Кога Бог ги создаде Адам и Ева ги благослови и им рече да се плодат и множат и да ја наполнат целата земја. Првите нивни деца биле Каин и Авел, па откако Каин го убил својот брат тој е прогонет од земјата. Од тука започнува твојата недоумица како може тоа да биде, кога Адам и Ева немаат други деца! За информација, Адам живее 930 години, додека Ева живее 950 години. Е сега да те запрашам тебе нешто. Како ние со животен век од 60 години можеме да раѓаме и по 15-20 деца (без заштита ), а како тогаш Адам и Ева со тој свој живот (930 и 950 год.) не можат да имаат повеќе деца ?! Тоа е твојот одговор, ако веќе го бараш, зашто Каин и Авел биле првородени од другите нивни деца. Кога Каин го убил Авал заминал од земјата. Можеби човекот живеел настрана 100, 200, 300 ... години, и како сега да неможе да се ожени и да има жена кога за тоа време може неговата мајка да роди уште којзнае колку ќерки. Но, ако на се ова бараш доказ, верувај ми и дека ќе најдеш. Тоа ти го препуштам тебе да се потрудиш ако сакаш повеќе да дознаеш, зашто доказот постои. Мало објаснување. Зошто бил мал бројот на пророци во Стариот Завет? Токму заради тоа што секој човек Писмото го толкувал на свој начин и во буквална смисла. Додека мал бил бројот на оние луѓе кои се тоа го разбирале во духовната смисла. Созрецавале, живееле на тој начин, зашто Светото Писмо (Библијата) не е книга која ќе се прочита и тоа е доволно, туку таа е живот, само кој ќе ја разбере
Се согласувам со горе наведеното на Лале и би се надоврзала со прашањето подолу,за кое би go кажала она што го кажува и самата библија дека НИЕДНО ПРОРОШТВО не е изречено по човечка волја туку лугето ги пишувале божјите мисли според 2петр.1-20 и 21 стих.што значи Бог е авторот на библијата според 2тим.3-16и17-и целото писмо е од Бога вдахновено..Инаку е пишувана од 40 мажи кои живееле во различно време и потекнувале од различни општествени слоеви.Почнувајки од земјоделеци,рибари,овчари ,други пак пророци,судии царевии ,и лука кој бил лекар.иако е пишувана во период од 16 века таа е книга складна и точна,практична и мудра,книга на пророштва и не е научна книга но е научно точна.Таа е хармонична од почеток до крај и е светски бестцелер.Составена е од 66 книги. Стариот завет од 39 книги - наречен хебрејски списи и новиот од 27 книги или грчки списи. Биле обични луге како што рече и самата. Не биле светци како што некои ги представуваат, мегутоа биле трудолјубиви разборити луге,подложни на она што го бара Бог од нив а и од нас денес како христијани. Евангелијата Матеј Марко и Лука пишувале за последните денови и за крај не станува збор за никаква грешка туку за да биде поразбирливо за обичниот народ како нас ке учиме од примерот на Исус кога поучувал преку примери споредби илустрации од секојдневниот живот на човештвото.На пример- директорот на некоја фирма и кажува на секретарката да напише писмо.Во тоа писмо таа ги запишува мислите и упатствата од директорот, што значи писмото е негово а не на секретарката.БИБЛИЈАТА има МОК да ги менува и прави лугето подобри личности. Па сега кажете дали е човечко или пак божје дело,одлуката е ваша.поздрав
Прибидејки се вели дека Бог е авторот на библијата, а Библијата е напишана од човек, тогаш е сосем доволно јасно за тоа каде е Бог едно од многуте прашања за сите религиски расправи.Библијата е совршено дело, треба добро да се разбере, за да се открие која е нејзината цел.
