.... ...само еден е,ама вреден.. . ....ме повреди премногу,така да баш тука на фемина онлајн прочитав совети и чекори како да се преболи бившиот,ги применив и после една година успеав да го преболам,така да комуникацијата ја сведов на минимум,го блокирав на фб,сменив тел броеви,така да тешко е да допре до мене..не ми ни треба....... .. ..пред неколку дена направив голема грешка,случајно се сретнавме и на негово инсистирање се согласив баш на годишницата од раскинувањето да се видиме,пиеме кафе чисто пријателски,но,водевме љубов,ама за жал само уште поќе се уверив дека беше голема кикс во мојот живот,и сватив нема назад......... ....тој мислеше дека повторно ќе му се вратам,ама сепак преовлада разумот и заминав...конечно сум ослободена од него..и тој свати дека на сила убавина не бива,и се тргна....... ...добивам по некој емаил од него ама не одговарам.... бивш е бивш..и ќе го оставам во минатото каде што и припаѓа......
Ako ne imalo problemi so nego, ke ostanel se do den denes, nemalo da bide del od minatoto..jas licno, seuste sum vo kontakt so bivsiot, imam decko koj mn si go sakam, bisiot go gledam edinstveno kako poznanik, i ne gledam nisto loso vo toa sto se slusam so nego, ssepak decko mi ne znae, bidejki ne bi mu bilo seedno...no ne ni pomisluvam da mu se vrtama, ne me zasluzuva iako znam deka me saka poveke od se...velat koga edno masko saka, saka zasegogas..ima vistina vo toa, da znaete, sekogas ke ima edna sto e posebna i porazlicna od drugite, a za nego ocigledno toa sum jas...no dzabe mu e, imase mn sansi gi propusti, sega ne ni razmisluvam da mu se vratam, go preboliv oddamna..
Не комуницирам затоа што се погрешно сфаќаат. Со еден бивши сакав да раскинеме и да си бидеме во добри односи, ама почна да спушта муабети дека ќе сум плачела за него ако фател нова девојка и од тогаш блок и ни збор веќе затоа што се преценува.
Со најпрвиот мој дечко раскинавме со големи караници (одевме година ипол) па и затоа немаме никаков контакт,иако блиску живееме не се среќаваме.Со тој после него беше релативно кратко (5 месеци),па и откако раскинавме уште некое време ме бараше,убедуваше да бидеме заедно но ништо.Со последниот бевме кратко (2 месеци) бидејќи не е од овде,но бевме во контакт цела година пред да дојде и откако замина сме во контакт и сме во одлични односи бидејќи врти сучи неможеме еден без друг.
со бившиот се ’’влечкав’’ 5 години...-.- и раскинавме поради тоа што се појави друга девојка(со која после една недела раскина).. Иако тој ќе имаше девојка,ние пак ќе се гледавме...ќе раскинеше со неа...па ми се навраќаше мене..пак ќе фатеше друга девојка и пак излегувавме јас и тој...дури ја ’’вараше’’ со мене ...потоа ме оставаше еден период...воопшто не ме бараше...па пак ќе ме побараше...па потоа пак немаше да ме побара...па пак ќе ме побараше и така нон-стоп...Кога јас ќе имав дечко тој ќе направеше се само за да не бидам со него,а кога ќе останев сама пак го немаше...воопшто не ми се ни јавуваше...па кога ќе дознаеше дека нешто ’’меткам’’ со друг дечко пак правеше се за јас да не бидам со него...пак почнуваше да ми се јавува...да ме бара за излегување...итн... сега имам ОДЛИЧНА врска со мојот нов дечко...одиме веќе 8 месеци...НО бившиот пак ми се навраќа...пак ми звони...пак ме бара за излегување...ме бара само да ми го слушне гласот..да ме праша како сум...кога ќе одам со мојот дечко на кафе...тој секогаш е во моја близина...и секогаш упатуваат по некој ’’поглед’’... ме излудува ситуацијава ме има повредено многу,но јас се му простив....бидејќи многу го сакав ...тој го знаеше тоа дека го сакав...и нон-стоп ме чуваше како играчка...се чувствував УЖАСНО тој период...неможев да размислувам за ништо друго освен за него...правев се за повторно да сме заедно,но ништо од тоа чувствував празнина и тага во мене... Но откако започнав врска со мојот сегашен дечко се чувствувам исполнета и среќна...секогаш е тука за мене...за што и да ми треба...се навикнавме еден на друг и сега неможам ни да си го замислам животот без него...се е прекрасно...го сакам неизмерно и нема никогаш да направам нешто што би можело да го повреди... но понекогаш ми летаат мислите и кај бившиот...бидејќи разговаравме и ми кажа дека многу се променил...сватил дека тој е крив за тоа што раскинавме...ми рече дека сега е поинаков...и поинаку ги сфаќа работите во врска со мене...незнам што да правам...главата ми е ХАОС !!...хелп !
