Јас, кажав дека го читам новиот завет и имам едно прашање. Дали е погрешно да се чита само новиот завет односно после Христа? Бидејќи и Библијата е поделена на два дела нели и јас ја имам како таква, само новиот завет. Стариот не сум го читала бидејќи како што кажав, ме интересираше делот после Исус Христос.
Miss.Ricci праведно постапуваш. Прочитај го прво неколку пати Новиот завет, прочитај неколку толкувања на истиот (посебно на четвороевангелието), па после ќе го читаш Стариот Завет. Паралелно со Новиот Завет можеш да читаш и од Псалтирот, како молитвена книга. И Стариот Завет има редослед по кој се чита, прво Петокнижието Мојсејово и книгата за многустрадалниот и праведен Јов, историските книги и на крај пророштвата... Исто ти препорачувам да не го читаш веднаш Апокалипсисот, односно Откровението Јованово. Има време и за него .
Јас си дадов самата за задача да ја прочитам целата библија - и стариот и новиот завет од почеток до крај, по ред, секоја буква. Тоа и го направив. Читајќи најдов одговори на многу прашања, кои никаде не сум можела да ги најдам. Библијата е книга над книгите, законот на постоењето, правилата на универзумот. ТАА Е КНИГА ШТО СЕ ЧИТА ЦЕЛ ЖИВОТ.
Од Стариот Завет ја имам само омилената книга прочитано Псалмите, а Новиот Завет го имам цел прочитано два пати, омилена Книга Откровенето.
Ја читам Библијата долго време можеби 10 год, неколку пати ја прошитав целата, и тоа е извор на живот, љубов,простување, И најважното како да се има Врска со Бог, нашиот спасител Исус Христот.
Јас сега почнав да ја читам библијата, цел ми е во животот да ја прочитам и не само да ја прочитам туку и целосно да ја проучам.
Библијата е навистина поучна и вреди да се прочита духовниот мир кој се постигнува додека се чита, на ниеден друг начин не може да се постигне.
Зависи од твојот вкус. Ако сакаш во поархаичен стил го препорачувам српскиот превод на Даничиќ-Караџиќ, ако сакаш понов стил има некои тнр. динамични преводи, ако сакаш најпрецизен превод тоа е веќе своевидно mission impossible како што откриле неодамна научниците во Ерусалим: Спојлер
Треба да се чита само оној кој е благословен од Црквата, а тоа е: - преводот од 1991 од архиепископот Гаврил - ревидираниот превод од 2006
Јас ти го препорачувам ревидираното издание (од 2006 година), но и преводот на д-р Душан Константинов (1999 година) е ок и е на исто рамниште. За посоериозно библиско проучување ти препорачувам да користиш некој од светските преводи меѓу кои за најдобри се сметаат: NIV (New International Version) - динамичен превод со многу фусноти и референци NKJV (New King James Version) - побуквален превод NASV (New American Standard Version) - ова е исто така побуквален превод За уште посериозните истражувачи на Библијата, еве ви линк ( http://www.e-sword.net/downloads.html ) од каде што можете бесплатно да си ја симнете програмата E-Sword каде што можете да си симнете повеќе преводи, да ги погледнете и значењата на зборовите во оригиналните јазици (има грчки и хебрејски речник), да видите каде на друго место се појавува тој ист збор и кое е неговото значење, да прочитате коментари од врвни теолози за некои малку потешко разбирливи цитати, можете да си фаќате белешки, да пребарувате зборови и сл.
Евангелосе, д-р Душан од кој јазик има преведувано? Од староеврејски и коине или од некој друг јазик? И дали во неговиот превод се вклучени дефтероканонските книги?
Не знам, но веројатно поголемиот дел од тој преод е „превод од превод“, впрочем како што е случај и со преводот на архиепископот Гаврил (каде што стои потписот на Гаврил, но не и Гаврил како преведувач). Исто така и ревидираниот превод не е нов превод, туку само ревизија на претходниот превод, ревизија заеднички направена од еден (или неколку) претставник од православната, еден претставник од католичката и еден од протестантската црква. Затоа реков дека за посериозно (студиозно) проучување на Библијата најдобро е да се користи некој од светски номинираните преводи кои се правени директно од оригиналните јазици, користејќи ги најраните и најверодостојните библиски ракописи (Масоретските, Кумранските, бројни грчки манускрипти (пр.кодексите Синатикус, Ватиканус) и сл.) На пример, во NIV преводот (New International Version), доколку некој збор или стих е малку спорен, во фуснота чесно е изложено во колкав процент од ракописите тој збор го има, во колку го нема, во кои го има, како е преведен во првите преводи и сл. Се разбира дека не се. Тој превод ги содржи само протоканонските книги т.е. само она што од христијаните се смета за Божји Збор.
