Кумашинката си го одбра овој модел на Бидермаер, само што ќе биде со црвени ружи. Е сега, како што гледате на сликава има и алстромерија, со кое цвеќе би можела јас да ја заменам алстромеријата, кажете некое такво помало цвеќе како неа ама црвено?
Во последно време преокупација ми е се што е поврзано со свадба, иако уште си стојам на тоа дека не сакам класична свадба..
Мора да биде црвено? Јас од цвеќарски аспект ќе ти кажам дека е подобро црвени ружи со гипсофила, таман да разбие, да не биде се на црвено, исто може и со бела маргаритка-хризантема да се комбинира ќе дојде баш симпатично. Астромеријата е грдо цвеќенце, и многу малку стои, веднаш се рони.