Темава не ја отварам за совет или мислење, туку чисто да споделиме како сме се почувствувале кога сме ја дознале оваа вест. Имено, вчера дознав дека бифшиот ја запросил девојката. Добив некое баш чудно чувство, некарактеристично за мене. Некоја чудна љубоморна, како да сум изневерена, како некој да ми зема нешто мое, како официјално да се става крај на мојата приказна со таа личност. Што е најтрагично, нашата врска беше некои 6-7 месеци, ништо особено сериозно, никаква голема љубов. И така, си плачам цел ден, си гледам слики, па си се смеам зошто смешна ми е реакцијата и така во круг. Прв бифш ми е што “рипнал” во тавче, којзнае како ќе ми биде за некој што повеќе сум го сакала. Не очекував воопшто ваква реакција од сама себе, и баш се изненадив. Па, ме интересира, мажени, немажени, во врска или сингл, без разлика кој е вашиот статус, како реагиравте кога ја добивте оваа вест?
Ако некој ми ги спомне ќе ми треба време да се сетам за кои луѓе станува збор. Ги имам избришано од мозокот, до толку што не се битни за мене.
Ми беше чудно, бидејќи во младоста додека бевме заедно тој гаеше голема љубов кон друга девојка со која на крај секако не заврши. Лично немав никакво чувство во врска со ситуацијата бидејќи беше одамна. Дали ради староста и искуството, ама вака општо за поранешни немам никакви емоции. Додека трае врската само, но, штом официјално дојде до прекин и минат години тие луѓе за мене се избришани и не постојат.
A kako voopsto znaete sto im se desava vo zivotot? Gi demnete na fb? Ne ve napagam samo me zainteresira, jas pojma nemam ni kaj se ni sto pravat.
На стори на инстаграм. Океј завршивме, па не се блокиравме плус заеднички пријатели. Во денешно време почудно ми е да не дознаеш и да не стигне до тебе вакво нешто.
Ne me interesira, ne sakam da znam kaj se i sto pravat, do dusa ne sum sretnala ni nikoj do sega. Ma da jas sum mazena dolgo vreme veke, pred nekoja godina srednoskolskata ljubov me addna na fb samo sega me potseti da zirnam go nema, go izbrisal fb ( ili mu kazale da me blokira ) , ete do tolku mi e nebiten pa ne sum ni primetila deka go nema.
Се следите уште? Не мора да се блокирате ама зарем и да се следите, шо знам. Тоа да, преку овој, преку оној се дознава тоа, не само у денешно време и порано исто се дознаваше. Штом сте завршиле одамна и крај е не треба да се осеќаш чудно па и љубоморно уште. Да не имаш сѐ уште чувства кон него, ако не сте иделе предолго? Е тогаш имаш проблем ако е така. Нема потреба за плачење, излив на емоции и драми за нешто кое веќе е завршено.
Со скоро сите бифши се следам. И да се видиме во живо ќе се поздравиме и ќе свртиме два реда муабет. Дефинитивно немам чувства, не сум ни имала кокретно кон него, повеќе мислам дека е ego problem Чудна ми беше реакцијата затоа што мислев дека воопшто немаше да ме допре. Не дека сум којзнае колку потресена сега, ама ете не ми е убаво. А не би била со него никогаш пвоторно. Што знам, заебана реакција. Како и да е, со среќа нека му е
Темава се погоди во совршен момент, пред некој ден дознав дека се женил. А како дознав? Па...ми пиша, осети потреба да ми кажи, јас појма немав ниту ме интересираше. Не го имам ниту на фб ниту на инста, ама ми пиша на месенџер. Нашата врска беше 5 години, завршивме бидејќи се оладивме а јаготката на шлагот беше кога тој појде со друга жена уште пред да ми кажи дека сака да раскиниме. Сега оженил некоја сосема трета после само 5 месеци врска. Па ми пишуваше како сега се осеќал исполнет и како вистински маж, јас не сум го исполнувала и разликата во годините си го направила своето (на што му реков како не му текна да кажи нешто за тоа додека бевме во врска сето време), му било само на почеток убаво. Па кажуваше дека грешка било што пошол со друга жена пред да раскиниме, го завела курвата не знам што, па осеќал грижа на совест и затоа пишал, а и да видам дека си го средил животот. Јас само му плеснав на се дека досега не сум била посреќна со друг маж од сегашнава врска, дека не ми менува ништо што кажа и испари. Многу среќен е чим осеќа потреба да го докажува тоа на бившата додека на друга и ставил прстен. Жал ми е само за времето потрошено со него, за друго ништо, најсеедно ми е за него од сите други луѓе во минатото.
