Библијата како што и самото име вели е само збирка на книги настанати во различни времиња кои во еден момент од историјата свештенството ги собрало и направило една единствена книга која ја прогласило за безгрешно слово Божјо. Во реалноста тие текстови не само што доживеале безбројни промени, преводи на преводи на преводи, туку и дел од нив ги пишувале луѓе кои чистото духовно знаење примено преку вистинските пророци го измешале намерно и ненамерно со своите пагански представи и сфаќања и така запишаните текстови ги презентирал како вдахновени од Бога - типичен пример се Мојсеевите книги во стариот завет кои според историчарите не ги запишал Мојсеј туку разноразни свештеници, или Павловите посланија во Новиот Завет. Сето тоа отворало и отвора можност за бројни манипулации со верниците. Јас не верувам во тоа дека е Библијата е непогрешлива и конечна Божја објава дадена еднаш за секогаш. Ја почитувам како книжевно дело во кое има многу вистинити божествени објави(на пр. Јовановото Откровение) но и содржи многу човечки сфаќања кои со Божјата волја немаат ништо заедничко. Мојсеевата изјава е мошне погрешно разбрана од човештвото кое било наврзано на лажните представи за суров Бог кој наводно ги казнувал луѓето. Мојсеј и сите други вистински Божји пророци никогаш не зборувале за освета или за тнр. божји казни, а уште помалку им дале право да бидат судии и извршители во име на Бога. Тие го донесоа знаењето за вистинскиот еден единствен Бог, Богот на милосрдите и љубовта. „Око за око, заб за заб„ не е ништо друго туку поинаку објаснет законот на причина и последица за кој Исус предупреди со зборовите: „Што сеете тоа ќе жнеете!„ Тоа е прецизен космички закон кој ќе функционира додека сите души не се вратат во изворната татковина, Небото, а не некое упатство за освета.
ЗОШТО Е НАПИШАНА БИБЛИЈАТА? Библијата е огледало на луѓето. Еве зошто е напишана Библијата. Таа е огледало на душата. Човекот може да се види во огледало и да се дотера, па дури може и да му се налути! Преку Библијата, Бог сака ние да се дотераме и уредиме. Нашиот внатрешен човек ќе остане грд, ако не ги читаме и не ги пазиме зборовите од таа Книга. Како е со тебе? Дали сакаш да се видиш себеси во тоа огледало и да се корегираш, или пак го игнорираш? Многу Библии се покриени со прав. Ако и твојата е таква, веднаш извади ја од полицата и огледај се во неа. „Сите ние во своите раце земаме разни книги за да дознаеме што размислувале со своите срца нивните писатели. Меѓутоа, оваа книга, Библијата, ја земаме за да дознаеме што се случува во нашите срца. Луѓето ја критикуваат Библијата, но таа е напишана за да не критикува нас. Еве и доказ за тоа: „ Зашто Зборот Божји е жив и дејствува и е поостар од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. И нема создание сокриено за Него туку се е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме" (Евр.12-13). „Тој Збор не е како што е зборот на човекот, туку како живо суштество, бидејќи сам Бог делува низ него". Иако овој Збор е спореден со меч со две острици, сепак намерата не му е да уништи, туку да поправи. Меѓутоа, Бог не дозволува да биде надитрен. Секој кој не го прима Неговиот Збор како лек кој лечи рани, истиот тој Збор ќе го суди. Исус Христос вели: „Ако некој ги чуе зборовите Мои и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светов, туку светот да го спасам. Којшто се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има кој даго суди: Зборот што го кажав, тој ќе го осуди во последниот ден. Зашто Јас сам од себе не зборувам, туку. Таткото, кој ме прати, Тој ми даде заповед што да кажам и што да зборувам " (Јов. 12:47-49). „Зарем не е Мојот збор како оган, вели Господ, и не е ли како чекан што крши карпа? "(Ерем. 23:29). Божјиот Збор е моќен, а тоа го забележале и многу луѓе кои го извртувале и го употребувале за сопствени цели. Меѓутоа, воопшто не е мудро овој Збор да се злоупотребува, бидејќи оној кој што ќе го изврти, со истиот тој Збор ќе биде казнет. Големиот реформатор Мартин Лутер напишал: „Библијата е писмо кое Бог го напишал за мене, според кое треба да се управувам и според кое Бог ќе ми суди". Библијата е напишана и затоа, за да не дојдеме пред Божјиот суд неподготвени. Бог сака да ги спаси сите луѓе од вечната смрт и од пеколот, бидејќи ги љуби. Зарем не сведочи за ова и самата Христова смрт на крстот? Тој те љуби и тебе токму додека ги читаш овие редови и сака да се помириш со Heгo преку посредништвото на Исус Христос. „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, туку да има вечен живот " (Joван. 