Зошто коментари од типот „ај докажи дека ова е вака“? Верата не е догма, закон, туку личен избор и повик. Зошто е тоа неопходно, не за џабе се вели „вера, верување, верба во Бога“ не е ова прв Њутнов закон па докажи ја формулата. Божјите патишта никој не може да ги сфати затоа Тој и е над се. Светото писмо е за да се верува во него, го учиме (на некој начин) за да му веруваме. Не можеме да го видиме Бог, но (ние кои веруваме) можеме да ја почувствуваме неговата добрина, затоа нема сведоштва за тоа како некој видел или докажал како изгледа овој или оној светец, туку има сведоштва за чудата кои доаѓаат од добрината на нашиот Семилостив. Бог е и во самите нас кога чиниме добро без да очекуваме да ни се возврати со добро. Ги имам читано Стариот и Новиот завет, верувам во секој нивен збор, не ми треба доказ, доволен доказ ми е се она што Господ го има направено за мене, колку пати ме има спасено...
Не се разбирама.Знам дека Адам и Ева имале долг век на живот но убаво пишува дека биле само Адам,Ева,Каин и Авел, а за жената на Каин никаде не пишува. Тоа мора да се објасни...Знам дека ке помислете дака за Бог се е можно но требало да се пише како ја створил жената на Каин па макар и да е чудо нели велиме дека за Бог нема нешто што е невозможно како нпр. раѓањето на Исус преке девица или за Сара жената на Авраам која родила на 90 години тоа се големи дела на Бог но повторно ме копка за жената на Каин тоа мора да се објасни тоа е постанок на целото човештво од каде потекнуваме ?????.....
Има многу работи што се изоставени во Библијата значи во Библијата имаш илијадници ликови не може за сите да биде опишано кој како потекнува. Жената на Каин иако се јавува на самиот почеток за неа не пишува ама религијата учи дека скоро сите тие луѓе се пратени од Бога. Значи не е напишано како за Ева што настанала од реброто на Адам ама се знае дека и оваа жена е Божје дело а не зачната по природен пат. А кога веке си седнал да ја читаш Библијата подобро е да обрниш внимание на духовната порака која таа ја носи а не на такви детали. А ова сакам доказзз каков доказ закаш ДНК не можеме да направиме.Ако не се лажам приказната за Адам и Ева ја имате преземено и во Куранот или некоја слична таква. Ај ти докажи ми од каде ви е на вас таа приказна ако не е препишана од Библијата ама одговор во некоја друга тема оти ако почнеме тука оффтопик сме.
Тоа не се приказни бар за мене ако сакаш приказни зошто читаш Библија или Куран зими нешто од Грим или Х.К.Андерсен хехехехе...пазете што зборувате ова не се приказни а во Куранот кажано е како настанало човештвото. А кога мислев за жената на Каина на мислев на ДНК знаеш дека не мислев на тоа туку за тоа прашање не постои одговор затоа не можеш да ми докажеш . А Ева не ја мешај убаво си пишува како и зошто ја создал. Тоа е како човек да има само татко а кој го родил не се знае размислете малку тоа е основата на човештвото постанокот а без основа нема ништо куќа не се прави од кров сигурно знаеш како.
Kerber пред да се заинтересираш за Библијата научи си го Куранот затоа што досега 1000 прашања ти поставив во врска со Куранот ништо немаш одговорено. Кога кажувам ’’приказна’’ не мислам на бајка туку на случка што се случило. И јас убаво објаснив тука за таа жена од каде дошла ако ти не свакаш твој проблем е. А за ова прашање само таквите како тебе мислат дека не е одговорено и го шират тоа низ светот. Веќе нема ниту едно прашање што не е одговорено и протолкувано во Библијата. И нема тука што да се кажува ДНК не знам што, за ДНК нека кажуваат научниците. Ова е религија од друг агол се гледаат работите. Тебе не ти е јасно си мислиш за жената на Каан и Каан дека се брат и сестра и дека ДНК може да направи грешка. Жената на Каан е дело на Бога таа нема иста ДНК со Каан. Иако ова нема врска со мојата религија ке ти кажам едно за да си го знаеш за информација. Не во сите случаеви кај што се земаат брака и сестри децата излегуваат со грешки во ДНК..мене бар не ми збори за ДНК оти стручнак сум.
Кики чудно ми делуваш сега те цитирам``Веќе нема ниту едно прашање што не е одговорено и протолкувано во Библијата.`` Пак те цитирам ``Има многу работи што се изоставени во Библијата`` Што значо ова??????
