Па не баш дека комуницирам али имам некои на фб а и вака кога ќе се видиме негде паѓа некој краток муабет
со првиот не комуницираме ич зошто го изневерив и ми врти глава на улица кога ќе се сретнеме а вториот уште ме ѕвони на телефон онака "другарски" ама секогаш моабетот ни завршува со -уште те сакам-од негова страна (а знае дека имам дечко)
Од култура си кажуваме здраво, и може да направиме муабет (како си, што правиш, што има ново..), ама не искачам со нив и се држам на дистанца
Еден или двајца само иам на фб, инаку не комуницирам со ниеден од бившите пошто сметам дека така е најправилно. Затоа е и бивши-нема што повеќе да бара во мојот живот. Завршена приказна е тоа. Да било добро уште ќе траело
Зошто се враќаат баш кога сте ги преболеле, кога сте среќни? Смешно е, дури. Колку само цимолеше на телефонот, јас само го ислушав што имаше да каже и исклучив. Не сум го видела од одамна, искрено и не сакам. До пред 4-5 месеци имавме контакт онака, ќе ми пишеше на фејсбук или ќе ми пишеше порака, иако беше во врска со други во тие моменти. Сега немам никаков контакт со него, добри 2 месеци, ни сум го видела, ни сум го слушнала.
Дали комуницираме? Хмм.. зошто да не? Но, комуникацијата ни е само на здраво, колку да сме културни де.
Со сите си имам културно здраво и се разбира само двајца се исклучоци Првиот уште ми е другарче,се слушаме често,и на кафе знаеме да си седнеме и опуштено да си зборуваме за се и сешто,ама помина доста време од нашата врска,сигурно затоа можеме така да комуницираме,башка бевме навистина најдобри другари и пред да станеме пар и после тоа. Со вториот нема ни здраво ни чао,со такви кретени жалиш што го делиш воздухот,не пак муабет да правиш.Ама овој ко заинает е во ист град со мене,па мора да го гледам секојдневно да се потсеќам на најголемата грешка во животот,штета навистина
Едниот знае да каже здраво само кога не е со девојка му, кога е со неа не се знаеме. Со вториот немам никаков контакт. Болен беше крајот и за двајцата и немаме ниту Здраво! Кога ќе се сретнеме целиот контакт останува само на погледи и подобро е така.
Ahh bivshi pa dq bile dobri nemalo da se bivshi haha inace jas so mojot bivsi sum na Zdravo kako si? I molk! Tolku
Хахаха темава Инаку двајцата со кои што имав подолга врска се оженија Со среќе нека им е , и ако налетаме само на едно здраво сме, а средношколската прва љубов ми е еден од најдобрите другари, се гледаме минимум 1 неделно, се слушаме ако не секој ден секој втор, и сме во супер односи. Ама за да не почнат караниците со мојот и неговата тие не се информирани за нашето поодамнешно минато
Со бившиот немам ни едно здраво. Премногу ме повреди за да му прозборам. Рече дека врската била само од досада, немал што да прави па идел со мене. Со таков немам што муабет да правам. Еве поминаа неколку месеца и пак ме адна на фб ама ниту му пишувам ниту ме интересира што прави. Срекна сум со сегашниот. Ама другиот "бивши" е друга приказна. Дури не ни идевме ама дечкото беше цело време до мене. Кога и да ми требаше нешто тој беше тука, тој ме слушаше кога ми се зборуваше. Беше мојата најголема љубов, моето срце и душа беа негови. Арно ама он си идеше со други без јас да знам, ама битно велеше дека мене ме сака. Сега има друга девојка, една кокошка без мозок ама со пари. Цело време се жали дека е никаква ама пак е со нејзе. Криеше од нејзе дека збори со мене пошто она правеше испади. На крај тој ми намести негов другар(мојот сегашен). Потоа открив некои други работи што ми ги правел зад грб и јас збеснав. И кажав на девојка му што прави и он збесна. После таа караница не правиме муабет. Искрено жал ми е, добро дете беше ама се претвори во материјалиста и лажго, а со таков нема зошто да правам муабет.
Ни здраво не си кажуваме,ај што ме повреди,па после почна и г**на да јаде за мене,јас ваква јас онаква..едноставно немам потреба од таква особа па макар и за здраво само..
Убаво е речено она народното POVTORNO DA SI SO BIVSI E ISTO KAKO DA SI SE VRATIL 2 CEKORI NAZAD , иако мислев дека нема да стапам во контакт повторно со бившиот последен сепак тој ме побара и интензивно ми пишеше на фб на моб,ок можеби сакаше нешто човекот но никогаш не доби ,на некој чуден начин со секодневна комуникација почнавме пак да си ги кажуваме секојдневните работи и проблеми како кога бевме во врска на пријателски начин премногу бевме блиски па останале некои чуства но само на таа пријателска база сум и ќе останам ете можело до некаде пријателски да се комуницира но сепак тоа само можи по некое време кога ќе се залечат раните а и мн голема улога според мене игра причината за разделба ако имало премногу понижувања навреди и слично никогаш не би останала ни на здраво,сепак бивши си е бивши со причина....
Си го имам бившиот на фб и ми пише чат пат. Како си, шо правеш, ова тоа или ко му треба нешто. Ми става лајкови на сите слики. Кога и да ставам слика на фб ако е вклучен прв ми става лајк најверојатно во блиски пријатели ме има. Исто и во град ко се сретнимне ми подава рака да се поздравиме и 2 реда муабет ама само толку. Не сум таква личност да избегнувам некој кој го познавам ама сепак само толку.
Не сме во исто друштво,ама имаме многу заеднички другари па често се погаѓаме заедно на излагање,дури и блиску живееме па се гледаме затоа што во исти кругови се движиме. Сега си е со друга,наводно многу заљубен. Незгодно ми е да седам со него зошто кога го гледам срцево ми се кине. Тој ми е најголемо разочарување во животот но некогаш ми беше најголема среќа исто така. Упорно пробувам да бидам подалеку од него,да не го гледам,затоа што се знам себеси,далеку од очи далеку од срце. И искрено се надевам,ќе најдам друг подобар,само потребно ми е време.Другото само си доаѓа...
Уфф.. со некои од нив уште си зборам (си се понашаме као ништо да не било) а со другите нејќеме очи да си видиме... Зависи тоа како ни завршила приказната ! хаха
Само еден од неколкуте бивши успева при секоја средба да ми предизвика пеперутки во стомакот и треперење на целото тело.Не зборувам со бивши...Зошто? И самата незнам,ама нема потреба да зборуваме. Кон едниот,оној кој го сметам за моја голема и вистинска љубов,сеуште чувствувам нешто,ама секако не би имала веќе ништо со него.
Бившиот (намбр уан ) со кој врската траеше едно 2ипол години, онака неделно 10 пати се слушнеме на телефон , 15 пати го видам во град , и едно 7 пати здраво си кажеме . Се зафркавам, значи со дечково сум во контакт топло-ладно незнае ни тој што сака од мене, а пошто беше со една моја поранешна најдобра другарка после нашава врска, морав да го трпам,а богами и тој мене . Нека цркне кучката! Другите... едниот ми е комшија али го немам видено сигурно 4 месеци и на едно здраво сме, останатите 2ца чат пат си направиме некој муабет и разменеме некои среќнички мигови. Тоа е се'. * Бившиот намбр уан моментално ми глуми ладен пошто го одбив пред некоја недела безразлика што е свесен дека имам дечко извесен т.е долг период, али почна да ми ги клумка чувствата и да ми ги тресе коленцата, затоа СТОООП. Нема шанси повеќе да бидам со тој мангуп, не после све.