Браво бе прити глумиме ние тука толеранција кутиме кон нападите и тоа што човеков не сака да ги свати објаснувањата а ти право во срце го погоди. Сега знам што ке направи ке каже дека не е така ама така е и не само во арапските земји,и кај нас има муслимани така што прават. И не само тоа. Мухамед земал девојка млада да ја гледа. И жени таксуваат кај нив уште од кога се 5ггодини. Па има еден дел од нив што практикуваат таткото да и ја одземе невиноста на керката и тоа не во арапските земји, и пред илијанници години, туку во Македонија во 21 век.
кербер,здодевен си веке жити све,дај најди си некоја друга занимација..ако си веруваш ти во исламот во куранот верувај си тоа си е твое право твоја религија,ама немој нас тука христијаните да не убедуваш дека нашата религија и нашата света книга библијата не чинат..се најде ти демек сезнаен ги знаеш куранот и библијата од точка до запирка а ние другите никој ништо не знаеме па ти ке не просветлуваш нели. или треба сеа да ги извадиме куранот и библијата пред компјутер и да читаме ред по ред за да спориме со тебе дали било вака или било така пишано..може мислиш дека ке преобратиш некого гледам се залетавме сите да ја мењаме верата оти ти не просветли..форумов не е место за ширење верска нетолеранција..не има од разни вери и како такви треба да ја почитуваме верата на другиот а не да неметнуваме како тугата вера не чини а нашата е правата и да гњавиме со тоа..ако продолжиш вака очигледно е дека ке заработиш бан зошто единствено нешто поради кое си тука очигледно е верска нетолеранција..
Пред да почнеш да плукаш погледни кој ти е тебе водач, твојот пратеник од Алах. Тебе ти е пример 52 годишен маж кој се оженил со 7годишно дете Аиша? Човек кој се оженил со сопругата на синот Зејнеб,која истовремено му била прва братучетка? Човек кој се оженил со ќерката на својот најдобар другар Aбу Бакр? Човек кој не го почитувал Алах бидејќи тој јасно кажал дека неможе да се има повеќе од 4 жени, а тој во едно време имал 11 жени. Инцест, педофилија......need i say more?
Јас Стариот Завет го прочитав пред една или две години и ми се допадна повеќе од Новиот. Потоа лани ги прочитав четирите евангелија затоа што ни беа дела за во школо.
Хм... Не се почувствував повикана од твојот пост, ама гледам дека многу работи не ти се јасни и дека си во заблуда, па еве јас ќе ти реплицирам. Случајот со Лот и со неговите ќерки е споменат некаде на почетокот од стариот завет. Велиш дека добро ја познаваш Библијата, а чудно е што не знаеш дека инцестот е најстрого осуден како грев понатаму во истата. Исто така и постапката на Давид е дел од стариот завет. Ни едното ни другото никаде не се одобрени и не се посочени како урнек на однесување од страна на христијанската црква. Да беше толку начитан, ќе знаеше дека всушност Стариот завет не е нешто според кое христијаните се раководат, тоа не се христијански правила и не е христијански кодекс на однесување, основата на христијанството и начинот на живот кој треба да го води секој христијанин се наоѓа во Новиот завет. Ќе знаеше исто така дека Исус не се согласувал баш со традиционалните хебрејски обичаи и тврдел дека тој начин на верба во Бога кој го негувале Евреите не е потполно правилен и не е според Божјата промисла, историски гледано затоа Исус и бил распнат и не бил прифатен од повеќето Евреи. А Стариот завет за кој ти си се запнал е всушност Тората во која е опишана историјата на еврејскиот народ. Тој е повеќе дел од Библијата за да се разјаснат некои работи, поради теоријата за постанокот на светот, па првобитниот грев, десетте Божји заповеди и пророштвата за доаѓањето на месијата, сите тие се појдовна точка на Новиот завет, затоа се тука (пример и Исус се повикувал на десетте Божји заповеди). Тората ти е дел од еврејскиот Талмуд (па и Куранот е базиран врз Тората). А ти ако го прочиташ Талмудот ќе најдеш далеку поексплицитни содржини од ова со Лот, верувај, ама ако имаш такви нејаснотии, прашај некој припадник на Јудеизмот да ти објасни, а не христијанин, тоа е дел од друга религија и друга традиција, кратко и јасно. Ти ги читам и другите мислења и не би требало да бидеш толку остар во ставовите и да излегуваш со такви напади кон христијанството ако се земе во предвид дека Исус во твојата религија не е Божји син, но сепак е Божји пророк, како таков би требало да го почитуваш. едит Ете пример пак нешто нелогично што си напишал на друга тема. Зошто јадеме свинско? Ти навистина мислиш дека црквата би им дозволила на верниците да јадат свинско доколку Исус имал речено и потенцирано тоа да не се прави? Ете ти уште еден доказ дека во Новиот завет треба да ја бараш основата на христијанството Една религија треба да научиш да ја разбереш наместо да истрчуваш со осуди. И луѓе, спуштете ја малку топката општо на темиве во религија. Зошто припадници на две вери чие учење на крај се сведува на истата порака постојано да се препукуваат и да се провоцираат меѓусебе .
