Eдниот бивши ми е комшија така да секој ден го гледам неизбежен ми е..имаме правено доста муабет за нашата поранешна врска и можам да кажам дека сме добри пријатели..но најлошо е што јас сеуште го сакам иако му раскинав јас поради многу глупа причина но со тек на време чувствата повторно ми се јавија.Додека тој ми искажуваше љубов можеби 1 година и утеха бараше во секоја втора јас се правев дека не ме интересира а сега истото и мене ми се врати..премногу го сакам но сепак ме радува тоа што сме добри другари.Но сепак мислам дека има можност повторно да сме заедно.
ма со неден не правам муабет неам ни здраво ни нишо а и нема потреба посебно со тој едниот девојка му коа ќе ме види мислам дека со поглад ме убива така да....
Со ниту еден од моите бивши не сум во контакт. Не завршив со сите на лош начин, но со текот на времето избледе и тоа едно здраво што го имав со некои. Едноставно, немам потреба да комуницирам со никој од нив. Било што било, и има причина што поминало.
Секогаш кога ќе ми текне на него ме фаќа смеа. Ќе го сретнам одвреме-навреме низ град. Со него не разговарам. Може ретко едно Здраво да профрчи, ако сме во друштво. Или па ако сме (случајно) излезени со исто друштво, да го замолам да ми подаде нешто што му е нему најблиску. Изминатава година ми се јавуваше неколку пати во пијана состојба да ми цими и да ми се лигави, иако нашата врска заврши пред 2-3 години. Среќа веќе месец-два не ми се јавил, не ни сакам.
Бивши имам само 2ца, со ниеден не контактирам ни на телефон, ни на фб нигде... само ако се сретнеме случајно едно здраво и толку. Несакам да контактирам со бивши ниту пак да знаат за мојот живот уште помалку па јас за нивниот, едноставно не ме интересира, неможам да бидам другарка со бивши.
Со сите бивши со кои сум имала значајна врска сум на сосема културно, поштено здраво. Не игнорирам, не ме игнорираат, но не иницираме средби. Кафиња, такви ствари - не. Но секое правило има исклучок. Имам еден бивши (со кој бев многу долго, 6 и кусур години со заедничко 3 годишно живеење), со кој останав во контакт. Не секојдневен но ете, знаеме да се напиеме кафе барем еднаш месечно, знаеме дека сме тука еден за друг кога ни е потребно и слично. Јас го гледам ова како солидно пријателство и сепак - се знаеме што се вика ко папучите ни наши, така да се е во рамките на сосема нормално комуницирање со некој кој ти бил и сеуште е близок, а јас сепак гледам да не премине тоа во интензивно дружење бидејќи почитувам дека има девојка на која може тоа да и пречи. Секое правило има уште еден исклучок. Јас не знам дали познавам човек со кој сум се испокарала до коски или некој таков во животот со кој не знам да се погледнам, но добив таков човек - бившиот бр. 2 (последниот шо би се рекло). Ама тој си е спремен за на психијатрија и не ми треба. Едно време се мислев од каде и зошто му е толку загаден мозокот, ама потоа открив, дека нема фајде од думање зошто е некој буквално мрднат и поместен од здрав разум. Така да, овој не би ни да го видам, ни да го мириснам ни да го насетам на километар! Чао! Што за жал по некој сплет на околности во последно време не ми искача баш
Со сите бивши сум останала у добри односи.... со некои и ден денес се дружиме, со некои само на едно здраво, ама сепак сме си океј... тоа е можда поради тоа што со никој од нив не сум имала којзнае колку озбилна врска и којзнае колку страшно раскинување... настојувам со сите да си го одржам тоа ниво на фер и коректни односи, у секој случај боље е така отколку да се мразиме и да си праиме рекла-казала зад грб
Само 3 имам Со едниот до пред една недела ми се јавуваше ме молеше .... со вториот само како си .... со третиот мубает малце не сакам комуникација , после врска неможе другари
Исто и јас како тебе.Со сите сум во добри односи,може со некој сум изгубила контакт,ама со никој не сум скарала,спрема сите имам океј мислење.Може дека не сум била нешто посебно повредена
ах бивш, навистина појма немам што значи тоа - а и не сакам да знам, сеуште сум со мојот еден и единствен дечко
Со двајцата сум другарка, со едниот сум само на здраво, како си. Но за вториот, не планирам да изгубам таква личност во мојот живот. Се случија некои работи за кои да речам мораше да раскинеме, не зависеше баш од нас. Тоа се случи пред некој ден. Затоа останавме другари. А баш би сакала да сме нешто повеќе. Но време...
Со неколку имам здраво, со двајца си стојам супер (па помина доста време, на исти места излегуваме, па често се среќаваме и седнуваме на пијачка), а баш сношти по порака ми пушти песна мојата прва детска љубов (која се состоеше само од гледање, цртање срциња и нашите иницијали во нив, бркање низ ходници)! аууу пред тоа не разговаравме, ама ова пријатно ме изненади од негова страна
so nekoi super stojam a so nekoi ochi nejkam da si vidam na ulica koa pominuvaat isto ko da ne me znaeme ) zavisi kako zavrshilo i shto se sluchilo...
Со ниеден не се имам, ни на здраво. Кога ке ставам на некој иксче црвено тоа значи дека е бришан буквално од мојот живот. Но ова не важи за сите. Со некои не се имам бидејки до вчера ме замараше и не сакам да си имам проблеми со дечко ми, а едниот не го ни гледам а и да го видам нема да му кажам најверојатно ништо бидејки поминаа здрави 5 години па немам намера да се замарам уште (башка што исполнува многу од симптомите оф биинг а сељак)
Има причина што сум си отишла, зашто сум му кажала чао и не сум погледнала назад. Стојам на тоа дека после љубов нема другарство. Со сите сум во добри односи затоа што се знаеше крајот, само не брзав одма да почнам нормална комуникација со нив затоа што ни требаше време за да зараснат раните.
епа можи правам едно здраво,ама не вервам во другарство после врска едноставно е невозможно,освен ако не сте биле многу мали и всушност сте немале вистинска врска
Па ни со еден не зборувам ,а баш би сакала да сум на здраво.Ама тоа е ,се плашат да ми прозборат заради сегашниот .