Со едниот имаме супер контакт, а со другите двајца само едно здраво и тоа ако сум расположена да им речам ако не` не. Море и тоа им е ногу.
Со еден од нив зборувам, кога ќе се сретнеме имаме најкоректен однос (но сепак не сме во постојан контакт), а со некои од нив воопшто не зборувам.
Не контактирам со бившите. Цврсто стојам на тоа дека е залудно да се гради пријателство, што порано било повеќе од пријателство. Исто така и практикувам да не чекорам наназад, затоа што се губи неизвесноста, а јас повеќе сакам возбудлива и незнајна иднина.
Е јас секогаш имам проблем после прекинот на врската со бившиот дечко. Без разлика дали јас сум ја прекинала или тој ја прекинал врската , јас страдам. Немам поим како да не бидам толку сентиментална. Едноставно тоа сум јас ... А последниот бивши дечко е една гоооооолема приказна...Никој, ама никој не заслужува таков, тој е едно прикриено створење што тешко кој може да претпоставе колку лошотилак се крие зад таа фина фаца !!! Уште ми пишува, секојдневно, уште ме повредува навредува провоцира а јас за жал сум глупава гуска што уште му го дозволувам тоа. А кога ке му се спротиставам, пагаат закани, или навреди во стилот : знаев јас дека ти се гледаш со женети мажи, ти фрлаат ли по некое евро и слично. А после него помина скоро година дена и имаше само 1 !!! Болно искуство, отворајте си ги очите, ако уште на почеток го преценете дека е тежок карактер, бегајте !
зависи со кој како сум ја завршила врската....Пример со овај последниов му викам ќе си останиме другари, као нема потреба утре по пат кога ќе се сретнеме ни здраво да не си речиме, и прифати демек и после то ми пишеше пораки да се смириме и од ко му реков нејќам здраво по пат не ми вели....свашта а другиот пред него што го имав, со него бев едно 2 години заедно сега во недела се жени и ќе му играм на свадба, од што останавме толку добри другари
Само со првиот сум отерана у три лепе, ама тоа дека се покажа малку како нестабилна личност. Пробувам да сум фина со сите, па така и со бившите, ама само под услов веќе да нема чувства. Ако има, најдобро е игнор, дур не ги снема. Потоа на раат може здраво да се каже по улица.
Ти бивши постојано се мотаат во сите теми Да ви кажам право со тие што ме повредиле ( малку се, повеќе јас нив ги повредувам ) несакам очи да им видам! Тие што сме раскинале со стилот ’’Не иде веќе.. ’’ сеуште сум си во контакт со нив, онака здраво како си шо праиш
со едниот бев на здраво се до пред неколку дека кога го отерав у пм бидејќи ми се мешаше во се! а со другиот сме онака.. краток муабет, шо праиш како си.. да не е без ич
Само со еден не комуницирам, со другите сум сосема океј. Мислам, не сум претерано блиска, туку ете, си имаме здраво, како си и сл. Се зависи од начинот на кој е прекината врската. Ако сме искарани, нормално е дека нема да разговараме. Лути сме и крај. Во другиот случај е сосема нормално да разговараме. Сме биле толку многу блиски и просто е чудно да се правам дека не го познавам кога ќе поминам покрај него, нели ?
Имам еден зад себе, кратка врска и не жалам . Перфекциониста сум, и дури не најдам или не излезе нешто барем малку слично на тоа што го сакам , не прифаќам ништо помалку. Овој бившиов, беше чист компромис зашто се сложувам со тоа дека не можеш да бараш принц дури не бакнеш неколку жаби. Немам контакт со него, а со оглед на тоа дека јас прекинав и го избришав од фб не знам и каков однос би имала со него дури и да е возможен. Многу работи останаа нерасчистени, али искрено после цела година - ИЧ не ми е гајле што се дешава и како е он уопште. Сингл сум и убаво ми е
Редовно ми се јавува на срцепарателни песни, како оваа: Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=qTRn7MxNiQY И не можам веќе..... патетичен е
Па искрено нема да го вреѓам бившиот ,очекувано е тоа, но ете не ни беше долга врската некако не одеше едноставно и тоа беше тоа... драго ми е што барем си имаме едно здраво,доволно е толку,барем да се почитуваме на некој начин,а не да се колниме после све што било
Во моите екс приказни јас би била радосна ако тие мене ми викаат здраво се трудам да бидам фина и се поздравувам но несто правам погресно сето време па секогас кога ќе се сретнам со некој од нив и ако се опустам малку муабет да направам повторно заврсиме на прасањето : а да пробаме усте еднас?овојпат сигурно ќе успееме и 90% од случаевите ми се такви барем таму каде јас сум згресила или сум ја прекинала врската... инаку и јас страдам но не сакам да си признаам ниту на самата себе,сум била повредувана и затоа старото настрана,сум имала само една така подолга врска и не би сакала ниту муабет да му правам оти дечкото си има малце психички проблеми и немозе да сфати дека не сум му девојка веќе одамна и затоа среќа сто последната средба не заврси со силување,не не,се додека има емоции нема пријателство и нема потреба да глумиме лудило
Здраво женски. Вака.. Ја знаете изреката “Кругот се врти“ па така е очигледно и во мојов случај... Имам дечко, но еден викенд кога бевме излезени во едно диско пред мене пројде бившиот,ме загледа и потоа се поздрави со дечко ми ( дека се знаат ) Ама кога ме виде дека сум со него направи чудна фаца кон мене како изненаден...така се насмевна како да му е криво...И сега јас си поврзувам се во главава..хахах..Значи пред да се случи ова, тој и лајкнал слика на фб на другарка ми каде што сме само јас и она...и сега нема шанси тој за друго да стави лајк освен за мене,дека јас сум на сликата.И сега се чудам што се случува...се мислам дали има намера тој да ми се врати пак нешто да ми изводи...Ама јас секако дека сега ќе му вратам за тоа он што ми направи, и за инает ќе му се појавувам со дечко ми пред него. Ако има некоја намера пак, нека цркне!! Тој ми беше прв и сепак првата љубов никогаш нема да ја заборавам...и кога ќе се појави секогаш се буди нешто во мене. Ама нема шанси да му се вратам...и сега сакав да ве прашам што мислите вие во врска со ова...дали постои шанса да тој сака нешто да врти повторно?
