Јас многу се изнервирав кога видов 3ца женети застанати од кои 2ца во прв ред. Пробував да ескивирам некако да ги поминам...ама тешко одеше. Го фрлив и се одби од нив, дојде до мене точно,...когаш видов како трчаат по него си го земав...тука добив аплауз од салата-испадна како трик некој. Потоа (можеби згрешив што високо не го фрлив,зошто беше голема салата), брзо само замавнав, и на 2 немажени и братучед ми неженет се најде кај нив...братучед ми беше најбрз...искрено не многу ми се направи мерак...сакав женско немажено.
Сноу баш било забавно Не сфатив како тоа си го вратила бидермаерот на некој од постовите претходно, сега конечно сконтав Јас за таа цел му ја исполнив желбата на мм да фрла подвезица, најмногу за да ми се тргнат мужите за фрлање бидермаер
Јас па мислам ова со бидермаеров пресериозно се сфаќа. На сите ни е јасно дека ВРСКА НЕМА тоа со она КОЈ Е СЛЕДЕН? Кој сака нека скока по него, и татко ми ако сака нека се фрли. Тоа е за мене дел од забавата.
^не дека не ми е мило за братучед ми далеку од тоа...ама ете, така покрај толку мнооогу немажени девојки маж да го фати не е фер.
Не лажи Сноу, сигурно цел живот вежбаш некои трикови да го фрлиш и да се одбие пак накај тебе Не ти се дава тебе бидермаерот, демек сега случајно бил трикот Те замислувам дома со твоите како вежбаш со импровизиран бидермаер
Се согласувам Сноу,не е фер,ко мене што ми го зеде еден кретен од раце букетот,а веќе го имав фатено,што мајка бараше тој воопшто таму? И после мн. криво ми беше