Мојот беше ваков , од бели ружи, со помалку од тие зелените листови, и врзан со бела и виолетова лента, какви што ми беа ружичките на фустанот. Сакав бидермаер од виолетови ружи, ама ми рекоа дека не можеле да најдат веднаш, требало подолго време однапред да се каже (а јас една недела пред свадбата си ги нарачав бидермаерот, бомбоните и китенките, од исто место). Инаку сон ми беше да имам бидермаер од лалиња... ама го утнав месецот - обично од лалиња се правеле во пролетни месеци, а башка и немало да ми издржи...
Јас обожавам гербери и би сакала и бидермаерот да ми биде од гербери.Ружи не сакам,а не ги сакам нити оние висечките така да ги наречам бидермаери.Па секоја сугестија за бидермаер од гербери би ми била добредојдена Би сакала да биде или портокалов или бел со лила нешто комбинација А отприлика коклу се движат бидермерите 50 евра или помалку,повеќе
несакам да биде едноставен да биде шарен со светли нежни бои слика неможам да најдам како и да е би дошло како на Snow-Queen само како што кажав повекебојно
Се, само не ружи.Кога се мажев врска немав каков ке ми биде бидермаерот зашто кумот ми го носеше.Не беше воопшто лош, посебно не зашто беше од познат цвеќар правен. Но сепак не беше мој вкус. Здравје следен пат кога ке се мажам дефинитивно повеке ке обрнам внимание на сите детали. Тогаш воопшто не се замарав. Но сега свакам дека треба да се замарам Бидејки сум малце по-ретро стил дефинитивно би било нешто шаренко и поприродно.
јас сакам со мали цветови и неколку големи...имам замисла ама уште не ми е онака.....визуелизирано стокмена
Од цвеќе најмногу сакам ружа, па затоа мојот бидермаер беше направен од свежи ружи, единаесет бели и четири црвени во средина, одоколу аранжирано со зеленило.
Како се движат цените за бидермаер? Уште не сум разгледала што и како е, а не сум ни некој љубител на цвеќиња, така што сеедно ми е од што ќе биде.