Кики сакам нешто да те прашам.Библијата е склоп на две различни книги Стар и Нов завет во кио има различни закони и прописи. Те прашувам во која книга веруваш во Стариот или Новиот завет?
Да не ме разбереш погрешно, но би сакала нешто да те запрашам. Цело време те следам дека повеќе си наклонет кон исламот, твое право и избор како и секој друг што си верува во она што сака. Со тоа вистински не знам што сакаш да постигнеш. Никој не ти брани да веруваш, но те молам остави ги оние кои веруваат да веруваат во својата вера за која и се одлучиле дека е права вера за нив. Ако и понатаму меѓусебно се чепкаме, ништо нема да постигнеме освен да се навредиме и разгневиме еден на друг. Кај нас во православието тоа е грев, зашто секој човек ќе биде оправдан или осуден по своите зборови (а да не разговараме за дела). Дефиниција за поимот вера е да се верува во постоењето на Бог и во се она што не се гледа со телесните очи, а сепак постои. Како и ти што не си го видел ни Алах, ни Мухамед, а сепак веруваш така и ние, веруваме во постоењето на Светата Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух. Веруваме во слегувањето и воплотувањето на Второто Лице на Пресветата Троица, Нашиот Господ Исус Христос. Прости, но оној кој верува во постоењето на доказите и се обидува со својот ум го разбере Божественото, Божествениот домострој, прости, но тој не верува, односно (да не бидам толку груба) и во која вера и да верува сепак ќе пристапува со сомнеж кон се. А колку за информација. Новиот Завет е надополнување на Стариот Завет. Се она што е напишано во Стариот Завет се е остварено во Новиот. Сите пророци кои пророкувале го благовестувале доаѓањето на Месијата, Господ Исус Христос. Значи се она во што веруваше Израилот во Стариот Завет се’ се исполни ( да не цитирам, зашто вистински е многу текст). Додека пак со доаѓањето на Господ Исус Христос се тоа се менува. И како може Оној кој се тоа им го соопштил на луѓето во што треба да веруваат, како пак сега и кога вистински го зеде телото на човекот, воден од неизмерната љубов кон своето создание (синовите и ќерките) да не може се тоа да го промени !? Пример како и ти еден ден кога би станал родител и му речеш на своето чедо да не греши, а тоа сепак згреши, дали ти во даден случај и покрај тоа што треба да го натепаш и му дадеш до знаење дека тоа не е правилно, ти сепак понекогаш поттикнат од својата неизмерна љубов, зарем би го натепал...?! Сигурно не, но сепак би му кажал со убави зборови дека се тоа не е во ред и повеќе да не прави така. Односно би се спуштил на негово, детско ниво и во примери, игра би објаснил како е правилно и што не треба да се прави. Така и Бог, поради својата љубов слезе на земјата, со цел да им докаже на своите чеда дека се она што го кажал, секој човек може да го исполни. Иако Тој е Бог во тело, сепак живееше, јадеше, спиеше, шеташе, зборуваше, како и сите други луѓе, но најважно го исполнуваше Законот. Еве конкретно до тебе и твоите наводни докази. Кажи зошто ти повеќе веруваш во исламот? Си го видел Мухамед, си пронашол докази дека вистински постоел и живеел, или знаеш како изгледал, или како што е напишано во вашата света книга, вистински веруваш во неговиот живот дека тој го правел тоа и тоа, или на кој начин го направил, а ти не ги го видел ??? Накратко кажано, ќе си се вртиме во круг. Ти би напаѓал на нас православните, ние би ти возвраќале, а никој на крај нема да има никаква полза од се тоа. Иако е дискусија сепак на било кој начин и несакајќи вистински би се навредиле еден со друг.
