Бившите се дел од моето минато. Не сум имала некои бурни прекини и меѓусебни повредувања така да не чуствувам омраза кон ниту еден од нив. Сите врски ги имам прекинато на добар начин. И до ден денес на улица кога ќе сретнам некој од нив се поздравувам и сврзувам некој краток муабет. Не се дружам со нив, не ми е природно некако да излезам на само со некој од нив или пак да излезам со сегашниот во друштво во кое е некој мој поранешен. А искрено, и мене не би ми било драго сегашниот да одржува блиски контакти и дружби со некоја девојка од порано.
За разлика од нив, никако не се однесувам незрело. Не ми е ни мене лесно да преминам преку некои работи, пошто нели во еден случај кај мене станува збор за развод, не за прекинување на врска, што е апослутно друго рамниште и неспоредливо. Меѓутоа се однесувам зрело, нема потреба од тензија, колкаво злопамтило сум е приватна работа и не дозволувам агресијата да избие на површина. Иронично или од чист инает, бифшиот ми е колега и морам службено да му се обратам, Не дека го мразам нешто посебно, гневот е уште свеж па се трудам да го одбегнувам колку што е можно повеќе. Не одговарам на провокации. Во генералија, сакам да останам во добри односи, што речиси никогаш не ми успева. Јас сум воздржана и решителна личност, нема сексови после разделба, и кога раскинувам го правам тоа најдостоинствено и цивилизирано. Меѓутоа од другата страна не е секогаш така.
Не знам ни што да пишам конкретно на темава, полн сум со нервоза и ќе почнам да кажувам колку сум бил во право со сето тоа што излезе на крајот, ама веќе и на себе си си станав досаден и продолжив понатаму. Генерално, секоја девојка што сум ја имал и сум ја сметал за сериозна има свои предности и маани, ама не би сакал да останам во контакт пред се поради интимноста и начин на кој јас ја гледав неа, што сум правел и што сум ветил, едноставно глупаво ми е да се вратам едно ниво. Единствено нешто за да остани почит кај мене кон неа, е да биди искрена и да кажи како стојат работите и како дошло до тоа, а не да ми раскини на убав или грд начин. Ако воопшто ја интересирале моите чувства ќе поработела на тоа да не се распадне врската.
Со бишиот имам добар пријателски однос бидејќи имаме исто друшто се почитуваме, понекогаш разговараме за нашата врска и се потсетуваме на убавите моментии.. Но нема никакви шанси повторно да бидеме во врска. Само пријатели сега, а понатаму можеби и не...
Не сум завршила со ниеден на болен начин, во смисол, да умираме еден за друг, да плачеме, да правиме инцинденти сред град или кафичи. Со сите си имам пријателски муабет. Сме пробале, не одело и толку. Сега зависи и тоа како некои завршуваат.
Бивши што ги имав ги имам и сега како мои другари, освен еден од нив кој се ожени и жена му е болно љубоморна па го однесе во друг град да живее бидејќи бил сообраќаец па да не сме се сретнеле случајно Маж ми не е воопшто љубоморен бидејќи нема ни зашто.
Bivshi, Sega so site si zboram.No vo mladost posle raskinuvanja so drami , plachki I teatar so nekoi I ochi nekev da si vidam. Posle 30 god , zenite im gi zapoznav, muabeti si terame no site se na distanca. Cuvstva za nikoj nemam. Sto budala sum bila pa so godini sum se shtrecala koga ke gi videv na ulica, ili mislev fatalni ljubavi bile. Vsushnost ako bile arni I me sakale iskreno nemale da bidat bivshi I da me rasplakuvale. Ona gledanje so bivshi I druzenje ne podrzuvam.Ne sakam.Koga se stava kraj , kraj e zasekogas.
