мојот бидермаер ќе го купува кумата, така да ништо од the american dream да имам бидермаер по свој вкус женава не ме ни праша што сакам , вика јас ќе им кажам за кума па каков ќе го направат така. искрено само си подголтнав и ништо не реков, јеби га сеа традиции...
^ Јас затоа не дозволив никој да ми го плаќа бидермаерот Сама си порачав цвеќиња од цветен,и само и ги однесов на жената што ми го правеше и супер ми го направи-идентичен како што сакав Ако имаш некоја замисла,зошто да не си ја оствериш,па ова е твој ден ,незнам како можела кумата така да рече бе И јас со мојата кума не сум била блиска,што се вели пред свадба се запознавме,ама жената нон стоп ми звонеше и ме прашуваше што,како,сакам,и јас уште одма и кажав дека сама ќе си го земам бидермаерот Потоа и деверот се умешаа демек и деверот го купувал,ама џабе им беше
Јас мислам дека ќе се степам ако се обиде некој да ми се меша во ценетиот бидермаер... Најсериозно... Хахахахаха!
Јас на мојата кума и реков дека си имам изберено бидермаер и она ми рече да си порачам каков сакам и дека ќе ми го плати.. така да и ти може да и кажеш дека имаш некаква замисла или да и дадеш слика, не може она каков сака да ти донесе
Мојата кума е многу блиска моја пријателка и за се заеднички разговаравме, многу добро знаеше каков бидермаер сакав и таков и добив. Сакав едноставен, со многу рози, без висечки цветови, без многу китење, само рози, да биде нежен а сепак богат. Еве како изгледаше: Инаку воопшто не размислував да носам уште еден бидермаер за овој убавиот да го задржам за себе.. сакав да го фрлам и мојата среќа да ја "фрлам" на друга девојка. И онака ќе се исуши и нема вечно да го чувам. Вака го имам за спомен на многу слики и го носев цел ден покрај мене.
Свадбата на брат ми беше тематски украсена со кристали, бело и зелено па заедно со снашка ми ги нарачавме и бидермаерот и икебаната за главната маса, да се вклопи со цветните аранжмани на гостинските маси. Исто така во чиниите на секој гост ставивме бонбончиња завиткани во бел и зелен тул, со бела и зелена машничка и срце со ситни кристалчиња. Бидермаерот на снашка ми:
девојки да ви одговорам зошто ќутам... (малку касно ама проблеми и обврски еден куп) значи кумава ја запознав пред свадба како и поголем дел од вас и многу ми е непријатно да јас се наметнувам, јас и кажав само да биде помал и да нема тулови и триста чуда ама не сум сигурна дека баш ме регистрира кога и го зборев тоа. како и да е не сакам да настане непријатна ситуација и да го ставам мм во непријатна ситуација за едно цвеќе. најважно ми е да бидиме весели тој ден и убаво да си поминиме, не сакам да стварам непотребни нервози.