Значи за секој лик во Библијата не пишува кога е роден и како е роден и кои му се родители бидејки во Библијата има многу личности не е тоа шпанска серија па пишува за секого што како. А со тоа што велам дека е протолкувано мислам дека се што е напишано во Библијата лугето го протолкувале. Има луѓе кои за секое прешање што постои може да најдат соодветен одговор од Библијата. Не е ни чудо тебе да ти изгледа Библијата тешка за читање ама постави си едно прашање на пример ’’Зошто страдам?’’ или ’’ Зошто оној човек така се однесува со мене’’ или било кое прашање постави си го и почни да читаш сигурна сум дека ке најдеш одговор кој дава спокој. А по ова прашање во што верувам јас очигледно дека не ја имаш ни видено Библијата во жовотот туку само пастираш прашања од други места. Библијата се состои од Стар и Нов Завет и двата се важни за христијаните. Во првиот го има тоа за настанокот на светот а во вториот се Евангелијата кои кажуваа за животот на Исус.
Не ми е тешка за читање туку многу приказни има како што викаш ама стварно се приказни затоа што во стариот завет пишува ``ОКО ЗА ОКО ЗАБ ЗА ЗАБ`` а во новиот ``АКО НЕКОЈ ТЕ УДРИ ПО ЛЕВИОТ ОБРАЗ ЗАВРТИ МУ ГО ДЕСНИОТ`` како надополнување е ова кога се две мноооооооогу различни работи а во една ``света книга``дали вака Исус го продолжува патот на Мојсеј како што рекол. Има многу,многу работи кои се бессмислица ако почнам да ти ги кажувам ми требаат 20 страни. Затоа те прашав во која книга веруваш не случајно ова ти е само еден мал пример а ги има многу. Додека во Куранот такви работи нема таму секој закон е кажан чисто и јасно без двоумења. Да се верува во Бог да но во еден и единствен но не е целта само да се верува туку треба и да Му се слугува и да се спознае , тоа ти е одговорот за Мухамед ако си секогаш со молитви и ако имаш чисто срце можеш да го видиш и осетиш нашата вера така проповеда пет пати на ден ако се молиш шансите да го видиш се големи, а Бог никој не може да го види тоа е факт Него можеме да го видиме само по смртта. Па ни ти не си го видела Јане Сандански, но пак веруваш дека постоел и дека се борел за Македонија но проблемот е ако одиш во Бугарија таму ќе ти кажат дека се борел за Бугарија и кој е во право? Верата е слободен избор јас никого не го бранам и немам пераво да го бранам да верува но само прашав во што верувате изгледа пак не ме разбра.
КИКИ пак бегаш 99% во Библијата кажува кој од каде потекнува ако не си читала прочитај Битие потомци на Каан па Родослав на патријарсите на Адам и Ева па Народите на земјата па родослав на патријарсите на Сим и Авраам па има најмалку 100 такви пак не си читала а за верувањето пишав погоре во што верувате прочитај добро, а мислам дека Библијата ја знам многу повеќе од тебе затоа што ти пишувам тоа што го читам значи одам на докази повторно морам така да се изразам а сакам да ми докажеш дека грешам.
Јас моето си го кажав одговорив на прашањето и други ти одговорија ама ти очигледно не сакаш да го сватиш одговорот. Како што рече некој за барањето докази во религијата апсурдно е. Докази на суд овде ние веруваме во Бога и во Светите книги само што секој различно си ги толкува. Јас ти дадов мој одговор за прашањето за првите луѓе, е сега ако сакаш доказ поголем најди ги нив јас ДНК анализи знам да правам и тогаш ке се докаже тоа што ти не можеш да го сватиш. На прашањето во што верувам? Верувам и во Стариот и во Новиот Завет и спрема ситуацијата во која се наоѓам користам поучни работи или од едниот или од другиот. За тебе е Библијата историска книга па бараш докази, ти ја читаш од друг аспект јас од друг, за мене е Света книга, јас ја учам и барам начин како да ја користам најдобро.