За малку ќе ти дадев лајк, ако напишеше дека протоканонските старозаветни книги се сметаат за Божји збор од страна на ерусалимските Евреи. Туку имам уште едно прашање во врска со Библијата, кога преводот кој го предводел дедо Гаврил (кој е пионерски и нормално со многу лингвистички грешки) не го сметате за добар, зошто во име на љубовта не ни ги продадете тие Библии, кои ги поседувате? За жал повеќе не може да се пронајде во продажба, а ние (Православните) на тој превод гледаме сентиментално, како на превод кој се извршил во Црквата и на превод кој се појавил со промисла Божја.
Добро, ова ќе го читам. А каде можам да го најдам токму овој превод од 2006? Денес пак ли ќе има предавања?
Не. Протоканонските книги се сметаат за Божји Збор и од христијаните, се сметале за Божји збор и од Исус и апостолите. Исус ги укорувал за многу работи евреите, но никогаш не ги укорил за канонот на старозаветните книги, никогаш не ги укорил зошто ги отфрлаат „дефтероканонските книги“. Исус немал спор со евреите околу старозаветниот канон, туку напротив, цитирајќи речиси од сите протоканонски старозаветни книги, го потврдил старозаветниот канон на евреите. А од друга страна пак Исус не цитирал од ниту една дефтероканонска книга! И објасни ми, како може Божјиот збор да биде „дефтероканонски“ (со второстепено значење)?
Ај те молам цитирај ми кај вика Христос: „Алал да ви е за канонот!“ Секоја друга дискусија е непотребна и не води никаде.
Ова ме потсеќа на муслиманите кога велат: Е ај цитирај ми кај вика Исус: „Јас сум Бог, славете ме мене!“ Ок, со задоволство ќе ти напишам десет точки кои, доколку си објективен љубител на Вистината (како што е Исус), лесно ќе се убедиш дека дефтероканонските книги не се дел од Божјиот Збор и канонот на Светото Писмо. 1. Значи, како што реков, еврејскиот канон на стариот завет, не ги вклучува дефтероканонските книги, туку саmо протоканонските кои се содржат во стандардната Библија на христијаните. Читајќи ги евангелијата можеме да видиме како Исус често пати имал дискусии и препирки со еврејските водачи, ги укорувал за многу нешта, но никогаш Исус не им забележал за канонот, никогаш не ги укорил дека наводно отстраниле некоја книга од него. Исус во една прилика рекол: „Писмото не може да биде нарушено“ (Исус Христос, ев. Јован 10:35, Библијата). На друго место Исус рекол: „вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.“ (Исус Христос, ев. Матеј 5:18, Библијата) Така што доколку евреите отстраниле и само еден цитат од Стариот Завет, Исус сигурно ќе им забележел и ќе ги укорел дека го нарушуваат Писмото, дека отстрануваат од Него Божји зборови или сл., а камо ли ако евреите отстранеле цели 11 дефтероканонски книги (колку што има во православниот канон) 2. Христос и апостолите цитирале 295 места од старозаветните протоканонски книги, но не цитирале ниту еден стих од овие дефтероканонски книги! 3. Евреите никогаш не ги прифатиле овие книги како канонски. Ние христијаните го превземаме Стариот Завет од евреите, а не тие од нас. Тие биле многувековни чувари на Божјиот Збор. Сите пророци, сите библиски писатели биле евреи. Така што ние сме зависни од нив кога станува збор за старозаветните книги. Тоа мораме да им го признаеме на евреите, без ронка гордост во нас. Дефтероканонските книги не се признати од евреите т.е. од оние од кои ние го наследуваме Стариот Завет. 4. Исус, во една прилика, на еврејските религиозни водачи им рекол: „ Змии, змиски породи! Како ќе побегнете од судот на пеколот? Затоа, еве, Јас ви праќам: пророци, и мудреци, и книжници. Од нив едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги бичувате во вашите синагоги и ќе ги гоните од град до град, за да дојде врз вас сета праведна крв, пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу Храмот и жртвеникот.“ (Исус Христос, ев. Матеј 23:33-35, Библијата) Според еврејскиот редослед на книгите од стариот завет (тоа се истите книги како и во Библијата, но малку поинаку подредени и групирани) првата книга е книгата Битие (1 Мојсеева) каде што е опишано убиството на Авел (Битие 4:8, Библијата), а последната книга е Втора книга Летописи каде што е опишано убиството на Захарија. (2 Летописи 24:20-22, Библијата). Со горната изјава Исус Христос јасно ги потврдил границите на стариот завет (канонот), посочувајќи на првата и последната старозаветна книга и со тоа го потврдил еврејскиот канон за валиден. 