Ааа значи ко другарчиња сте сеа, алал да ви е штом така можете, веројатно пријателски и мирно се имате разделено па не ви е проблем да се “дружите“ на некој начин. Може и со егото да е поврзано или со суетата поточно. Да не се лажеме сите понекогаш сме суетни. Со среќа нека им е. Би му честитала или веќе му честита?
Е не другарчиња сега, само нормален однос, двајца што некогаш биле блиски и им се разделиле патиштата. Взаемен респект. Не сум честитала, мислам дека не ми е место, ниту пак сакам да се осети девојката било како лошо од мојата порака. Лицемерно е. Ако го сретнам случајно и се поздравиме, ќе му честитам ради реда.
За еден бивши знам дека е женет и има дете и ми е сеедно. Со еден сме и ден денес пријатели и комуницираме (само преку месинџер, од различни градови сме) и баш ќе ми биде мило кога ќе се ожени и најискрено ќе се радувам за него оти знам низ што има поминато и колку заслужува жена за цел живот. За другите не знам ништо и ако дознаам по некоја случајност, баш ништо нема ни да мислам ни да осеќам.
Ако е толку исполнет што е потребата да ти каже дека се жени? Тешко на девојката ако тој уште пати од вашата врска.
Жената со која ме изневери имаше многу лоша репутација, па осеќаше некоја потреба да се докажи дека му е среден животот и сега нашол „нормална жена“. И не само пред мене, општо пред народот. Сакаше да ми направи и гилт трип исто така, а и да си ја намали грижата на совест, а исто така да види дали јас случајно патам по него. Гледајќи назад, требаше да му кажам дека тоа што раскинавме е најубавото нешто што ми се случи, бидејќи сегашниот со кого сум, иако уште на далечина, ме направил посреќна од кога било. Жал ми е за жената што наседнала, бидејќи лично јас дефинитивно не би сакала мажот ми да има потреба да и се објаснува на бившата колку е „среќен“ со мене.
@Amellie13 Малце надвор од темава, ама мене ми толку звучи разочарувачки сета ситуација. Тоа што сигурно не ви била лоша врската за да трае 5 години, а сепак испаднал толку смотан и безвезе на крајот. Јас би била многу разочарана, а верувам дека и ти си била. Мило ми е што сега си среќна и нема ефект врз тебе што прави он.
Од моја гледна точка сигурно најпрво гледате со каква се оженил. Не ми се женети бившите, а и немам никаков контакт
Искрено, додека траеше врската не беше лошо, никогаш не сме се испокарале лошо или да било ептен токсично. Едино последните месеци почна ептен да се оддалечува од мене, со што и јас оладив, па некако беше готово пред да биди готово. Секако не ми беше сеедно кога заврши официјално, но ради тоа се опоравив побрзо. Сега дефинитивно не ме допира тоа што прави бидејќи сум исполнета со друг човек, но како што кажав жалам за сето тоа време потрошено, дури си ја преиспитувам интелигенцијата како сум била со таков човек толку време, како не сум му го видела вистинското лице пред да заврши врската. Но тоа е што е, од се можи нешто да се научи. Единствено на кое сум фокусирана во поле љубов во моментот е да ми успее сегашната врска на далечина, друго апсолутно не ме интересира.
Искрено, не ве разбирам. Јас кога раскинувам, оди во пакет со block & delete. Можиме здраво да си кажиме, а зависи и од околностите, можи да добијам склероза и да не се сеќавам. Пф, да се секирам дека се оженил бивш, тешко на маченицата.