Jas ne gledam zasto so bivsh bi ostanala vo kontakt,pa makar i na zdravo muabet.Si ima pricina zasto e nekoj bivsh,a ne segashen-da vredelo toa ke traelo seushte.Od pogled sto ne bi sakala moj partner da ima kontakt so negovi bivshi,a i bez razlika sto sum single ipak bivshi si se bivshi BEEN THERE DONE THAT
Jas raskinav pred 3 meseci i sega toj si fati zenska a vo isto drustvo sme jas se trudam da go izbegnuvam no ete toj sekogas mi se smee I mi pravi muabet no zenska mu ne mu dava ni Zdravo da mi kaze bidejki mislela deka seuste ima nesto pomegu nas i mi pisat I dvajcata mi lajkat stari sliki komentari so mojot bivsi Im stanav opsesija stv neznam sto da pravam..
Ако те замарат се знае- блок ама мене ми стои како тебе да ти одговара ваквото однесување на бившиот, бидејќи ништо не сакаш да превземаш околу тоа..
Мојот бивши сеуште се надева дека можеме да бидеме заедно, но јас не мислам така се слушаме на телефон и му кажав да не се надева но не ме разбира. Што да направам за да не се надева?
Ниеден бивши не може да ми биде другар.Со сите премногу бев емотивно поврзана ,и не можам да замислам другарство после раскинување...никогаш
Со сите имам раскинато на цивилизиран начин и со сите имам останато во некој контакт од време на време да си пишеме да си лајкнеме нешто на улица да се видиме си правиме муабет по 10 мин.Имам искачано и на кафе чист другарси и ништо страшно фала богу не можеш денес да раскинеш утре другари ама со тек на време се поминува
Јас со бивши се имам степано, простено нека ми е што сум трошела од моето драгоцено време на него. Спојлер Без заебанции, лани беше, 16 годишна лудача.
Јас мислам дека бившите да биле така вредни немало да бидат бивши Епа ако не се вредни, што тогаш тема за нив?
Мојот бивши ме прашува дали сакам да сум пак со него, и времето ќе покажало каква ќе ни била врската. Го прашувам колку му значам,што како ќе биде, ми вели самата да си дадам одговори. му велам ти што мислиш пак сме за почеток? Вели ти најдобро знаеш,нека бидне овој пат по твое И што ввелите на ова?
Што знам... Јас од мое искуство можам за кажам Еднаш сум му се вратила на бивши (тој што ств сум го сакала- еден бил таков) и за многу кратко време се покаав. Ти најдобро знаеш дали вреди да потрошиш време и нерви за повторен обид
Абе си има битни и небитни бивши во принцип. Имав еден пред 3-4 години што на времето се моткавме неколку месеци, ми беше прв во многу работи и иако јас му прекинав, тогаш ми се чинеше ко крај на свет.. И нели дека никогаш нема да бидеме другари. Од оваа гледна точка, сега не ми е проблем да поседам со него кога ќе го видам, немам буквално никакви чувства кон него, ни добри ни лоши, што сметам дека е супер. Имам двајца-тројца што доста ме повредиле, и ми се побитни во животот и иако им имам простено, секако не би можела и сакала да бидам другарка со нив. А и среќа баш тие не сум ни ги сретнала откако сме прекинале. Има и такви со кои сум се мувала еднаш, два пати до три пати одамна, и или нема да ги препознаам на улица, или кога ќе се видиме се однесуваме баш како другари.. пошто нели no hard feelings помеѓу нас.
И што да се мисли? Ти даде некоја причина зошто да се вратите заедно? Ваљда сте раскинале поради некоја причина. Таа причина ја нема више? Тоа е клучното прашање - што се сменило сега ако тогаш не одело.
Jas na mojot bivsi mu se vrativ posle 2-3god pauza. Sega sme veke 5god vo brak. Dokolku go sakas i misles deka vredi daj mu sansa. Ako misles deka e nepopravliv idiot ne si go gubi vremeto.
Јас лично се обидував да задржам контакт со некои зашто ми било забавно со нив, а од друга страна некои неможев да ги трпам зашто беа премногу напорни.Но, во последно време се решив да баталам се и од ново да започнам. Зашто со некој ако си бил нешто повеќе од другар тешко е да останеш во контакт со него и можам да кажам во секоја ситуација сум била
Јас пак со бившиот ептен заеднички другари имам, уствари и така го запознав преку мој и негов најдобар другар и да нејкам чат-пат ќе го видам, а се најлошо му посакувам таков гад еднаш се раѓа.