Немам опција за редактирање, сега видов едно мислење на Кербер од кое видов дека знаел оти христијаните го следат Новиот завет ама тоа било она што му сметало нему. OK значи сфативме. Како и да е она што го напишав погоре уште важи, барем суштината на една религија проучи ја човеку, па после плукај кога веќе си решил да плукаш. Ама очигледно е дека некои луѓе штом не си ја познаваат прво својата вера, нема да се замараат да запознаваат други религии пахх, ним само од дома што им кажале која вера се и толку, тоа е нивната поврзаност со религија, па сега нивна улога е да фрлаат со дрва и со камења по сите останати религии како и по атеистите (за правите атеисти зборувам, а не за уфилманите) и да се зачленуваат по форуми и да ја уништуваат секоја поинтересна тема. За да не бидам надвор од темата со овој пост, јас ја имам прочитано Библијата во средно, лектира ни беше Евангелието по Јован, но јас ја прочитав целата, еден месец ја читав отприлика, само не можам да кажам дека разбрав баш се, исполнета е со метафори и игра на зборови, потребна е поголема посветеност во читањето, максимална концентрација и во никој случај не е доволно еднаш да ја прочиташ, зашто не можеш да и навлезеш во суштината и да ја протолкуваш (особено оние што се решиле да бидат посветени верници мораат повеќе да се задлабочат). Од она што го сфатив, на Библијата гледам како на добро литературно и филозофско дело. Ризница е на изреки и мудрости, а христијанството е цел еден вредносен систем и начин на живот.
Света книга ,токму тоа е ,сум ја читала на едно 13 -14 години неколку пати ,тоа беше библија на дедо ми што му ја подарил некој човек мислам поп или така нешто,библијата е илустрирана за млади така пишува на неа и е и сликовито опишана ,одамна ја немам отворено, а сакав да си купам некоја онака како џебна мала ама вредна,и стварно дава смиреност и добро е ако се свати во права смисла, затоа што повеќето не ги сваќаат зборовте што се напишани во неа, и јас подолго време не сваќав баш ,како што е ,не сакам да сум оф топик али од кога ја прочитав- Големите библиски вистини на Џозеф Марфи , стварно се убаво опишани тие дејствија што се во библијата,тој сепак бил свештено лице ,и убаво има објаснато за повеќето луѓе кои што ги сваќааат многу погрешно работите од библијата
Не би рекла дека добро ги знаеш. Кажи ми каде во Светата книга е оправдан тој инцест? Не се сите ликови кои се споменуваат во Библијата безгрешни, а ако ја имаш цела прочитано (како што велиш) , уште во Стариот Завет пишува дали инцестот и слични форми на однесување се оправдани или не, но сигурно си ги испуштил тие неколку страни. Одговорот е внатре, ама кој да го најде.
Остајте го Кербер мислам дека уште тогаш го банираа кога се побунивме дека го напиша ова. Библијата не ја прочитал ќе не учи која религија била подобра. Не знам зошто се доаѓаат вака да провоцирааат.
Zdravo na site.. Stotuku se registrirav na ovoj forum. So zadovolstvo ke spodelam nekoi raboti so vas okolu Biblijata, nekoi raboti sto vo taa prekrasna Kniga gi doznav, a za koi mnogumina od Hristijanite - vistinski vernici voopsto i ne cule.. Tolku od mene kako za prv pat! Pozdrav od Duksi [mod-kirilica:3ofe91of][/mod-kirilica:3ofe91of]
Дали имате сознание каков е ставот на Бог во однос на феминизмот? Имам направено некои истражувања на оваа тема, па би сакала да поразговарам со некои заинтересирани околу ова..
Прва Книга на Мојсеј гл.3.4 едит: повели напиши го тоа што сакаш да го кажеш, па можеби ќе има потоа коментари околу тоа вака не можеме да знаеме што е тоа, што ти го знаеш.