Деновиве ми дојде мисла на оваа тема, баш ме интересира некој со искуство да ми одговори на она што се запрашав, но јас не можам да си објаснам затоа што не сум била во таква ситуација, а знам дека се случува ова. Знам такви парови, а и на форумов имам читано, дека после некое време, дури после неколку години, некој повторно почнува врска со бивш партнер. Како се случува тоа? Во меѓувреме одиш со некој друг, се сакате, а кога со тој ќе раскинете, што ве тера да се вратите на бившите? Дали чувствата биле всушност тука цело време, дали повторно нешто сте почнале да чувствувате или во таа врска сте се чувствувале убаво па сакате да се вратите таму, занемарувајќи ги причините поради кои сте ја прекинале некогаш?
Бившите се бивши со причина. Е сега евентуално може да има некоја разлика во созревање и кај двајцата ако се гледале да речеме на 17-18 години и после се пронаоѓаат повторно после 30та година. Во тој случај да, можно е љубовта да се појави пак ако раскинале од банални причини. Ама во ситуации да раскинат и после година-две да пробаат повторно, ретко кога успева Треба една убава анализа да се направи што било лошо во врска ( И да, лошите работи повеќе влијаат од оние добрите) Зашто лошите работи се оние кои пак ќе испливаат на површина при првата караница. Јас сум имала ситуација кога сум се смирила со бивши после неколку месеци и беше грешка.
Јас имав ситуација лани кога се гледав со еден и ни се деси еден немил настан. Одма помислив на еден бивши со кој идевме 4 години и сакав да го видам. Мислам од навика повеќе ми беше, дека знаеше се' за мене, и добро и лошо. Сега, не ми текнува воопшто да им пишам на бившите а камо ли па да се смирувам со нив. И порано и јас се убедував дека ако не е судено сега, можеби ќе се поврземе некако во иднина пак, али морам да признаам дека ептен јак филм сум си правела во глава, ако тогаш не успеало нема шански во иднина да процвета таа "љубов".
Бивши...толку многу ме научиле на убави работи. Од типот да останам јака и да не верувам на секој збор,потег. И тие ќе останат запаметени по нешто,нели ?
Според мене, ако двајца треба да бидат заедно, судбината ќе направи повторно да се спојат . Имам пример во животот на мои блиски што како млади имале голема љубов и поради младоста, грешки и слептки од лоши и завидливи особи и нивни пред се преќинале, и после цели 15 години тој имал друга жена со дете се разведува и сега повторно се заедно со првата личност и со прифатено дете и свее и имаат преубав живот. Дали некој особа ќе остане во минатото, и ќе дојде некоја нова или пак после месеци или години повторно ќе се спојат е судбина.
Јас искрено во судбина не верувам. Не мислам дека од 4 милијарди луѓе, 1 личност е предодредена за тебе и судбината ве спојува туку повеќе е сплет на околности. Според мене, враќање на личност од минатото влечи некои подлабоки проблематики од само љубов. Може да е разочараност од љубовниот живот, реализација дека таа личност ти одговарала повеќе, како и фактот што некогаш си бил прифатен од таа личност, па сега ти е полесно, и на крај немање можност за наоѓање на тоа што го бараш, па одиш со премиса дај шта даш, и го ставаш бившиот партнер како 2, 3, 100ти избор. За мене, ако нешто се завршило еднаш, завршено е засекогаш. Скршеното колку и да го лепиш, нема да биде исто. Освен, нели, во мал број на исклучоци поради Х - фактори како и од фактор време и ако двете личности не продолжиле со животот понатаму во меѓувреме. А дека се враќаат, се враќаат, ама според мене повеќето се враќаат не од љубов, колку од оние причини што ги набројав погоре. Не ги романтизирам враќањата на бивши воопшто.
Еднаш читав пост на бројче @1209 каде што раскажуваше за нејзината животна судбина. Ми остана врежано во глава една реченица во која кажува “Бевме разделени можеби две години,тој имаше девојка,јас го побарав да разговараме можеби сеуште можеме да спасиме, и не ми беше битно што имаше девојка,ако сеуште ме сака не мора да се лажеме”. И тука сфатив дека изреката “Не знаеш што имаш додека не го загубиш” е вистинита бидејќи времето е клучот за се. Без оглед колку долго сте биле разделени,кога ќе спласне сѐ и кога ќе се смири срцето,самиот човек созреза многу повеќе до степен да се смири и со бившата со која делел леб и кров,но, само ако постои вистинска љубов.