3:16). Дали ја прифаќаш оваа љубов на небескиот Татко? За оние пак, кои што ќе ја отфрлат таа Божја љубов, нема да има милост за нив на Судот, макар и да живеат како најголеми светци. “Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.“ (ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН Глава 15:22) “Обратете се кон Мене за да се спасите, сите краишта на земјата, зашто Јас Сум Бог и нема друг“ (Исаија. 45:22)
Библијата секогаш сум сакала да ја прочитам...До сега не сум имала можности но планирам во последно време да ја прочитам.
ДАЛИ МОЖЕТЕ ДА МИ КАЖИТЕ НЕКОЛКУ РЕЧЕНИЦИ ОДНОСНО ДА МЕ НАСОЧИТЕ НА ТЕМАТА: "Светото писмо не усовршува, просветува, осветува"? ВЕ МОЛАМ МНОГУ МИ Е ВАЖНО ЗА ПИСМЕНА МИ Е. ФАЛА ОД НАПРЕД
Можеби ќе ти послужи... http://www.rrgrozdanoski.mk/content/vie ... acedonian/ http://preminportal.com.mk/content/view/6050/54/
Библијата ја читам од пред една година но тогаш не обрнував многу внимание,но сега ја читам секојдневно и се разбира верувам во тоа што го пишува!!
се менува сваќањето на животот со читање на Библијата, барем јас така мислам, и затоа не сакам сеа на 17годишна возраст во најубавите години да ја прочитам и да го сменам моето мислење, сакам да уживам.. но кога-тогаш мора да се прочита
Почнав да ја читам, но на лаптоп ми е. Ќе си ја купам кај и да е, вака ме болат очите а и не ме бенидсува редоследот. Таман си прочитал до некаде па треба па да скролаш нагоре. И не ја читам поради тоа што секој Христијанин треба да ја прочита, туку ме интересира едноставно.
Извадоци од Библјата за различни животни ситуации 1) КОГА СЕ СООЧУВАШ СО ИСКУШЕНИЈА - „Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение! А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток“ Јаков 1:2-4. - „Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат. Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.” Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува. Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами. Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт“ Јаков 1:12-15. - „Никакво искушение не ве постигна, освен човечкото. А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите“ 1 Коринтјаните 10:13. 2) КОГА ТИ ТРЕБА ВОДСТВО - „Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“ Поговорки 3:5-6. - „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде“ Јаков 1:5. 3) КОГА ТИ ТРЕБА ОПРОСТУВАЊЕ - „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда“ 1 Јованово писмо 1:9. - „Зашто, немаме првосвештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку Кој бил искушуван во сè како нас, освен гревот. И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта, за да примиме милост и за да најдеме благодат, за помош, во време на потреба“ Евреите 4:15-16. 4) КОГА ИМАШ МНОГУ ПРОБЛЕМИ И ГРИЖИ - „Довери Му ја на Господ сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи: не ќе остави никогаш да се сопне праведникот“ Псалм 55:22. - „И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време. И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас“ 1 Петрово писмо 5:6-7. 5) КОГА СЕ СООЧУВАШ СО СЕКАКВИ ОПАСНОСТИ - „Ти, Кој живееш под покрив на Сèвишниот, што се одморуваш во сенката на Сèдржителот, речи му на Господа: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!” Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор. Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила! Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење, ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне. И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи! Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците. Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сèвишниот за своја закрила. Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор. Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта. Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен. Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата. Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име. Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам. Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение“ Псалм 90. - „Песна на воздигање. Ги подигам моите очи кон горите: откаде ќе ми дојде помош? Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата. Тој нема да остави да се сопне твојата нога и Тој нема да задреме, твојот чувар. Не, не дреме и не спие Тој, Израелевиот чувар. Господ е твој пазител, Господ е твоја сенка, на твојата десна рака. Сонцето нема да ти наштети дење ни месечината ноќе. Господ да те чува од секое зло, да ја чува твојата душа! Господ да го чува твоето излегување и враќање, од сега и довека“ Псалм 121. 6) КОГА СИ ВО ФИНАНСИСКА КРИЗА - „Младите лавови трпат беда и гладуваат, а кои Го бараат Господа не трпат оскудица“ Псалм 34:10. - Млад бев и остарев, но не видов напуштен праведник или неговите деца да просат леб“ Псалм: 37:25 - „А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Христа Исуса“ Филипјаните 4:19. 7) КОГА СЕ СОМНЕВАШ ВО ТВОЕТО СПАСЕНИЕ - „И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син. Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син“ 1 Јованово писмо 5:11-13. - „Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене. Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко“ Јован 10:27-29. - „Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува? Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас? Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот? Како што е напишано: „Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.” Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби. Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ“ Римјаните 8:33-39.
Досега е немам читано библијата. Но имам читано делови,што ни беа за обработка во прва година средно. И од тоа што го прочитав сум задоволна,има многу поучни работи.
Почнав крајот на јуни и почетокот на јули некаде да ја читам со голема желба. Ја читав два дена и желабата ми се згасна и прекинав, не ја дочитав. Кога ќе имам вистинска желба, онака да не ми се станува од над книга ќе ја прочитам вистински, а се надевам и повеќе ќе сфатам тогаш. Сега за сега ми остана во книги што морам да ги прочитам, ама не се знае кога.
Го читам само новиот завет-после Христа. Искрено, не ми се чита за Адам, Ева или па дедо Ное. Сакам да знам што се случувало откако Тој пристигнал на земјава и што се не учел.
Се што ги поучувал луѓето, ги поучувал на добри работи, кои и те како се вистинити, низ кои е опишано секојдневието на човекот.Само некако се нема верба во нив.Мислам толку точни работи казал, што нема потреба од не верување во истите.
Имам читано дел од Стариот Завет, а Новиот го имам целиот прочитано. Убава книга со поучни работи, навистина вреди секој да ја прочита.
Ја имам прочитано безброј пати. И Стариот и Новиот Завет. Како мала уживав во приказните и до ден денес сакам да ја отворам и да прочитам дел.. Како и на сите други, повеќе ми се допаѓа Новиот Завет поради приказните за добрите дела кои ги правел Исус.
Еве нешто интересно во врска со Библијата: „Научниците тивко работат веќе 53 години на еден од најамбициозните проекти досега во областа на библиските студии: објавување на официјалното издание на Стариот завет, познат како хебрејската Библија, воедно истражувајќи ги сите измени на писмото низ вековите и милениумите. Нејасниот графикон претставен на ѕидот на еден од кабинетите во универзитетот во Ерусалим е приказ за откритието што ќе ги запрепасти повеќето читатели на Стариот завет: светото писмо што луѓето го почитувале во минатото не е истото што се учи денес. Во древната верзија на книгата има една фраза повеќе. Во еден друг текст на кој се врши анализа, се чини дека пророштвото било додадено откако се случил настанот.„ целата вест: http://www.fakulteti.mk/news/11-08-14/studenti_i_profesori_tragaat_niz_biblijata.aspx
Јас имам читано дека никој ама баш НИКОЈ не смеел ниту да одземе, ниту да допише ни една буква во Библијата... Ама ете, се е можно
Да досега ја имам прочитано неколку пати Библијата и Стариот и Новиот Завет.Едноставно читањето на Библијата те прави подобар човек.