Имам 2 бивши. Оној насилниот ма што има да му кажувам односно дека е без осет ми вели сакам да сме заедно и сл. не прифаќам не е мој тип и што напраил да сум го паметила со моја другарка-сега не многу блиска че се гледа . Немаат мозок, ајде он ма и оваа другарка на векот. Ами како ќе иди у Италија. Некој ќе пати овде а јас не се одмаздувам. к а р м а.
Јас со бишви исто како да никогаш не сме се запознале бидејки тие се бишви со причина, но имам една бивша девојка од пред 2 години, што често се среќаме на Рекорд, и нели здраво па и другарска прегратка, девојчето еднаш видело дека горното крајно копче од кошулата не ми е закопчано и дека е ладно и ке сум настинел, ми го закопча и со насмевка ми се втури во прегратка, малку емотивно ме погоди тоа и траеше неколку секунди, но ме замисли дилемата дека сите бивши па и не се баш исти.
Сакаш да се ожениш? - Стани ми бивши е работава Освен тој последниот.. не верувам дека некој ќе го сака Лани ова време дознав дека и вториот се оженил, трудна му била тогаш невестата.. Првиот се ожени кратко откако раскинавме не веруваше дека кондомот спасува живот Сега ми вика - па не е лошо да си фамилијарен човек ама јас на моиве години сум со деца за во градинка, а другарите живот живеат... Ееее друже..кога не учеше лексии од мене... Другите што на некој начин поминале низ мојот живот (не ги ставам во категорија дечковци, мувачи итн, да не ми дојде Сашко...) МИСЛАМ дека сите се женети.. Секогаш гледам да останам во ОК односи со луѓето околу мене, без разлика дали ми биле бивши дечковци, мувачи...швалери Ако бил доволно добар да делам одреден дел од животот со него, доволно е добар и за обичен муабет да свртиме кога ќе се видиме. Се додека пријателски сум раскинала со некого, не гледам зошто би го одбегнувала.. Затоа кога бирате маж за врска, гледајте да е човек пред се..
Кoлку сaкaм дa ми се јaвиш, дa ме прегрнеш. Сaкaм,нo немa. Штo вaквa желбa пo тебе ми се јaви првa љубoв мoјa. Зoштo? Дaли ме мислиш пa и јa пoсебнo те мислaм денес???
Јас,мојот бивши и еден веренички прстен... приказна за себе... се затвори книга што секојдневно се пишуваше 5 и кусур години... падови безброј,но и издигнувања до небо исто така... почнавме како деца,а заедно созреавме и се изградивме како личности,си бевме прво се! ми светна нешто во глава и ете решив да заврши... после тоа се каев мислев сум згрешила,мислев последен на светот е тој,никој друг нема да биде подобар од него во ништо,мислев ќе биде мој најголем непребол доживотно... останавме во контакт па решивме да се видиме после некое време откако и двајцата си почнавме нова книга,али ајде да видам демек со чувствава до кај сум... и за се сум била во право после толку време освен за мислата дека уште го сакам и го посакувам... го сакав и ми беше драг,али како другар од детството да ми е,и не воопшто не го посакував,ни самата мисла за интимност со него не ми годеше... меѓутоа не делевме исти чувста,тој па напротив,повеќе жаросан и од некогаш... и да би го видела некогаш пак,би му направила муабет,би го прегрнала,можеби и кафе би испиле,но само како добри стари љубовници,во сегашноста нема место за нас...
Bivshite se sekogash bivshi, deckovci, ljubovnici, muvaci, shvaleri , muzi, drugari i kako sakas kazi gi.Krsheno lepeno ne biva.Ke ima simpatija, ubav muabet, kafe, smeenje no nikogas poveke od toa.Sekogas koga sum mislela obratno od ova sum se zeznuvala i brzo posle zavrshuvalo.Samo poveke psihicki traumi i izgubeno vreme. Nikogas nema nazad gledanje i vrakanje, pa makar i sama samo ne so bivsh.Zasto koj te izgubil toj neznae i nenaucil da te socuva.
Сега кога те читам исто како јас да го пишувам тоа иста приказна си имаме јас и ти ....Само што мојата 4 ипол години и без веренички прстен....Ме замени со дете кое сеуште мириса на млеко...Али тоа е тоа животот мора да продолжи но сепак тој сеуште ми недостига......