5. Пророкот Малахија (4век пне) го претскажува следниот Божји пророк - Јован Крстител (Малахија 4:5, Библијата) (1ви век) и не остава простор за дополнителни Божји пророци, откровенија меѓу него и Јован Крстителот. 6. Епископот Мелито од Сардис направил една листа каде што ги навел сите протоканонски старозаветни книги (освен книгата на Естер), но ниту една од дефтероканонските книги. (Ecclesiastical History 4.26.14) Ова е најраната позната листа на старозаветни книги од христијански извори. 7. Ориген имал можност да ја види Макавејската книга, но не ја нарекол канонска. Евзебиј го цитира Ориген и ја потврдува неговата листа додавајќи ја и книгата на Естер, но повторно НИТУ ЕДНА од дефтероканонските книги. (Ecclesiastical History 4.26.14) 8. Исто така Евзебиј за Макавејските книги вели дека се "надвор од овие канонски книги" (Ecclesiastical History 6.15.2) 9. Исто така и Атанасиj Велики, пишувајќи го своето пасхално писмо (или познато како Велигденско послание), ги навел сите протоканонски книги од Новиот Завет и сите протоканонски книги од Стариот Завет (освен книгата на Естер), но во таа листа тој не навел НИТУ ЕДНА од дефтероканонските книги. Тој исто така спомнал неколку од дефтероканонските книги и рекол дека тие навистина не се вклучени во канонот, но дека се посочени од црковните отци да бидат читани од новите кои се приклучувале во заедницата и кои сакале инструкции за побожност во словото. (Атанасиј, Писмо 39) „But for greater exactness I add this also, writing of necessity; that there are other books besides these not indeed included in the Canon, but appointed by the Fathers to be read by those who newly join us, and who wish for instruction in the word of godliness. The Wisdom of Solomon, and the Wisdom of Sirach, and Esther, and Judith, and Tobit, and that which is called the Teaching of the Apostles, and the Shepherd. But the former (протоканонските старозаветни книги кои Атанасиј ги навел претходно), my brethren, are included in the Canon, the latter (подоцнежните дефтероканонски книги) being [merely] read; “ (Атанасиј, Писмо 39) Еве ти и српски превод: „Али ради веће тачности, јер ради потребе пишем, додајем и ово, да осим ових има још и других књига које нису ушле у канон, али у погледу којих су оци установили да их читају који изнова придолазе и који се желе упутити у науку благочестија. Те књиге су: Мудрост Соломонова, Мудрост Сирахова, Јестира, Јудита, Товија, такозвано Учење апостолско и Пастир (Јермин). При овоме знајте љубазни, да док су једне књиге унесене у канон, а друге одређене за читање као корисне“ Значи според Атанасиј Велики, дефтероканонските книги се корисни за читање, но не се дел од канонот на Светото Писмо. 10. А откако Атанасиј ја завршил листата на протоканонските книги, тој заклучил: „Овие книги се изворот на спасението, за оние кои се жедни да можат да се напојат со живите зборови кои ги содржат. Само во нив се содржи доктрината на побожноста. Да не се осмели човек кон нив да придодаде или да одземе. Бидејќи токму за ова Господ ги посрамоти Садукеите кога им рече „Во заблуда сте, бидејќи не го познавате Писмото“.“ (Атанасиј Велики, 39-то Велигденско послание)
Оние кои што ни го преведоа Писмото на нашиот мајчин словенски јазик, ги преведоа и дефтероканонските книги, а тие се рамноапостолните Методиј и Кирил и нивните свети ученици: Горазд, Климент, Наум, Ангелариј, Сава и Лаврентиј; се` со благослов на свети Фотиј Великиот. А треба да се знае дека во раната Црква на Богородичните празници и Божиќ се читало и од Протоевангелието Јаковово, на Велика Сабота се читало и Никодимовото Сошествие во Адот, на Свети Убрус Писмата меѓу Христа и цар Авгар, а до ден денеска на вечерните богослужби кога се читаат паримии се чита и од дефтероканонските книги, пред се од Мудростите Соломонови. Велик е свети Атанасиј, ама тој не е ниту семоќен римски папа, ниту ја претставува полнотата на Црквата.