не комуницирам со бившите...што се случило во минатото останува во минатото...нема потреба да комуницирам со нив...ниту пак сакам мојот сегашен дечко да комуницира со неговите бивши ( малку сум љубоморна )
Горда сум на тоа што ама баш со сите бивши си имам здраво а со дел од нив сеуште си кумуницирам и си правиме муабет општо за се и во живо некогаш знаеме да застаниме и да се замуабетиме Инаку зборувам за бивши со кој сум се мувала а со официјален дечко засега не
Тоа е најголемата иронија... а пак ние често знаеме да бидеме толку глупи и да замижиме на минатото и да им дадеме втора шанса.. Одеднаш мојот бивш стана повторно сегашен, а не за џабе велат дека еднаш нешто што завршило ако се отпочне пак само ке биде повторување... мирисам пак ист крај, можеби и по тежок... Ама општо заклучок, никогаш не им давајте втора шанса и можност пак да ве повредат!
Нешто исто ситуација како неколкуте претходни ... Најмногу ме нервира тоа што ми имаат кажано дека „тоа што се десило еднаш не значи дека ќе се деси и по втор пат, ама тоа што ќе се деси по втор пат тогаш сигурно истото ќе се случи и по трет пат“ а јас во тоа воопшто не верував, но сега сфаќам колку е само вистина Но нема каде, сум се фатила на орото ќе си го играм до крај
Мене ми е многу глупаво со бившиот пак.. Таа приказна има свој крај, зашто да се мачиш пак, го знаеш каков е, знаеш што ти направил, големи се шансите пак да ти направи исто. Пак ќе ти биде тешко, истите го*на два пати ги јадеш. Сигурно имало причина зашто ти е бивш. Никогаш нема со бившите, па последни да се на светов живи останати. Мојот однос со бившите, мала бројка се, е културен но дистанциран. Имаме " здраво ", имаме поздравување, разговор онака, на Facebook повеќе. Но се е до граница, не им се мешам во животот, ни тие мене.
Немам некој контакт со бившите онака здраво за здраво сме.А и глупаво е да се вратиш на бившиот,што ако пак те повреди,што ако уште еднаш мораш да поминеш кроз истото??Тој што еднаш повредува голема е веројатноста пак да повреди Спојлер Некогаш треба да простиш и да заборавиш. Прости му на оној кој те повредил и заборави дека воопшто постоел.
Само со првиот не правам муабет затоа што после раскинувањето тој почна да ми вади муабети да ме озборува,да ме понижува но конечно престана..еднаш се обиде да ми се извини заради тоа но само му го свртив грбот
Јас не сум во никаков контакт со мојот бивш, ама баш би сакала да си имам едно здраво со него после се тоа што го поминавме..али шо е тоа е
Со едниот си имам здраво кај си и на фб си правиме чат пат муабет, дечкото е прекрасен незнам како можев да му раскинам, со другиот секоја средба вртиме глава а после обавезно си ѕвониме на телефон. Со мувачите кој како али со повеќето имам само здраво ништо повеќе
Нашиот однос е "Не постоиш" и "Не се знаеме". Немам буквално никаква комуникација. Само двајца имам на фејзбук ама исто ко да ги немам, не си пишуваме и не си лајкуваме ништо. Ми служат само за манијачење еднаш годишно. Уствари многу ретко налетувам на нив, не се движиме во исти кругови. А моментално посакувам да го видам еден бивши што не сум го видела од кога прекинавме. Ме интересира дали ќе се поздравиме ко нормални луѓе, а не да вртиме глава. Повремено знае да ми пише на мобилен. И да, подобро ми е кога не комуницирам со бивши. Слободно се осеќам.
Само со еден од бившите сме на Здраво, се имаме на фб и може некогаш да има некој лајк и од негова па и од моја страна ако нешто навистина ми се допадне, но мнооооогу ретко. Со другите исто како да не се знаеме, ги немам на фб и да ги имам незабележливи се.