Koga razmusluvam za bivshi si vikam Gospod me cuval. Ama togash mlada mislis propadnal svetot, so eden 3,5 god, so drug 1,5god, tret 4,5 god....mislis zivotot si go izgubil.No sega sfakam deka sum sozreala so tie vrski, znam da prepoznaam dobro od losho, znam sto sakam, nauciv tolerancija, da ne si zemam sekoj zbor na srce, da igram fer i da prepoznaam laga. I ne zalam.Sto e tvoe ke si dojde . I ne se plasam od nisto, ako mu cini dobro ako ne kaj saka neka odi, sledniot ke bide podobar od nego...
Не бевме во вистинска врска но имаше некоја хемија хахаха...типот е променлив затоа и се тргнав од таму,одамна завршивме со таа некоја љубов или што и да беше,мислев дека можеме да бидеме пријатели но ништо од тоа,беше напорно и за двајцата и караниците беа секојдневни..сега не зборуваме изгледа така и ке остане можеби ме мрази бидејќи ме гледа како да сум му земала се,јас продолжив САМА за него незнам,не ми недостига претерано и онака зборувавме само на фб а и постојано имаше некоја личност која беше меѓу нас така да...
Со бившиот дечко со кој имав долга врска останавме на една добра пријателска основа бидејќи се разделивме како луѓе без ниту еден кажан лош збор...затоа имаме и лице да искомуницираме понекогаш на фејс или на телефон па да испиеме и едно кафе. И на двајцата ни е јасно дека тоа беше тоа и не ни се трудиме да ја одведеме релацијата на друга страна. Има уште еден бивши кој не ми беше званичен дечко но се гледавме долг период.....ме демни на секој чекор, прави лажни звони од скриени броеви и три години чекаше да бидам слободна за повторно да стапи во акција ама работите сега се многу различни
Ги иам 5ца. 1от- фино дете идевме шо идевме 2пути по 3 дена ретко се глеаме, океј сме снап шеми се чатаме кад тад 2от-беше за еднаш не ни збориме фала Богу 3от-идевме 5-6 дена ми пукна филм му раскинав 4от- НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА во животот..болно заљубен,љубоморен не знам ни ја шо едвај издржав и му раскинав.. 5от и последен- омилен бифши.Совршенство е детето, потеравме 10 дена ама не идеше ми раскина.Само него и првиот сум ги сакала онака.Другите ги зезав малце.. инаку со 4от се праам партали не можам да го смислам ми се гади од него.Порано не мување не врска сеа од септември наваму ги заредив.. Сите се со причина бифши, да вределе ќе биле сегашни. *не знам дали кажав точно мислам ме сфативте.
Јас оние со кои сум одела по 3, 5-6, 10 дена да ме убиеш нема да се сетам кои се, не па да ги рачунам за бивши. Инаку сум имала 2 официјални врски досега, од година дена и 2 и пол години и немам контакт со истите. На крај завршија турбулентно и нема простор ни за здраво да се каже. Со други дечки шо сум се гледала на периоди чат-пат имам здраво шо праиш како си на улица и толку.
Posle 25 godini me pregrna I si prostivme za se sto se povredivme. I sfativ zosto ne SME zaedno. Sudbinata IMA svoi prichini.
Бивши биле и поминале. Веќе и заборавив кои беа и да ги сретнам нема ништо да чуствувам. Ниту ги мразам ниту пак ги сакам. Тоа останало во минатото.
Двајца бивши во мојов живот, и едниот и другиот ме научиле на добри лекции. Врските ми беа од екстрем во екстрем. Првата ја напуштив поради преголема љубомора, опсесивност, вербално злоставување. Во втората врска ја имав целата слобода на свет, научив и се спознав себеси многу како жена, нешто што претходно беше потиснато. Но за жал, патиштата ни се разделија и по извесен период лебдење во непознато, сфатив дека треба да си одам. Минатата година како духови ми се појавија и двајцата за да ми кажат дека погрешиле во врска со мене, едниот после 4 години молк, а вториот после една година. Научив да простувам и им благодарам за лекциите, да не беа тие немаше да знам што не сакам да видам кај следниот
Не верувам во пријателство со бивши дечко... Мора да има некоја хемија меѓу нас која не спојува и не тера да контактираме. Не можам да замислам да разговарам за времето какво е со човек со кој до вчера сум имала врвна страст....само мое мислење Моите бивши се приказна за себе....По раскинувањето сите до еден беа закачени како пијавици за мене, не престануваа со смс, со јавувања во ниедно време, со следење, со распрашување по луѓе и мн останати испади.... јбг карма Што се однесува до моите спомени врзани за нив....сите беа посебни на свој начин, сите имаат некоја искра и причина поради која ги помнам само најубавите работи врзани со нив....Сите мора да имаме бивши за да разбереме што најдобро ни одговара во сегашноста