Девојки,ми треба,брзо,проверена цвеќара од Скопје. Цвеќе обично купувам од цветен,па и немам некое искуство со другите цвеќарници. Значи бидермаерот сакам да ми е комбинација орхидеи со ружи,ама не бели,туку бисер боја.Не сакам да ме зезнат со бели ружи Значи како ќе им кажам така да биде
Сигурно ќе ти предложат многу цеќари, ама јас од искуство ти ги предложувам Орхидеја од Автокоманда, зашто мене ми го направија според моите желби, кои дури не успеав да им ги опишам како што треба.
јас неможам да најдам слика од бидермаер каков што сакам бидејќи и незнам што точно сакам али мислам дека би било комбинација од хризантеми бели и можеби бледо розе за да разбие монотонија или од она сувото цвеќе како топчиња заедно со онаа мека травичка за декорција и онаа другата со бели топчиња( извинете поима немам како се викаат цвеќињава) идејата е да изгледа како набрано од ливада, значи не сакам бисери, боја или други декоративни листови или ствари. ако имате слики слободно постирајте
девојки дајте предлози за некој целосно бел бидермаер со бели чветови ...ама какви ???? немам идеа ????
rajna-vojvoda еве ти неколку идеи за бел бидермаер, а во однос на тоа какво цвеќе да биде не се замарај, само однеси сслика со идеата, а другото е нивна работа