ЕВЕ ГО ТЕКСТОТ (превод од: http://www.gotquestions.org/feminism-Ch ... inist.html) Прашање: " Што вели Библијата за феминизмот? Смее ли една Христијанка да биде феминистка?" Одговор: Ова прашање е особено важно за жените христијанки. Дали Божјото Слово зборува нешто на тема феминизам? Современиот концепт на феминизмот не бил присутен во времето кога Библијата била напишана, но тоа не значи дека во Библијата нема ништо околу основните прашања на феминизмот. Дури и кога Светото Писмо се чини дека молчи за работи кои влијаат на нас денес, постојат вечни принципи кои можат да се однесуваат на поставеното прашање. Кои се клучните прашања на феминизмот? Феминизмот е спротиставено решение за вистинскиот проблем на нееднаквост на жените во грешното општество. Феминизмот си дава за право да бара почитување и еднаквост на жените во секој аспект на животот. Феминизмот се заснова на ароганција, а тоа е спротивно на повикот кон преродените верници да им служат на другите. Акциите на модерните, милитантни феминистки се насочени кон тоа, да предизвикаат жените да се кренат на бунт против хиерархијата која Бог му ја дал на човештвото. Тој став на феминизмот се обидува да наметне хуманистички решенија кои се во директна спротивност со Божјото Слово. Феминизмот првично бил позитивно движење, фокусирано на обезбедување на основните права за жените, кои Бог сакал да ги има секое човечко суштество. За жал, феминизмот одамна го има надминато тоа и сега се фокусира на уништување на секоја трага на разлика во улогите на мажите и жените. Што тогаш треба да биде ставот на еден Христијанин - маж или жена - за феминизмот? Жена која верува во Бога, која се обидува да го почитува Бога и да чекори во мир и благодат, треба да запамети дека има еднаков пристап на сите духовни благослови преку верата во Христос. "Не постои ни Евреин ни Грк, роб или слободен, маж или жена, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса" (Галатјаните 3:2. Жена која верува во Бога не треба да си дозволи себеси да биде пион во световната агенда на феминистичкото движење. Мажите и жените имаат од Бога дадено привилегија да го исполнат планот, кој Тој го има поставено за нас. Бунтот против тој план и ароганцијата, кои имаат за цел да се стават себе си над Божјата Реч, резултираат со многу тешки последици. Ги гледаме тие последици преку уништување на односите меѓу мажите и жените, врските меѓу сопружниците, уништувањето на семејството преку бракоразводите, и непочитувањето на човечкиот живот преку промовирањето на абортусот. " зашто сè што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот. " (1 Јован 2:16). Принципите на падот се присутни во овој стих. Ева верувала на лагата дека јадењето на јаболкото ќе и донесе мудрост. Таа го посакувала јаболкото и го земала или си дозволила да си земе нешто што е забрането. Ова е основа за феминистичкото движење. Жените се уловиле на лагата дека феминизмот ќе им го донесе она што тие го сакаат, што мислат дека го "заслужуваат". Меѓутоа, ветувањето е празно, затоа што појдовните основи се засноваат на гордост, а пак, гордоста оди пред да паѓањето. " Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето. " (Изреки 16:1. Во последните децении, има пораст на заедници кои се толку загрижени околу политичката коректност и со тоа чувствителни да не "навредат некого", со што човештвото го загуби својот пат. Сепак, ова навистина не е ништо ново, бидејќи секогаш имало нееднаквост во светот. Жално е, но вистинито дека вештачките бариери кои немаат никаква основа во Божјото Слово секогаш влијаеле на поделување на човештвото. Постои само една раса – човечката раса! Во таа раса има мажи и жени, различни етнички групи, различни бои и различни национални корени. Гревот во срцето е тој кој што предизвикува нееднаквост. Гревот во срцето е тој кој што предизвикува мажите да ги третираат жените на начин, кој значи потценување и омаловажување. Гревот е тој кој поставува едно лице над друго. И гревот е тој, кој се обидува да користи погрешни решенија за одстранување на овие нееднаквости. Единствениот вистински лек против нееднаквоста е послушноста кон Божјото Слово. Ако мажите и жените чекорат во послушност кон Божјото Слово, феминизмот ќе биде разобличен и прикажан со своето вистинско лице, а тоа ќе резултира со хармонијата што Бог ја предодредил во врска со односот меѓу мажите и жените.
Мајка ми веќе долго време бера и сакаме да си купиме Библија.Знаете ли од каде можеме да ја купиме,бидејќи дома немаме па мораме од ПЦ да читаме.Мајками нон стоп чита вакви работи а и јас сакам да почнам да ја читам и проучувам.Па ако знае некој од каде може да се купи би му била бескрајно благодарна.
Најубаво е да си земеш од црква, сепак друго е да читаш на ПЦ друго е да читаш и држиш осветен предмет во рацете.
Бидејќи дома имам свештено лице јас имам библија, али имам прочитано само еден завет, а би сакала да ја прочитам цела ама да имам повеќе слободно време...
Знам дека од книга е многу подобро да се чита,а и нема очите после да ме болат,само незнаев од каде да земам.Прва прилика кога ќе идеме негле во поголем град ќе си земеме.И благодарам многу за информацијата
Кербер незнам зошто бараш закони во Библијата, а за мало потсетување Бог ги испратил 10-те божји заповеди преку Мојсеј па не е лошо штом толку се интересираш за Библијата и да ги пронајдеш нејзините маани и на секој начин да го ставиш во преден план друга книга прочитај ги и размисли, и имај респект спрема останатите религии.