со ниту еден од бившите немам контакт и несакам да имам искрено,мене бивши дечко неможе да ми биде другар можеше последниот се додека не почна да ме бара интензивно кога започнав нова врска и со тоа да прави проблеми а се разделивме на фин начин но отпослем почнаа драмите,само еден од нив не сакам да ми излези пред очи некој со кого го имав најлошото искуство во мојот живот,не се замарам со ниту еден нека кршат глава си имам дечко и врска скоро 2 години
Со првиот бивши не се сретнувам ни случајно, а и воопшто нема зошто да сме во контакт. А со вториот би било убаво да сме во контакт бидејќи ќе ни треба, факс н шит, би сакала и да сме пријатели пак, но штом тоа нему не му одговара, тогааш... продолжуваме со наведнување на глава секогаш кога ќе се сретнеме, тоа е..
Не немам контакт со ниту еден , па не ми требат бреее и така никој од нив ништо не ми значиле.Да ми значеле можеби друго ќе било но сега не не не .
Хмм.. со првиот што се смував пред добри три години, го откачив јас и зборевме, ама после го избришав од фејсбук, па ме аднуваше, па јас го аднав, зборевме еднаш, од тогаш го имам избришано и од тогаш немаме никаков контакт, освен еднаш-два пати кога го сретнав со другарка, си кажавме само здраво и толку. А сега е во затвор истиот... Да знаев што правам на времето.. и каков е, на крај памет немаше да ми падне со него, ама дете.. Вториот, комплицирано. Раскинавме, па се смиривме по една година, па се испокаравме и исповреѓавме, се избришавме од фејсбук, па се аднувавме, па пак се бришевме. Сега јас го аднав на фејсбук, чат-пат ми пишува, и јас него, ама не планирам ништо со него нормално. Третиот, другарка ми се мува со него сега па неизбежно ми беше да го сретнам два-три пати али ноу хард филингс, зашто се смувавме само два пати, ништо посебно, се имаме на фејсбук ама не збориме. Четвртиот, се имаме на фејсбук, преска го сретнав, а вака обично не збориме ама не сме скарани. Петтиот, од кога го откачив, по кратко време ме има избришано од фејсбук, од тогаш ни збориме, ни сум го сретнала а и ми спритребал. Шестиот, е тој со кој сум сега. Седмиот, кога имавме прекинато, ме замара уште на фејсбук да идеме на кафе,зборевме неколку пати,а сега сум ставена офлајн на чет за него колку да не ме замара. Осмиот, исто кога имав прекинато со овој сега, еднаш се смувавме, после зборевме неколку пати на фејсбук и толку. Простете на реферати, ама досадно ми е ептен.
Со сите бивши си имам барем едно здраво што мие особено мило... освен со едниот кога е со женскаму се правиме дека не се гледаме и дека не се познаваме,но кога е сам си викаме здр -.- а со последниов сме во прекрасни односи,блиски пријатели сме знаеме кога случајно ке се сретниме онака убаво да се запрајме муабет иако и двајцата копнееме еден по друг ама што ќе правиш тоа е ...
немам ни јас со ниту еден бивши контакт а и не ми ни треба ама сум со сите на едно здраво сепак тоа ми е океј.
Со двајца од нив до пред некој месец бев во исто друштво, така што и да сакав и да не сакав морав да ги гледам и да правам муабет со нив, со тој со кој бев подолго време немавме и некој посебен муабет, ама не е ни дека се мразевме или дека не можевме да се поднесеме, а со другиов пак ептен бев блиска. Со првиот мој, после две години штама, годинава почнав да зборам со него. Едно време редовно зборевме, сега го снема. Со другите не знам што се случува, скоро и да не ги гледам.
