Не гледам потреба во стална комуникација со бивши. Да, може во некој незгоден сплет на околности пример работите заедно или студирате заедно, па сте принудени да минувате време еден со друг. Во таков случај неминовен е службениот однос. Но, вака без некоја посебна причина или пригода - ниту очекувам нешто од нив, ниту пак давам повод да очекуваат тие нешто од мене. Се знае, постои x причина зошто сме завршиле. Крајно почитувам поздрав и два реда муабет вака од респект за времето поминато заедно (освен ако раскидот не е бил ептен катастрофален), за повеќе не ја гледам поентата воопшто.
Бившите треба да останат во минатото, но јас лично не сум во лоши односи со нив. Во смисла, ако се видиме некаде случајно, ќе се поздравиме и толку. Не чувствувам омраза кон нив, целосно сум фокусирана на мојата сегашна врска и не ми останува емоционална енергија за ништо друго освен за врската. И подобро што е така, негативните емоции не носат ништо добро. Накратко, рамнодушна сум кон бившите.
Бившите си се со во минатото, некогаш заборавам и дека постоеле дури од шо ни ги гледам, ни сум слушнала за нив долго време. Небитни.
Мене само последниот бивш ми смета хахах го следам што прави каде шета све знам што значи свесно де интересирам а после него ако имам дечко го заборавам тој па ако и тој ми стане бивш и на него ке мислам се до следниот хахаха
Јас возрасна девојка и се заљубив во него и прв пат ми е да се заљубам баш како сродна душа и да не можам да го заборавам. Не знам каде згрешивме , тој ме остави и уште одеднаш да ми каже дека нема осеќања после толку месеци...срце ме боли а се борам .. Тешко со далечината ама тое
Za toj sto ne treba da e vo tvojot zivot podobro da e bivshi. Vremeto e relativno I nebitno kolku ste pominale zaedno ,no sekogash ima dobra prichina sto e bivshi bez razlika dali ti si go ostavila Ili toj te ostavil. Toa shto zbunuva e samo nedokazanite raboti I nedorazbiranjeto. Chuvstvata ako se ednonasochni brzo se gubat no so nas si igra nasheto ego I nashata fikcija deka bivshiot e nezamenliv, vistinski I edinstven. Poradi toa ziveeme vo iluzija I ne izleguvame od toj spin.Naprotiv, bez sekogo se moze I sekogas ima barem uste eden takov koj mnogu poveke ni odgovara od toj shto e bivshi. Zatoa ne gubete vreme na bivshi, otvorete ochi kon tie sto se okolu vas, shto doagjaat I ke dojdat.
Рамнодушна сум кон бившите. За среќа, не ми се случило да изгубам некого што сакам. Заљубена сум била во некои од нив, ама никого не сум сакала вистински. Не знам како е да страдаш по изгубена љубов и се надевам дека никогаш нема да дознаам.
Со сите бивши сум во добри односи, особено со првиот дечко со кого бев 5 години. И ден денес се случува да се јави. За бившите све најдобро. Добро за вториот не можам да го кажам тоа, уште ми е некогаш во мислите, ама како фантазија некоја.
Bivsite gi brisam od zivite. Prvo, ako ne bile sigurni vo vrska so mene - zosto bile so mene? Ili daj shta dash - pa posle ke ti udram kloca? Iskreno, ako nekoj ne e siguren dali saka ili ne da bidi so nekoj, zosto ednostavno ne me izbrisale uste na sam pocetok? Kako i da e, nieden ne vredi za moeto dolgotrajno placenje ili kukanje. Vo red, sum i placela i sum bila tazna, ama se bilo so rok na traenje. Ama, mi go oladija srceto, sega ne sum orientirana kon mazi. A bogami ni tie kon mene, taka da, bese sto bese, ostarev i pomina vremeto na deckovci.
Не ги мразам, дури и да ме лажеле, гајле ми е, фала богу зад мене се! Ако ги сретнам несакајки, едно здраво и тоа е тоа. Ниту имам некој по социјални мрежи, ниту пак имам потреба. Не сум другарка со нив а и нема зошто. Секој нека си остане каде што му е место!
Само последниот ми фали, би сакала да му помогнам ама нема за него лек. Тоа е, голем потенцијал уништен заради неговата психа
Немам потреба да комуницирам со нив, ниту па ме интересира што прават, но не можам да ги одбегнам. Постојано слушам моабети што прават со нивните животи од други, зошто живеат во моја околина. Ги поздравувам ако ги видам поради чиста култура. Но највеќе ме иритира кога знам во каква тешка состојба биле кога сме започнале и до каде стигнаа кога завршивме, кога ме плукаа пред останатите поради нервоза. Пола од тие бивши беа лути во моментот и колку и да се извинуваат никад не се простува такво ароганто однедување.
Преболени се, ама само на еден од нив мислам дека му должам извинување што се понашав ужасно а не заслужи.
Контакт со бивши не одобрувам посебно кога веќе се мажиш/жениш, нели сме се разделиле веќе сме се разишле по патот кој ни бил заеднички, ми бил дечко, зборам за тие двајца тројца кои сум ги имала на долги стази, сум била интимна со него и после јас со детево и мм под рака ќе си зборам со него, ноу веј.
Со сите, освен со еден шо беше скроз психо, имам океј однос, заснован на почит пред се’. Ако сум искрена, само во еден човек сум била заљубена и со него ми е најтешко да го одржам овој пријателски однос. 100 пати раскинувавме, па као демек пријатели, па пак се смирувавме и во круг скоро 4 години од првото пукање на тиквата. Верувам ако прекратевме секаков контакт навремено, немаше да си губиме дополнително време со давање на некои смешни шанси за ист крај. Сега сме исто така во океј, но сепак дистанциран однос. Друштвата ни се исплеплетени, па мора да функционираме како возрасни особи кои веќе се помириле со ситуацијата. Инаку, раскинувања па зборење наоколу за партнерот, па големини и дебелина муабети, па издавање некогашни тајни, не постои нешо шо ми е по дно од ова. Одбирам да сум океј со сите зашо на крајот од денот, сите биле мој избор. Независно за шо.
Со мојата прва љубов, детска наивна беме заедно година и 7,8 месеци раскинавме заради многу компликации и не по наша волја но јас бев таа што пресеков и ставив крај. Со години се одминувавме како да не се познаваме, 5 6 години никако не сме се виделе живеев во друг град но пред некој ден случајно во парк јас со ќерка ми и тој со детенцето негово си кажавме здраво. Да останев подолго децата ќе си играа заедно...Не можам да ви опишам како ми беше во тој момент. Едно здраво и насмевка после можеби 12 години... Сме биле деца и наивни вистинска личност во погрешно време но ете....