Искрено со сите стојам добро, можеби е така заради тоа што кога е готово, навистина е готово! не знам за еден а да немам барем едно здраво .. сега не да искачаме да се правиме другари туку си имам едно здраво и едно чао.. со тој што имав најдолга врска од 2 години ми е колега на факултет и искрено во добри односи сум. он има женска (инаку наша колешка) и со нејзе сум ок.. едноставно што сме имале сме имале и тоа е минато и он знаеше за мојот .. и ден денес се дешава искачаме заедно но не се случува заради навика и заради тоа што сме биле заедно 2 години па сеа мораме да се смуваме.. едноставно си имаме добар однос но нормално се држиме на дистанца.. Сите ми се чудат и ми викаат добро како можеш да го гледаш секој ден и да не ти биде криво или да го гледаш со друга??? Можам и тоа како.. јас веќе не го сакам и точка!!
Мојот бивши може има година откако не сум го видела.Кога раскинавме на почетокот пак ме бараше некое време а јас го одбивав фино . Инаку немаме никаков контакт, тој по свој пат јас по мојот
Со ниеден немам никаков контакт, а и не ми фали Само еден кога ќе ме види се труди да направи муабет, подзастанува, ми мавта, се поздравува, а јас бледо го гледам. Се по заслуга
На почетокот го избегнував, ретко му одговарав на повиците, строго муабет за децата и сл. но пред неколку месеци сонував дека нешто му се случило и тогаш си помислив, што ако ова не беше сон, и сватив дека ако не дај боже нешто лошо му се случи дека многу би жалела за таквиот однос.. и од тогаш сум во пријателски односи а некои ми се чудат, бидејки навистина ме повреди, но јас за односот кон секој така одлучувам.. еве сеа како викаат Господ гледа, таа што е со него го вара, разведена е , а дур била во брак идела со други и за пари и без пари, и сеа го прави тоа, а овој болно љубоморниот не знае, јас дознав точно од нејзина бивша блиска особа... а овој идиотов со нејзе е скроз друг и ја велича... и плаќа и адвокати да го одере бившиот што го има повредено итн итн. Не знам дали да му плеснам некако во фаца дека знам се за неа, да не ми ја фали или да си ќутам...А постојано имала од ебачите и некои болести ( не сум ја загрозена) но не сакам таква курва која и нејзиното дете го остави да се мотка околу моите деца. За неколку дена треба да се сретнам со неа, неколку саати да бидеме на исто место и стварно не знам како да се понашам, дали да бидам фина и да не ја приметувам многу или да покажам дека не ја поднесувам,до скоро ја жалев што е со него .. но сега гледам дека он можел да биде и друг.. кога некоја курва ке му го сврти паметот не го сакам но многу ме боли што јас се правев за него а он ме нарекуваше материјалистка кога ке му речев нешто за децата да купи, а сеа нејзе како права спонзоруша ја носи стално по салони... уфф не сакам да звучам љубоморно , знам дека тој не ме заслужува .. но многу ме заболе се што дознав... денес е дефинитивно светот на курвите
Имам двајца бивши ама едниот од нив не беше ништо озбилно, 1 месец врска па затоа ништо не ми значи и не ме ни интересира каде е што е и слично. Не дека за другиот ме интересира, но изгледа него го интересирам. Тој ми беше "прва љубов", немавме некоја озбилна врска, но се сакавме од 5-то одд. Детски глупости. До почетокот на прва година бевме заедно и тогаш јас му раскинав и сега каде и да ме види ме гледа онака мило, како да му е мака што не сме заедно. Како и да е, не ми значи никој од овие двајцата.