Немам некој кој знае каков пријателски однос со бившите, нели бивши како бивши и треба да се свати во една сериозна врска но да не бидам запаметена како ,,немтур'' ако може да го наречам така, си имаме здраво што сметам дека е доволно
Еден е. Си имаме некој налик пријателски однос, зашто таква му беше неговата желба. Додека одевме на школо се гледавме по 10тина пати на ден и имавме добар муабет, се заебававме, се смеевме и се такво. Неколку пати случајно во друштво ме потсети на еден-два наши заеднички моменти и .. уоu could feel the awkwardness in the air. Али по менувањето на темата помина и тоа. Тешки времиња. Еднаш ми пиша на фејсбук, онака стандард муабет, а се немаме видено месец и пол можеби. Односот ни е баш океј. Не сакам да немаме еден обичен муабет, со оглед на тоа што сме во исто друштво, а ниту да си пишуваме и слушаме многу често, зашто така не би можела да го заборавам. Баш ми е погодено вака. :geek:
Со сите со кои сум била во врска сум во коректен однос. Било, па прошло. Со дечко ми од средно пошто учевме во исти клас се среќаваме на некои собиранки или онака случајно, па знаеме и да разврземе по некој муабет, онака чисто рекреативно шо би се рекло. Девојка му ме мрази до срж. А тој до пред некоја година при секое пијанство ми се јавуваше, ми пееше и плачеше. Другиот е преку барата, па воопшто и не го гледам. Женет човек. На неколку пати ми има пратено поздрав по другар, сум возвратила и толку. Последниот не го имав видено сигурно 3 години, ама сплет на околности морав да го сретнам. Чисто професионална, деловна средба, ама тет-а-тет. Сакаше да го сврти муабетот, го пресеков. Ми рече сериозна сум била, јас само се согласив.
Со бившиве слабо контакт едино некој ако се поздрави ќе се поздравам во град и толку не ми се потребни си имам дечко и со него сакам да си бидам . А и башка цврсто си стојам на тоа правило дека не би се вратила на бившата љубов зошто не би сакала да ги јадам истите гомна 2 пат
Со првиот мој бивши немаме никаков контакт.. можеби ќе се имавме ако тоа не и пречеше на неговата сегашна девојка но мислам дека е подобро вака .. со вториот прво го избегнував не сакав никаков контакт .. но ми падна жал и почнав да му зборувам.. уште напнува да се смириме но.. баш и не ми се враќа во таа врска
Само со првиот дечко не зборувам, бидејки онака ептен на лошо ни заврши врската, а онака со другите двајца дечковци што сум ги имала , си кажувам само здраво, како си и толку.Едноставно неможам со нив нешто повеке, бидејки ми бил дечко и ајде сеа другари, некако не ми иде
За истиот тој сега се каам што бледо го гледав Обновивме некако контакт пред некое време и сфатив дека било огромна грешка што го избегнував, тој ми е најдрагиот човек што го познавам и се надевам дека некогаш ќе сретнам некого кој ќе биде достоен барем да ги споредам. За жал, сега е невозможно да сме заедно, можеби некој ден, дај Боже
Со бившиот ако можам така да го наречам немаме никаков контакт откако му раскинав. Ама и јас болно му раскинав, не му раскинав в очи туку преку интернет(ееј детски мозок) што знае дете од 14,5 години? Незрела бев, а тој беше две години поголем од мене, не дека тој беше многу позрел, ама колку-толку сигурно дека не му беше убаво повеќе да не ме гледа. Од тогаш изгубивме секаков контакт. Ни ми се јавил, ни ме побарал на фб, ни ништо. Очигледно гордоста му ја имам повредено, па не сака да ме види. Сега знам само дека имат женска моја врсничка и си одат веќе скоро година. Па нека му е со среќа, се надевам е среќен со неа, па мене сосема ме заборавил.
Право да ти кажам ќе се видиме здраво здраво чао чао Нема никаква комуникација освем ако вака се сретнеме друго ништо ниту пак другарство
Во никаков слу4ај. некам ни да ги видам ни ништо само има еден едно време бевме многу добри другари незнам зашо се сплеткавме воопшто сигурно за се да расипиме после тоа се дружевме заради другарите да не сватат дека се десило нешто ии сега воопшто не се поднесуваме.
Бидејќи живееме во исто маало постојано се гледаме, но воопшто не зборуваме. Си се гледаме така под око и толку.
Јас имам коректни односи... двајца бивши беа први кои ме побараа за пријателка на фб, па ми годи тоа некако )) дека ете тие први... иако искреноо мислам дека е само за гледање слики )) бидејќи многуууууууу ретко разговараме на фб иако сме се нашле онлајн. Сега за сега, тој статус ми одговара незнам ни сама зошто. А кога ке се видиме тет-а-тет, нема проблем, се поздравуваме, си разговараме што како..коректно и нормално пријателски.