиот народ од 4 век пред наша ера до кај 1 век пред наша ера, и нема никакви нови теолошки погледи во нив. Со други зборови, не постои некое ново учење во нив кое менува нешто во теологијата на православната или протестантската црква. Тоа се чисто информативни книгички кои опишуваат еден краток дел од еврејската историја.
Го знам сето тоа, и Eeastern European Mission (протестантска организација) лани даваше детски библии потпишани од Владиката Стефан, преведени од Англиски на Македонски. Можеби ти си Евангелист, протестант, не знам, нее битно, битно е Христијанин си. Нее битно тоа. Поделбите во црквата настанале ради Х политички и култоролошки сфаќање на Вселенските собири али тоа е друга тема. Него друго ми беше муабет. Библијата е таа, истата, точно. Но сепак постои мала разлика во однос на толкувањето и преводот од еден на друг јазик. На грчки и хебрејски (еврејски) пишуваното и преводот велат дека е најточен, особено во цитатите на Апостол Матеј. А на сите останати има мала разлика во преводот, мала не забележителна т е некои зборови. Јас имам постара Библија. Земена од Бигорски, мислам дека е преведена од грчки или украински, не пишува на кориците автор, не се сеќавам моиве кажуваа одамна. А за новиве сега што се штампаат знам дека протестантски здруженија ги штампаат, како овие погоре што ги спомнав. И таква имам, од црква ни дадоја бесплатно за некој празник делеја (не ни наплатија 1000ден ). Не знам зошто се фати за погрешното или погрешно ме разбра и нападно се постави? Можеби дека реков протестантски? Неам ништо против и тие да штампаат, една е Библијата, и вие сте Христијани секако. Сакав да кажам дека има разлика во преводот само. Нее забележителна ама постои. Во пишани форми. Не во електронска. На хебрејски најточно е толкувано се, во другите јазици има разлика. Грчкиот исто има добар превод.
Јас ја читам онлајн веројатно е протестантска ама нема некоја разлика преводите се горе доле исти но пази доколку некој ти нуди бесплатна Библија таквите се најчесто секти од протестантската заедница и ќе пробаат да те врбуваат во својата заедница ако купуваш стриктно во православна црква се прават нарачките
Ако Библиското обединето друштво ги дели бесплатно Свештените Писанија, зошто и вашата верска заедница ги продава исто како и МПЦ-ОА-ЈП? Чисто информативно прашувам. Инаку постојат и мали терминолошки разлики меѓу “протестантските“ и “православните“ преводи. Ама редно е да се пише и дека Новиот Завет беше малку измешан од страна на уредниците, па така протестантите го добија преводот со православната терминологија, а православните и римокатолиците со протестантска терминологија. Но, небитно и ништо страшно. Јас на пример ги читам и “православниот“ и “протестантскиот“ превод од 2006 и преводот на д-р д-р Константинов (и првичниот и оној што го имаат редактирано адвентистите-саботјани) и преводот на блаженоупокоените архиепископи дедо Гаврил и дедо Михаил и ревизијата на прота Митре Попоски и најновиот превод од 2023... Ги консултирам чат-пат и црковнословенскиот превод и првиот превод на македонско-бугарски јазик од блаженоупокоениот Неофит Рилски и најретко староелинските преводи. Единствено не би го препорачал динамичкиот превод на проф. д-р Иван Грозданов и преводот на Јеховините Сведоци.
Кој благослов е да имаш некој близок, со кој можеш да споделиш стих на денот од YouVsrsion, па уште и да прокоментирате околку него, кој како го гледа, сфаќа, која е поуката, што сака да каже авторот итн.... Значи совршенство. На секој му посакувам такво пријателче