Веројатно за некои важи онаа народната " Не знаеш што си имал , додека не го изгубиш " . Јас и мм имавме раскинато околу месец дена , по сплет на околности , се смиривме . Секако дека јас бев истата , воопшто не се сменив , но тој беше сменет . Од незрело дете , за еден месец станал зрел млад човек . Што му се случувало во тој период - не знам . Знам дека секој ден ми се јавуваше , иако имавме раскинато , како другар секој ден ме прашуваше како сум , што правам итн . Често и на кафе сме оделе онака пријателски во тој еден месец . Вечерта пред да се смириме , не знам од како , почувствувал нешто , нешто го вознемирило и прво на мене помислил . Дошол во кафичот каде излегував со друштвото . Не ме нашол таму и испаничил , згора на тоа не сум му се јавувала на телефон ( јас таа ноќ бев сексуално нападната од друг бивш дечко , среќа се добро се заврши , не успеа во намерата гадот ) .. ме барал секаде , ја нашол и другарка ми , која го излажала дека сум отишла до дома и ќе дојдам пак . После таа случка , тој целосно се смени . Не сакаше да си оди таа ноќ , иако сеуште не бевме смирени . Толку пати ми повтори дека веќе не ме остава сама , дека веќе никогаш нема да ме пушти од себе .. Можеби тоа беше пресудно што одлучив да се смириме пак . Сега сме во брак со деца . Би рекла дека некогаш е пресуден и мозокот на човекот . Да не се сменеше , можеби никогаш не би му се вратила . Но , тој се смени , се за што предходно се каравме , се што ми пречеше тој го промени кај себе . Дали сфатил дека му значам повеќе од што мислел предходно .. не знам .
На последниот бивш му благодарам што ме направи јака личност. Страдав по него ама и научив лекција од него. Лекција која ќе ми служи за цел живот. Сега знам како да се одбранам себе, како да ги проценувам луѓето, како да не верувам лесно.
Иако било оддамна бившиот ми има многу згрешено, ама премногу иако и сам знаеше каде ја по*ра работата, а се правеше и тогаш, а мислам и сега дека поима си нема, дека не е он таков, дека е ептен фин и одговорен лик и такви ми ти некои негови его-трип си-фи сра*а. Не разговараме, не ни сакам, особено ми се стемни кога откако се омажив по толку години молк и немање комуникција ми пиша да сме излезеле на кафе, да сме си поразговарале како е во брак, дека тој неженет па јас да му објаснувам како било. Ми се споврати со каков лик сум изгубила па и добар дел од младоста. Ама се е добра лекција, ми се отворија очите и чакрите и конечно научив на дело како да не дозволувам некој да ми ја цица позитивната енергија и како да сечам од старт наместо да поминувам преку се и си ја чукам главата на крај за буквално небитни ликови. И така, се е добра животна школа и една многу јака лично за мене наменета лекција
Огромен распон на бивши имам. Од разни бранши, социјален статус, националности, ниво на образование, возрасти... Сите си имаат свое место, затоа што се дел од она што ме направи личноста која сум денес.
Само 1 бивш имам и не би му се вратила,го мразам и несакам да го видам,а има и причина:ме има изневерено повеќе пати во врската и плус јас дознав од други,а тој негираше(имав доказ дека ме изневерил).И едноставно изгубив чувства,му раскинав во лице,тој пушти некоја солза демек но јас си заминав.И сум среќна што раскинав.Е сега фала богу си имам врска во која ми е супер и сум задоволна,иако не сме од ист град,сепак ни е убаво во врската,се гледаме колку можеме почесто и од исто друштво сме.