Кики ништо не ми кажа убаво ве прашав во што веруваш ви наведов многу добар пример и пак ќе повторам во стариот завет пишува ``ОКО ЗА ОКО ЗАБ ЗА ЗАБ`` а во новиот ``АКО НЕКОЈ ТЕ УДРИ ПО ЛЕВИОТ ОБРАЗ ЗАВРТИ МУ ГО ДЕСНИОТ`` како надополнување е ова кога се две мноооооооогу различни работи а во една ``света книга``дали вака Исус го продолжува патот на Мојсеј како што рекол. разликата е во тоа што ви двете книги има различни толкувања и закони , проблемот е што им веруваш на двете книги. И да те прашам ако некој те нападне(физички) дали ќе го послушаш Исус или Мојсеј. Сигурен сум 100% дека ќе го послушаш Мојсеј. А ќе го запоставиш Исус во кого се крстиш и веруваш дали сум во право те молам одговори ми на ова прашање. Затоа повторно прашувам во што веруваш. Читај си ја Библијата и одлучи по кој пат ќе одиш. Имам уште многу примери кои се различни. Светите книги не се обични книги од нив можеме да научиме многу работи без разлика дали е Библија или Куран , но не ми е јасно како може во една книга за една работа да има различни закони ако грешам поправи ме те молам и кажи ми каде грешам. Во верата нема двоумење.
Библијата е контраверзна ама Куранот е препишан од Тората која е стариот завет на Библијата што е општо познато па сега види ти ако почнуваме со така...
ТИ реков зависи од ситицуацијата така ке ја употребам Библијата. Ова не се однесува само на физичко малтертирање туку и за навреда. Баш тука е големината на Библијата, за секое прашање да се даде одговор. СЕ зависи од ситуацијата и вака спомнати овие две реченици што ги кажуваш даваат малку информации, треба Библијата да се знае убаво па да одлучиш што ке правиш. Во ситуација да ме навреди некој нема да го употребам ни Око за око заб за заб ниту пак ке го сврта другиот образ. Ке употребам една многу убава мисла, христијанството вели Луѓе сме грешиме христијани сме ќе простиме. Ке му простам на тој што ме навредил исто како Исус што им ги простил гревовите на грешниците. Некој друг ке го сврти другиот образ, некој ке врати со иста мера, а некој ке употреби друг дел од Библијата. Секој сам одбира што ке направи. Мислам дека ме разбра што сакам да кажам, значи секој различно ја толкува Библијата, различно ја користи, во различни ситуации. Господ ни го дал животот, ни ја дал Библијата да не води, но ние сами си го одбираме патот во животот. И цело време ти давам одговори не знам дали ги доиитуваш моите постови. Ние христијаните веруваме и во Стариот и во Новиот Завет. Тој што ти кажал дека за христијаните е само Новиот завет те излажал. Ако го приеменам нешто од Стариот Завет не сум плукнала на крстот со тоа и не сум го изневерила Исус ни Бога. Истото е и со Куранот само што Куранот е една книга. а Библијата е во два дела. Имам читано многу паметни извадоци од Куранот, но тие што веруваат во нив сами си одбираат што ке искористат по кој пат ке тргнат. Сигурно познаваш многу верници кои во исти ситуации различно реигарале а пак не го погазиле Куранот.
Како можете да и верувате на книга (Библијата) во која има чист и отворен инцест(меѓу татко и две ќерки) дали знаете кој го сторил тоа човек кој бил божји пратеник па потоа исто така друг божји пратеник кој ја искористил жената на својот најдобар воин на подмолен начин. Тоа е грозно од такви луѓе. И повторно им верувате бидејќи се обележани од Бог , тие не се обични луѓе да се разбереме напротив Бог ги пратил да не учат и подучуваат за морални работи и треба тие луѓе да ни бидат патоказ во животот (муслиманите одат по патот на Божјите пратеници). Дали ги знаете овие две личности кои сториле вакви работи и дали треба да ни бидат пример во животот.Јас ги знам но ве молам наведете ми ги вие сакам да чујам од вас. Кики мислам дека грешиш кога велиш дека не сум начитан и Библијата и Куранот добро ги знам.
Знајме за Лот и ќерките и тоа второто за за Давид не сме неписмени. Добро ете според тебе шо треба да прајме шо сакаш да кажиш? Да преминеме во ислам? А јас колку шо знам во исламот во арапските земји дозволен е брак меѓу братуцеди исправи ме ако грешам ама сум сигурна дека е така, тоа не е инцест?